Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

китки

Во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“, Општина Делчево ја започнува акцијата „Заедно до поубаво Делчево“ во која ќе врши избор на најубаво уреден двор. Летниот период дава можност за убави и несекојдневни хортикултурни решенија и за уредување на дворните површини кои во Делчево заслужуваат внимание.

Водејќи се од мотото дека секој индивидуалец или институција и фирма кои со својот труд и креација за уредување на дворните површини придонесуваат за поубаво Делчево, Општина Делчево објавува Конкурс за избор на најубаво уреден двор во Делчево.

Повеќе...

Актуелности

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 02.07.2018 година, донесe

РЕШЕНИЕ за свикување на Единаесеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево

Повеќе...

Актуелности

DSC 0108_resize

DSC 0111_resize DSC 0115_resize

Заврши реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево со која беше опфатена изградба на атмосферска канализација во должина од 177 метри и целосно поставување нов асфалт во должина од 340 метри.

 Денеска увид во завршните работи направи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека со завршување на реконструкцијата на оваа улица се реши долгогодишен проблем на најфреквентната улица во центарот на градот.

Повеќе...

Актуелности

Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно Детален урбанистички план.

Учесниците  на конкурсот имаат за задача користејќи ги елементите од современото и традиционалното наследство да предложат модели на градски плоштад на површина од 3000м2.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0097

Младинското советодавно тело формирано од Советот на Општина Делчево денеска ја одржа својата прва Седница на која за претседател на Советот на млади беше избран Никола Тренчевски, а за заменик -претседател Димитар Постоловски. Мандатот на членовите на Советот на млади е во траење од две години, а во него членуваат: Никола Тренчевски, Марта Тасева, Димитар Постоловски, Бојана Вучковска,Александар Толевски, Мејрема Демирова, Никола Џабирски.

Повеќе...

Актуелности

36294248 10211769513978105_3950823669789360128_n

Делчево ќе добие мултикултурен и мултифункционален центар кој треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики. Во моментов се подготвува просторот, сместен во зградата на Спомен-домот АСНОМ, а на почетокот на месец август, центарот ќе биде ставен во функција.

 

Повеќе...

Актуелности

DSC 0005

Најдобрите ученици од трите образовни институции во Делчево, денеска ги примија решенијата за стипендии кои ги доделува градоначалникот на Општина Делчево.

Иван Даневски, матурант од СОУ „М.М.Брицо“ ќе добива по 3 илјади денари наредните 9 месеци, Матеја Златкова и Марија Мишева , првенци од основните училишта, „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, ќе добиваат по 2 илјади денари во текот на 9-те месеци од учебната 2018/19 година.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0009_resize

DSC 0017_resize DSC 0024_resize

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересираше за спецификите на  Делчево,  потенцијалите и можностите за развој на Општината, како и со предизвиците со кои се соочува општината.

Повеќе...

Актуелности

 baner opshtinska_nagrada

Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, на седница одржана на 21.06.2018 година, одлучи да распише

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2018 ГОДИНА

Повеќе...

Актуелности

DSC 0002_resize

Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево. Денеска  се поставува првиот слој асфалт, а како што информираат од фирмата изведувач на работите „Ескалатори“ ДОО Скопје, комплетното асфалтирање треба да заврши кон средината на идната недела.

Инаку, претходно беше вградена атмосферска канализација на нискиот дел од улицата со вкупна должина од 177 метри со што ќе биде решено одводувањето на атмосферските води кој е долгогодишен проблем на оваа улица. Реконструкцијата ја  опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“. Асфалтирањето ќе се изврши на целата улица, односно и на двата коловоза, од страната на стоковната куќа „Пела“ и од кај зградата вклучувајќи ги и паркинзите. Бетонскиот дел од тротоарот пред зградата спроти стоковната куќа „Пела“ќе се поплочи со бехатон плочки со што ќе се уедначи со останатиот изграден дел од тротоарот.

Повеќе...

