Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

новороденче1

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја додели паричната награда  на новороденчето кое е прво родено во Акушерското одделение во Здравствениот дом во Делчево. 28-годишната Ивана Ристовска од Делчево,на свет донесе здраво машко дете, тешко 2, 8 кгр. Градоначалникот Трајковски им ја честита радоста на родителите, Ивана и Даниел на кои ова им е второ дете, а на новороденото му посакува здравје, среќа и долг живот.

Повеќе...

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелности

Вработените во Општина Делчево ќе се вклучат во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС, а ќе се спроведува во сите општини во државава. Акцијата ќе се спроведе на 5 мај со почеток од 8 часот, а целта е урбаниот дел на нашата општина да биде почист и поуреден.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0001_resize

ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево е домаќин на традиционалните Регионални смотри за хорови и оркестри. Годинава на сцената во свечената сала и пред  жири-комисијата  настапуваат училишните хорови од основите и средните училишта од Делчево, Берово, Пехчево и М. Каменица.

Повеќе...

Актуелности

 

Општина Делчево го изработи инфраструктурниот и основниот проект за регулација на речното корито на р. Брегалница во должина од 1,1 км или 500 метри низводно и 600 метри возводно од сега регулираното речно корито и со овие проекти ќе се аплицира за реализација во европските фондови. Ова го истакна градоначалникот Горан Трајковски на денешната прес-конференција потенцирајќи дека стручните служиби на Општината интензивно работат на изработка на проекти со цел општината да биде подготвена за аплицирање по повици кои редовно се распишуваат од странски донатори или од надлежните органи од Владата.

Повеќе...

Актуелности

IMG 4101_resize

Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски престојуваше во официјална тридневна посета на општините Газиемир и Борнова во градот Измир, Р.Турција. За време на посетата градоначалникот Трајковски оствари работни средби со градоначалникот на збратимената општина Борнова,  Olgun Atila и работна средба со градоначалникот на општина Газимир,  Halil İbrahim Şenol по чија покана и се реализираше оваа средба.

Повеќе...

Актуелности

sgg nasilstva_vo_uchilishtata

Проблемот со насилството во училиштата кој е актуелен деновиве во државава, како и  прашањето за користење безбеден интернет од страна на учениците, се најдоа на дневен ред на редовниот состанок на Советодавната граѓанска група во Делчево.

На состанокот присуствуваа и наставници и стручни служби од основните и средните училишта,како и претставници на повеќе локални институции и НВО сектор, при што беше констатирано дека во делчевските училишта нема регистрирано случаи на екстремно насилно однесување на ученици. Но, сепак, беше заклучено дека мора да се остане посветен на следењето на состојбите во училиштата и да се преземат превентивни мерки , меѓу кои и одржување на работилници од советодавен карактер во кој ќе бидат вклучени учениците, наставниците, стручните работници, како и родителите.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0074_resize

Основците од М. Каменица екипно подобри од делчевските основци во меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“, додека делчевските средношколци првопласирани на натпреварите во „Сообраќајно-техничка култура на младите“.

Ова се екипините реузлтати на меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ кои годинава се одржаа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Натпреварувачките екипи за Детски семафор беа од ООУ „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ од Делчево и „ Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, додека СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево и СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ од Македонска Каменица се натпреваруваа со знаењата во сообраќајно - техничка култура на младите.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0032_resize

DSC 0009_resize DSC 0012_resize

Привршува изградбата на тротоарот на улицата „Светозар Марковиќ“. Досега се завршени околу 400 метри со што остануваат уште 120 метри должина кои се предвидени за изградба со што ќе заврши комплетната реконструкција на една од најфреквентните улици во градот. Тротоарскиот дел ќе биде со ширина од 2 метри, а се уредува со бекатон плочки.Уредувањето е од страната на  ООУ „Ванчо Прке“, детската градинка и автобуската станица во Делчево. Со изградбата на тротоарот ќе се комплетира реконструкцијата на улицата која е една од најфреквентните во градот, ќе се придонесе за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот, но исто така и ќе се подобри урбаниот изглед во овој дел на централното градско подрачје, каде е лоциран и градскиот зелен пазар.

Повеќе...

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелности

nagradeni resize

По повод Светскиот ден на книгата 23 Април, ЈЛБ „Илинден“ за прв пат во печатено издание ги собра литературните творби од младите автори, ученици од делчевските основни училишта кои се натпреваруваат со свои литературни творби на конкурсот „Книгата мојот тивок другар“.

