Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

народ4 resize народ resize

На трисет и едно платно со техника масло на платно компонирана во ликовната приказна „Парижанка во Делчево“, беше презентирана уметноста на ликовниот уметник Лена Ѓуриќ, пред делчевската публика.

Авторката Лена Ѓуриќ  е родена во Свети Николе, а трисетина години од својот живот ги поминува во градот на светлината Париз, каде ги впива креативните енергии на најголемите светски репрезенти на уметноста. Париз е и местото, каде нејзиниот талент за уметност се развива и станува реалност. Последниве години, Лена живее и твори во Штип. На сликарското платно, таа овековечува портрети, жива и мртва природа.

Повеќе...

Актуелности

stopanstvenici

Во Буџетот за 2019 г, Владата предвидува 37% повеќе средства за реалзиација на финансиска поддршка на компаниите, односно за севкупните мерки за економски раст се предвидени 4,1 милијарда денари. Овој податок денеска го пласираше министерката без ресор за странски инвестиции во Владата на РМ, Зорица Апостолска, во рамките на инфосесијата на која беа претставени трите столба од Планот на економски раст на Владата на РМ, како и актуелниот повик од Фондот за иновации и технолошки развој наменет за микро, мали и средни претпријатија, што денеска се одржа во Делчево.

Апостолска истакна дека средбата се одржува на барање на стопанствениците од регионот, Берово, Пехчево, М. Каменица и Делчево.

Повеќе...

Актуелности

Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 ЈАВЕН ПОВИК
до доверителите на Општина Делчево и доверителите на единките корисници основани од Општина Делчево, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита  за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Повеќе...

Актуелности

DSC 0012_resize DSC 0003_resize

Претставици од комуналните претпријатија од  Берово и Пехчево, претставници од месните заедници од Ѕвегор и Габрово, претставници од работните тимови од Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“ беа дел од првата работилница на која беше претставен проектот „Водоснабдување на Делчево“. Консултантите кои го имплементираат проектот од консултантската фирма ЕБП од Швајцарија и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот, го презентираа проектот, планираните активности и резултатите кои се очекуваат од неговата имплементација.

Градоначланикот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој ја отвори работилницата го потенцираше значењето на овој досега најголем проект кој се реализира во Делчево и кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните.

-Инситуционалното зајакнување на капацитетите на комуналните претпријатие од регионот ќе значи нивно преструктурирање во современо претпријатие и подобрување на квалитетот на дадените услуги. Сакам да апелирам до сите вклучени во проектот максимално да се посветени во работата, за да можеме квалитетно и навремено да ги испорачаме барањеата од консултантите за да направат успешене скрининг врз основа на кој наредниот период ќе се темели целиот процес , истакна Трајковскиголемо значење.

Повеќе...

Актуелности

мост2

Фирмата „Жикол“ која го доби тендерот за изградба на првиот пешачки мост во Делчево, денеска беше воведена во работа. Претставници од фирмата беа на работен состанок во Општина Делчево на кој присуствуваа претставници од Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од Центарот за развој на ИПР и фирмата надзор на проектот „ГЕОИНГ“ од Делчево. На состанокот беше презентиран проектот за изградба на мостот, по што беше направен увид на локацијата, каде ќе се гради овој инфраструктурен проект.

Повеќе...

Актуелности

Pages from plan za_ekonomski_rast

Општина Делчево ги известува заинтересираните граѓани и претставници од бизнис-заедницата дека на 7 декември (петок) во банкет-салата на хотел „Македонија“во Делчево со почеток во 11 часот ќе се одржи информативен настан – презентација на трите столба од Планот на економски раст на Владата на РМ и проектите на Фондот за иновации и технолошки развој.

На информативниот настан ќе присуствуваат министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставник на Фонд за иновации и технолошки развој. На настанот  е предвиден термин за прашања од присутните. Целна публика се компании од регионот на Малеш и Пијанец кои би можеле да бидат потенцијални корисници на некоја од бројните мерки.

Актуелности

DSC 0059_resize

Претставници од швјацарската консултантска фирма ЕБП и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот „Водоснабдување на Делчево“, го одржаа првиот работен состанок со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, претставници од ЈПКД „Брегалница“ од Делчево и претставници од работната група на Општина Делчево.

Целта на состанокот беше дефинирање на работните групи кои ќе учествуваат во реализацијата на активностите планирани во рамките на проектот, како и запознавање со проблемите и интенцијата на Општина Делчево за решавање на горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.

Повеќе...

Актуелности

Литературната поетска манифестација која прерасна во делчевски бренд со кој се слави патронот на Националната установа за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево ја реализираше завршната свеченост со поетско читање на лични творби и избор на поезија од делата на Вапцаров.