Актуелности

пијанечко малешевска

Пехчевката Моника и штипјанецот Иле Гоцевски се  младите кои на стар автентичен начин ќе ја крунисаат својата љубов во рамките на 12-то издание на културната манифестацијаПијанечкоалешевска свадба. Од осум пријавени парови,Комисијата задолжена за избор на брачен пар ги одбра пехчевката Моника со моминско презиме Параскова и штипјанецот Иле Гоцевски. Тие денес ги потпишаа договорите за учество на манифестацијата која прерасна во туристички бренд на Истокот.

Повеќе...

Актуелности

 

Поради незадоволството од граѓаните кои пријавуваат до нас дека таксипревозниците не се придржуваат на цената утврдена на Советот, испраќаме апел до превозниците да ја почитуваат одлуката, но и до граѓаните, да пријавуваат неправилности до надлежниот Инспекторат, како и до Пазарната инспекција.

Мора да потсететиме дека Одлуката донесена на Седница на Советот одржан кон крајот на месецот март дефинира дека стартната цена на автотакси превозот во Делчево изнесува 30 денари, а цената за изминат километар при возење е 15 денари, за чекање на патниците при вршење на превозот, автотакси превозниците треба да наплаќаат по 3 денари за една минута чекање. Заштитнатацена до 1 поминат километар, изнесува 45 денари.

Повеќе...

Актуелности

20180612 134657_resize

Во Општина Благоевград се одржа втората дводневна работилница на тема „ЛЕД осветлување – квалитет, ефикасност и чиста животна средина”.  На работилницата учествуваа  претставници од општините Благоевград и Делчево, како и претставници од други јавни институции од двата региона. Работилницата  ја водеше експерт во областа на темата.

Повеќе...

Актуелности

1.1o

Македонска поезија и сатира,  создадена од делчевски автори беа претставени во Качарево, Р. Србија, во рамките на проектот на ЈЛБ „Илинден“ од Делчево  „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“ ..

Со свои творби пред многубројната публика во Качарево, каде 80% од жителите се Македонци, се претставија поетите Христина Деолска, Даниела Такева, Билјана Димитровска , афористичарот Миле Ѓоргијоски, додека наградуваните литературни творби од ученици ги претстави професорката Маријана Стоименовска.  Вечерта беше збогатена со изложбата на делата создавани со техниката енкаустика од авторката Христина Деолска, со карикатури на Јордан Поп Илиев, Блаже Докуле, Миро Ѓеоргиевски, а настапија и српски поети, но и ученици од ОУ „Жарко Зрењанин“ од Качарево кои учат и творат на македонски јазик.

Повеќе...

Актуелности

kanali 2 resize

Се чистат каналите за наводнување во делчевскиот регион. Во моментов, екипи од АД Водостопанство- Подружница Берово, работат на чистење на каналите и поставување каналетки во атарот на село Тработивиште под мостот на патот Тработивиште- Разловци, а се интервенира и да се стави во фукнција и  Виречкиот јаз. Досега е исчистен селскиот јаз во должина од околу 1 км., а со машини се прават и бентови, односно се интервенира на реките Брегалница и Желевица за пуштање вода во каналите.  