Сите творби кои пристигнаа на минатогодишниот конкурс по повод Денот на книгата, ги собравме во една книга насловена „Книгата мојот тивок другар“. Ова во Делчево се случува за прв пат од еден конкурс да добиеме печатено издание. Целта ни е ова да прерасне во традиција и сите творби од наградните конкурси да бидат отпеачени и достапни на пошироката јавност. Нашата библиотека одлучи, оваа книга да им ја подари на сите млади автори кои учествуваа на овој конкурс и на нивните ментори кои даваат придонес во раѓањето на литературното творештво кај учениците, истакна Петровска.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0011_resize DSC 0013_resize

Во Делчево отворена изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“

Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на книгата 23 Април. По тој повод во фоајето на Спомен-домот АСНОМ беше отворена изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“ од историчарот Рубинчо Белчески од НУ Завод и заштита на спомениците и Музеј -Прилеп, а делчевската библиотека ги доделени наградите по конкурсот „Книгата мост меѓу зборот и читателот“ и на најредовните читатели. Исто така, беше промовирана книгата „Книгата мојот тивок другар“.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0002_resize

Во тек е изградбата на тротоарот на улицата „Светозар Марковиќ“ во должина од 520 метри и ширина од 2 метри. Тротоарскиот дел се уредува со бекатон плочки од страната на  ООУ „Ванчо Прке“, детската градинка и автобуската станица во Делчево. Со изградбата на тротоарот ќе се комплетира реконструкцијата на улицата која е една од најфреквентните во градот, ќе се придонесе за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот, но исто така и ќе се подобри урбаниот изглед во овој дел на централното градско подрачје, каде е лоциран и градскиот зелен пазар.

Повеќе...

Актуелности

gaziemir

Фолклорната група од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево учествува на 21 Меѓународен детски фестивал кој се одржува во општината Газиемир, Измир, Р.Турција. Фестивалот се одржува по повод 23 Април, ден посветен на детето во Турција, а има меѓународен карактер. Оваа година, фолклорот од своите земји ќе го презентираат пред публиката играорци од Босна, Романија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Македонија, како и фолклорни групи од Турција.

Повеќе...

Актуелности

lezhachki 3 resize

Општина Делчево ги обновува веќе поставените легнати пречки за забавување на движењето во сообраќајот со цел да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на улиците во градот  Делчево. Досега се поставени 7 легнати пречки на локации на кои првично беа поставени пред 12 години, но поради низа надворешни влијанија беа оштетени. Легнатите пречки се лоцирани на улиците, каде има приоди кон општинските училишта, ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“,  СОУ „М.М.Брицо“, како и улици каде биле евидентирани сообраќајни назгоди причинети од движење со брзина поголема од дозволената.

Легнати пречки се поставени на улиците „Маршал Тито“, „М.М.Брицо“, „Кеј на ослободување“.

Повеќе...

