Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

Во понеделник 15-ти Јули со почеток во 13.00 часот ке се одржи Петтата  седница на Советот на Општина Делчево според следниот 

Повеќе...

Актуелности

Врз основа на усвоената програма за волонтерство на Општина Делчево за 2013 година и јавниот повик објавен на официјалниот веб сајт на Општина Делчево врз основа на кој се организира волонтерска работа  во наредниот период, во општинската администрација ке бидат ангажирани двајца волонтери по основ на волонтерски договор.

Повеќе...

Актуелности

IMG 5739_resize

Во понеделни 08.07.2013 година со почеток во 15.30 часот во фоајето на Спомен домот АСНОМ се одржа планираниот инфо ден за ИПАРД програмите во Општина Делчево.

Повеќе...

Актуелности

На ден 05.07.2013 година , во просториите на спомен домот АСНОМ, со почеток од 18 часот се одржа работен состанок во рамки на проектот на ,,Подобрување на партнерствово и меѓусебната доверба меѓу полицијата и заедницата,, менаџиран од Одделот за превенција при СВР Штип и ПСОН Делчево, поддржан од мегународната мисија на ОБСЕ во Р.Македонија.

Овој состанок претставуваше трета фаза од целокупно наведениот проект, при што посебен осврт беше даден на интегрирање на ромската популација во општина Делчево, во институциите на системот, предупредување од страна на овластените претставници за последиците кои ќе ги сносат посебно малолетниците, мерки кои треба да бидат превземени за одредено девијантно и асоцијално поведение, како и потребата од многу поголема интеракција помеѓу соодветните чинители на системот за намалување на малолетничката деликвенција и стопирање на нагорната развојната динамика на овој вид на инкриминирани акти.

Наредната четврта фаза од проектот ќе биде организирана во форма на сеопфатен Форум, каде ќе се разгледаат конкретни проблематични случаи и ќе се заземат конкретни ставови за соодветно дејствување на повиканите субјекти, каде како координатор на активностите ке бидат општина Делчево и СГГ.

Актуелности

Render 3_resize

Во рамки на тековните активности на Општина Делчево, деновиве започнува проектот за изградба на повеќенаменските спортски терени  во склоп на Општинското основно училиште Ванчо Прќе во Делчево.

Повеќе...

Актуелности

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Општина Делчево и тоа:

1. За волонтирање во OЈУДГ„Весели Цветови“ Делчево (1 лице)

Кандидатот да е студент на Педагошки факултет- предучилишно воспитание или Филозофски факултет – Педагогија

2. За волонтирање во Општина Делчево (2 лица)

Еден кандидат студент на Економски факултет и еден кандидат студент на Факултет за информатика.

Повеќе...

Актуелности

Volonteri resize

Градоначалникот на Општина Делчево г-дин Дарко Шехтански во рамки на своите програмски определби и планирани активности, усвои програма за волонтерство на Општина Делчево за 2013 година. Во програмата се опфатени повеќе општи одредби за значењето на волонтерството и основните поими поврзани со него, видот на услуги, начин и постапка на вршење на волонтерски ангажман, правата и обврските на волонтерите, како и начинот за евиденција на вршењето на волонтерските работи, согласно законските рамки на РМ.

Повеќе...

Актуелности

IMG 5451_resize

Во петок 14.06.2013 година со почеток во 13.00 часот во просториите на општинската организација на Црвен крст од Делчево се одржа пригодна свеченост за доделување на признанија на повеќе крводарители кои во изминатиот период имаат дарувано крв над 50 пати.

Повеќе...

Актуелности

IMG 5434_resize

Во четврток со почеток во 12.00 часот се одржа завршната презентација на проектот "Да ги вратиме старите сорти на јаболка и круша на нашите трпези" финансиран од ГЕФ ПМГ.

Повеќе...

Актуелности

IMG 5361_resize

Деновиве градежната оператива на фирмата изведувач на градежните работи за реконструкција на улицата "Св.Кирил и Методиј", започна со завршните активности за асфалтирање на оваа важна сообраќајница во населбата Милково Брдо. Во тек се минимални земјани работи за стабилизирање на постилката на улицата, по што ке следува асфалтирање на истата. 

Повеќе...

Актуелности

IMG 5370_resize

На 11.06.2013 година, во просториите на спомен домот АСНОМ во Делчево, со почеток во 10 часот се одржа координативен состанок на субјектите вклучени во Системот за управување со кризи на регионално ниво.