Учество во манифестацијата зедоа 20-ина млади поети, членови на Литературниот клуб „Вапцаров“ кој работи во рамките на НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“од Делчево , ученици од двете основни училишта од градот и нивните ментори.  Со својата интерпретација, тие дадоа свој придонес во збогатување на културните настани по повод „Деновите на хуманоста“ и одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Повеќе...

Актуелности

izlozba

„Парижанка во Делчево“ е насловот на ликовната изложба од авторката Лена Ѓуриѓ чии дела ќе бидат изложени во фоајето на Спомен-домот АСНОМ, в петок, 7 декември 2018 година со почеток во 13 часот. Изложбата е во рамките на одбележувањето на празникот посветен на свети Климент Охридски, а е во организација на Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и делчевското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кое, всушност, со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на патронот на училиштето.

Повеќе...

Актуелности


Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 03.12.2018 година, донесe 

РЕШЕНИЕ за свикување на Шеснаесеттата  редовна седница на Советот на Општина Делчево

16. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 11.12.2018 (вторник)  со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0083_resize DSC 0085_resize

Продадени сите уметнички слики од Ликовната колонија „Дарувај со љубов“ на денешната Аукцијата за хуманост организирани по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и во рамките на Деновите на хуманост. Средствата собрани од аукцијата ќе бидат наменети за потребите на лицата од Дневниот центар во Делчево.

Во фоајето на Спомен-домот АСНОМ беа изложени дваесетина творби од ликовната колонија сликани на платно, рачни изработки од децата од Дневниот центар во Делчево, како и честитки изработени од вработени од Општина Делчево, а интересот кај делчевци за посетатат на оваа продажна изложба беше голем.

Аукцијата ја отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека  за прв пат во Делчево во реализацијата на еден  хуманитарен настан се обединети сите локални институции и невладиниот сектор.

Повеќе...

Актуелности

црвенкапа3

Громогласен аплауз и смеа ја следеше детската претстава „Црвенкапа и збунетиот волк“ во изведба на актерите од штипскиот тетар „Ацо Шопов“. Познатата тема за црвенкапа и волкот, адаптирана во современи услови, но раскажана од главниот лик во претставата Волчко, кој избегал од зоолошката градина и сакал да стане домашен миленик,  денеска во киносалата во Делчево ја проследија 500 дечиња, организирани во две последователни претстави.

Повеќе...

Актуелности

likovna kolonija

Светот набљудуван и доживуван од младите ликовни уметници и талентираните деца со посебни потреби се преточува со боја и цртеж на сликарските платна во рамките на Ликовната колонија „Даруваме со љубов“ организирана во рамките на Неделата на хуманост.  Со голема поддршка на професорите по ликовна уметност од Делчево и ликовниот уметник Петар Атанасов-Пепи, вредните раце на уметниците преку теми за обединување и свет без различности создаваат дела кои ќе се најдат на продажната изложба  на 3 Декември по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби.

Повеќе...

Актуелности

акција за хуманост за веб1

акција за хуманост за веб2

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“, ЈУДГ „Весели цветови“, ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“, НВО „Бравура кооператива“, Совет за млади, Комисија за еднакви можности, организираат

АУКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ
Фоаје Спомен –дом „АСНОМ“

Повеќе...

Актуелности

humanost resize

По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево заедно со основните училишта „Св.Климент Охридски“, „Ванчо Прке“, детската градинка „Весели цветови“, локалната јавна библиотека „Илинден“, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во партнерство со Здружението „Бравура кооператива“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и Советот на млади и Комисијата за еднакви можности, ја организира кампањата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“.