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 16 Ноември 2018, 12.06 од Д.Чапевски
2018-11-16-11-10-12 Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на...
Објавено на 15 Ноември 2018, 14.12 од Д.Чапевски
-15-2019 Од денеска започнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата која ќе трае сѐ до 15 март 2019 година. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата...
Објавено на 15 Ноември 2018, 13.58 од Д.Чапевски
2018-11-15-13-04-31 Десетина штандови на кои беа изложени мајсториите на добро познатите занаетчии од Пијанец, донесе Саемот на стари занает кој по пауза од десетина години го организираше  Националната установа...
Објавено на 13 Ноември 2018, 15.19 од Д.Чапевски
2018-11-13-14-21-08 Планските активности за претстојната зимска сезона беше тема на координативниот состанок во организација на Регионалниот центар за управување со кризи-ПО Делчево и Дирекцијата за заштита и спасување...
Објавено на 13 Ноември 2018, 11.08 од Д.Чапевски
2018-11-13-10-10-14 Ќе продолжи доизградбата на новата црква во Делчево посветена на заштитниците на градот, светите апостоли Кирил и Методиј. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска истакна дека...
Објавено на 13 Ноември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-11-13-07-43-58 Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево ќе се одржи на 16 ноември, в петок, со почеток во 10 ч. во ресторан „Либеро“. Семинарот е во организација на Фондацијата...
Објавено на 12 Ноември 2018, 15.22 од Д.Чапевски
2018-11-12-14-25-29 Интензивно се работи на доопремување на првиот мултифункционален и мултикултурен центар во Делчево кој ќе биде смесетен на третиот спрат во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на центарот се подготвува и...
Објавено на 12 Ноември 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-11-12-10-49-56  Министерот без ресор во Владата на РМ, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, направија увид во завршните работи на ул„Илинденска“ во ромското маало во населбата...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.46 од Д.Чапевски
-------2018 Делчевските советници на денешната редовна 15 Седница ги донесоа Имените и допонувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Според образложението на Анка Христова, раководител на Одделение за...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.42 од Д.Чапевски
2018-11-09-14-43-11 Општина Делчево ги известува граѓаните дека изврши промена на работното време на административните службеници и другите вработени во одделенијата и секторите во Општина Делчево. Започнувајќи од...
Објавено на 09 Ноември 2018, 12.39 од Д.Чапевски
-2018 Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 12 месеци, период во кој ја водам...
Објавено на 07 Ноември 2018, 12.03 од Д.Чапевски
2018-11-07-11-05-37 Општина Делчево ги известува граѓаните дека е во тек редовна постапка за изготвување на Програмата за уредување градежно земјиште и Програмата за изградба, реконстрикција и одржување општински (локални)...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.47 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-55-32 15. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 09.11.2018 (петок) , со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-38-00 Делчево на 16 ноември ќе биде домаќин на регионален семинар по роботика и напредни технологии. Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека семинарот се организира во соработка со...
Објавено на 01 Ноември 2018, 09.29 од Д.Чапевски
2018-11-01-08-32-30 Во делчевската детска градинка „Весели цветови“ набавени се нови играчки и дидактички средства за сите воспитни групи. Вредноста на набавката е 30 илјади денари, а таа е планирана активност и согласно...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.53 од Д.Чапевски
2018-10-30-11-55-07 Поради зачестената кражба на капаците од долниот дел на канделабрите за улично осветлување, Општина Делчево ги информира граѓаните дека покрај материјалната штета, се зголемува ризикот по безбедноста на...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.04 од Д.Чапевски
-730- Во Делчево ќе се гради првата улица во новата населба „Пролет“ во должина од 261 метар. На јавната набавка за најповолен понудувач е избран економскиот оператор „ОСД Кирил“ ДООЕЛ Скопје кој треба да ги...
Објавено на 25 Октомври 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-10-25-10-02-37 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на површините на градските гробишта. Оваа тековна активност е со цел да се исчистат површините од гранки, грмушки, диви...
Објавено на 24 Октомври 2018, 10.47 од Д.Чапевски
2018-10-24-09-51-00 Започнаа градежните работи за реконструкција на фасадата на старата училишна зграда на делчевската гимназија и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а...
Објавено на 23 Октомври 2018, 09.37 од Д.Чапевски
-23-2018  Со полагање на букети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес580
mod_vvisit_counterВчера1918
mod_vvisit_counterОваа недела580
mod_vvisit_counterПретходна недела15027
mod_vvisit_counterОвој месец37242
mod_vvisit_counterПретходен месец56202
mod_vvisit_counterВкупно2267432

Присутни online: 23
Ваша IP: 54.167.112.42
,
Денес: Ное 19, 2018