Повеќе...

Актуелности

IMG 5349_resize

Градежната механизација на фирмата изведувач на градежните работи за реконструкција на локалниот пат кон село Нов Истевник во понеделник 10.06.2013 година во предвидениот рок ги заврши асфалтерски работи за асфалтирање на 830 метри делница од овој локален патен правец.

Повеќе...

Актуелности

Почитувани,

Ја информираме јавноста дека Општина Делчево согласно Законот за градење, од 1-ви Јуни 2013 година започна со постапката за издавање на одобрение за градење по електронски пат.

За таа цел сите заинтересирани граѓани и баратели на одобрение за градба потребно е самостојно да се регистрираат на веб сајтот www.gradezna-dozvola.mk и согласно упатството за подносители на барања за одобрение за градба, да постапат во рамки на процедурата за поднесување на нивното барање.

Барањето на одобрение за градба заедно со сите прилози кон тоа барање, се доставуваат во електронска форма од било која локација со користење на персонален компјутер и интернет конекција.

За авторизација на барањата потребно е подносителот на барањето да поседува валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач, со кој во рамки на системот ке врши потпишување на целокупната неопходна документација.

Ваквиот електронски систем за поднесување и издавање на одобрение за градење  овозможува квалитетен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти во постапката на издавање на одобрение за градење по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок а врз основа на поднесено барање за одобрение за градење од страна на граѓаните.

Ви благодариме.

Делчево, 07.06.2013

ПРЕС ЦЕНТАР

Актуелности

Врз основа на член 65 Став (6) од Законот за животна средина  (,,Службен весник на Република Македонија,,бр.53/05,, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 124/10 и 51/11) , и одлука за спроведување на стратегиска отцена  донесена од Градоначалникот на Општина Делчево за Планска програма за изработка на Државна урбанистичка планска документација за ТИРЗ во Делчево м.в.Милково Брдо  доставено е: Oдлука за спроведување на стратегиска отцена и SEAForma ДУП Делчево.

Основни податоци за планскиот документ (SEA форма) се дадени во документот достапен на сл. интернет врска тука.

Oдлука за спроведување на стратегиска отцена за ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ТЕХНОЛОШКА ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА ДЕЛЧЕВО М.В. МИЛКОВО БРДО, КО ДЕЛЧЕВО е достапна на сл. интернет врска тука.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Актуелности

IMG 5272_resize

Деновиве започна целосната реконструкција на локалниот пат на потегот од регионалниот пат Делчево-Берово кон селото Нов Истевник (Балабанско маало).

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...
Објавено на 14 Јануари 2020, 13.23 од Д.Чапевски
2020-01-14-12-27-55  Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и...
Објавено на 14 Јануари 2020, 11.08 од Д.Чапевски
2020----- Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.26 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-28-12 Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.01 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-02-45 Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000...
Објавено на 13 Јануари 2020, 08.21 од Д.Чапевски
2020-01-14-07-24-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по  повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии...
Објавено на 13 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-2020-    Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и...
Објавено на 10 Јануари 2020, 15.20 од Д.Чапевски
2020-01-10-13-41-32  Советот на Општина Делчево на редовната 34 Седница ја донесе Стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година со што Општина Делчево се запиша како прва општина од крајниот исток...
Објавено на 10 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-34- 34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 08 Јануари 2020, 13.28 од Д.Чапевски
2020-01-08-12-41-01  На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с....
Објавено на 31 Декември 2019, 12.40 од Д.Чапевски
2019-12-31-11-42-09 Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата...
Објавено на 31 Декември 2019, 11.20 од Д.Чапевски
2019-12-31-10-23-11 Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме...
Објавено на 27 Декември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-12-27-12-34-17  Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските...
Објавено на 27 Декември 2019, 08.18 од Д.Чапевски
-2020-    Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на...
Објавено на 26 Декември 2019, 17.01 од Д.Чапевски
2019-12-26-14-23-53     Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336.995.000 денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес500
mod_vvisit_counterВчера2158
mod_vvisit_counterОваа недела5529
mod_vvisit_counterПретходна недела17775
mod_vvisit_counterОвој месец47153
mod_vvisit_counterПретходен месец76002
mod_vvisit_counterВкупно3235918

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.227.2.246
,
Денес: Јан 23, 2020