Целта на оваа хуманитарна кампања има два аспекти. Првиот е да се подигне свеста на граѓаните за хендикепот, да се промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивките кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во нивната заедница.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 07 Декември 2018, 13.56 од Д.Чапевски
2018-12-07-13-02-08  На трисет и едно платно со техника масло на платно компонирана во ликовната приказна „Парижанка во Делчево“, беше презентирана уметноста на ликовниот уметник Лена Ѓуриќ, пред делчевската...
Објавено на 07 Декември 2018, 13.31 од Д.Чапевски
2018-12-07-12-32-45 Во Буџетот за 2019 г, Владата предвидува 37% повеќе средства за реалзиација на финансиска поддршка на компаниите, односно за севкупните мерки за економски раст се предвидени 4,1 милијарда денари. Овој...
Објавено на 07 Декември 2018, 10.13 од Д.Чапевски
2018-12-07-09-15-17 Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени...
Објавено на 06 Декември 2018, 14.18 од Д.Чапевски
2018-12-06-13-24-21  Претставици од комуналните претпријатија од  Берово и Пехчево, претставници од месните заедници од Ѕвегор и Габрово, претставници од работните тимови од Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“...
Објавено на 06 Декември 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-12-06-13-05-40 Фирмата „Жикол“ која го доби тендерот за изградба на првиот пешачки мост во Делчево, денеска беше воведена во работа. Претставници од фирмата беа на работен состанок во Општина Делчево на кој...
Објавено на 05 Декември 2018, 14.22 од Д.Чапевски
2018-12-05-13-23-42 Општина Делчево ги известува заинтересираните граѓани и претставници од бизнис-заедницата дека на 7 декември (петок) во банкет-салата на хотел „Македонија“во Делчево со почеток во 11 часот ќе се одржи...
Објавено на 05 Декември 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-12-05-13-06-45 Претставници од швјацарската консултантска фирма ЕБП и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот „Водоснабдување на Делчево“, го одржаа...
Објавено на 04 Декември 2018, 14.56 од Д.Чапевски
2018-12-04-14-01-53 Литературната поетска манифестација која прерасна во делчевски бренд со кој се слави патронот на Националната установа за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево ја реализираше завршната свеченост...
Објавено на 04 Декември 2018, 08.33 од Д.Чапевски
2018-12-04-07-35-18 „Парижанка во Делчево“ е насловот на ликовната изложба од авторката Лена Ѓуриѓ чии дела ќе бидат изложени во фоајето на Спомен-домот АСНОМ, в петок, 7 декември 2018 година со почеток во 13 часот....
Објавено на 04 Декември 2018, 08.14 од Д.Чапевски
2018-12-04-07-24-28 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 03 Декември 2018, 15.10 од Д.Чапевски
humanost  Продадени сите уметнички слики од Ликовната колонија „Дарувај со љубов“ на денешната Аукцијата за хуманост организирани по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и во рамките на...
Објавено на 30 Ноември 2018, 13.29 од Д.Чапевски
2018-11-30-12-32-16 Громогласен аплауз и смеа ја следеше детската претстава „Црвенкапа и збунетиот волк“ во изведба на актерите од штипскиот тетар „Ацо Шопов“. Познатата тема за црвенкапа и волкот, адаптирана во современи...
Објавено на 29 Ноември 2018, 10.22 од Д.Чапевски
2018-11-29-09-28-07 Светот набљудуван и доживуван од младите ликовни уметници и талентираните деца со посебни потреби се преточува со боја и цртеж на сликарските платна во рамките на Ликовната колонија „Даруваме со љубов“...
Објавено на 28 Ноември 2018, 11.09 од Д.Чапевски
2018-11-28-10-11-42 По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“, ЈУДГ „Весели цветови“, ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“, НВО...
Објавено на 27 Ноември 2018, 12.06 од Д.Чапевски
2018-11-27-11-07-37 По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево заедно со основните училишта „Св.Климент Охридски“, „Ванчо Прке“, детската градинка „Весели цветови“, локалната...
Објавено на 27 Ноември 2018, 11.50 од Д.Чапевски
2018-11-27-11-03-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева и управителот на  ДГТ„ Жикол“ ДООЕЛ во Скопје,  Никола Пандев, го потпишаа...
Објавено на 26 Ноември 2018, 12.35 од Д.Чапевски
2018-11-26-11-41-44  Општина Делчево ќе биде дел од проектот имплементиран од НВО КХАМ Делчево со наслов „Преку Стратегија и локални акциски планови до еднакви можности за мажите и жените во општините Делчево, Берово...
Објавено на 23 Ноември 2018, 14.49 од Д.Чапевски
2018-11-23-13-50-37 Општина Делчево ќе додели 12 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево. Согласно со Конкурсот, Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево...
Објавено на 23 Ноември 2018, 14.38 од Д.Чапевски
2018-11-23-13-39-51 Општина Делчево го објави Конкурсот за доделување стипендии на студенти кои студираат на државните факултети во Република Македонија. Согласно со Конкурсот, Општина Делчево ќе додели вкупно и 12...
Објавено на 21 Ноември 2018, 14.48 од Д.Чапевски
2018-11-21-13-50-54 Со донирање облека, храна, обувки, хигиенски средства и училишен прибор, во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево се спроведе хуманитарната акција „Другаруваме – подаруваме“. Како што истакна заменик- директорот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес800
mod_vvisit_counterВчера2150
mod_vvisit_counterОваа недела2950
mod_vvisit_counterПретходна недела14988
mod_vvisit_counterОвој месец22494
mod_vvisit_counterПретходен месец64416
mod_vvisit_counterВкупно2314977

Присутни online: 36
Ваша IP: 34.228.41.66
,
Денес: Дек 11, 2018