Актуелности

IMG 3572_resize

НВО „Регионален центар за застапување“ во партнерство со Општина Делчево ја одржа првата работилница во врска со изработката на Стратегија за соработката со граѓанскиот сектор. На работилницата присуствуваа претставници на десетина активни невладини организација во општината кои се вклучени во процесот на изработка на стратешкиот документ, како и претставници од Општина Делчево.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 21 Септември 2018, 14.07 од Д.Чапевски
2018-09-21-13-23-50  На тринаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните...
Објавено на 21 Септември 2018, 08.17 од Д.Чапевски
2018-09-21-07-19-17 Денеска во Делчево на едно место и под отворено небо ќе се пече ракија, ќе се вари мармалад и слатко, но и ќе се вкусуваат слатките производи обогатени со пијанечкиот бренд- сината слива. На годинешнава...
Објавено на 20 Септември 2018, 12.28 од Д.Чапевски
2018-09-20-11-29-42 Донација вредна 2 илјади евра од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ денеска пристигна во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево.  Донацијата ја донесе лично претседателот на Фондацијата, д-р...
Објавено на 19 Септември 2018, 14.38 од Д.Чапевски
2018-09-19-13-41-00 Претставници од Општинскиот инспекторат, јавните институции и НВО -сектор денеска во Делчево дебатираа на тема „План за комуникација и кампања против диво депонирање отпад“. Дебата беше во организација...
Објавено на 19 Септември 2018, 10.45 од Д.Чапевски
2018-09-19-09-49-16 На страницата за електронски систем на јавни набавки на Бирото  за јавни набавки, Центарот за развој на Источно-планскиот регион го објави тентерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево....
Објавено на 19 Септември 2018, 09.04 од Д.Чапевски
2018-09-19-08-08-39  Пристапната патека на улица „Пијанечка“ во населбата Ново Делчево се поплочува со бехатон плочки. Со оваа интервенција , конечно, на жителите од оваа улица ќе им се обезбеди современ и полесен...
Објавено на 17 Септември 2018, 14.37 од Д.Чапевски
2018-09-17-13-41-15 Министерот за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска беше во посета на детската градинка „Весели цветови“ во Делчево. Во рамките на посетата, министерката Царовска се запозна со условите за...
Објавено на 17 Септември 2018, 07.07 од Д.Чапевски
--------------15-  По повод Светскиот ден на чистењето, 15 Септември, Општина Делчево се вклучи во светската еколошка акција за чистење на расфрланиот отпад. Во неа се вклучија вработени од Општина Делчево, јавните...
Објавено на 14 Септември 2018, 13.05 од Д.Чапевски
2018-09-14-12-08-20 Во пресрет на Рефендумот во земјава, денеска во организација на Општина Делчево граѓанскиот сектор дебатираше за актуелните  прашања кои се од посебно значење за напредокот на Република Македонија,...
Објавено на 14 Септември 2018, 09.18 од Д.Чапевски
2018-09-14-08-20-17 По повод Светскиот ден на чистењето, 15 Септември, Општина Делчево се вклучува во светската еколошка акција за чистење на расфрланиот отпад. Акцијата ќе се организира в сабота на самиот ден, кога и се...
Објавено на 13 Септември 2018, 11.52 од Д.Чапевски
2018-09-13-10-54-45 Денеска во Делчево пред граѓани, претставници од јавните институции и граѓанскиот сектор, беше одржана презентација на проектот „Биовил“ кој има за цел да иницира, промовира и предводи развој на...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.35 од Д.Чапевски
-2018 Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2018“. Манифестацијата ќе се одржи на 21.09.2018 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.22 од Д.Чапевски
-----21- Традиционалната манифестација со која се слави пијанечкиот бренд- сливата, оваа година ќе се одржи на 21 септември, петок, а официјалното отворање на манифестацијата во која е предвидена и богата...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.12 од Д.Чапевски
2018-09-12-11-13-57 Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Општина Делчево организира  дискусија за...
Објавено на 12 Септември 2018, 12.02 од Д.Чапевски
2018-09-12-11-04-00 Општина Делчево е дел од проектот Биовил кој има за цел да иницира, промовира и предводи развој на регионални концепти за биоенергија, како и да воспостави биоенергетски села во Македонија, Романија,...
Објавено на 12 Септември 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-09-12-10-56-14 ЈЗУ  Центар за јавно здравје од Кочани известува дека по земените примероци за анализа и добиените резултати, водата од фонтаните кај Стопанска банка и пред кафулето „Валиум“НЕ ОДГОВАРА според...
Објавено на 11 Септември 2018, 12.44 од Д.Чапевски
2018-09-11-11-46-01 Договорот  за изградба на првиот пешачки мост во Делчево беше потпишан денеска во Општина Делчево од  градоначалникот Горан Трајковски и директорката на Центарот за развој на Источно-плански...
Објавено на 11 Септември 2018, 09.20 од Д.Чапевски
-2--------- Во Општина Делчево преку фондовите на ЕУ досега се инвестирани околу 2 милиони евра, средства наменети за развојни проекти. Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот Горан Трајковски...
Објавено на 10 Септември 2018, 13.04 од В.Мицевски
2018-09-10-12-21-37 Поради лошата состојба на дел од улиците во градот и оштетувањата на коловозот, Општина Делчево од денеска продолжува со санација на коловозите и крпење на ударните дупки . Санацијата на ударните...
Објавено на 10 Септември 2018, 11.39 од В.Мицевски
2018-09-10-10-45-30 Претставници од УНЕСКО од Македонија и Бугарија и претставници од ФГ „Копачка“ одржаа работна средба со градоначалникот Горан Трајковски во пресрет на подготовката на Стратегијата за нематеријално...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес75
mod_vvisit_counterВчера1949
mod_vvisit_counterОваа недела2024
mod_vvisit_counterПретходна недела11888
mod_vvisit_counterОвој месец42565
mod_vvisit_counterПретходен месец51262
mod_vvisit_counterВкупно2158948

Присутни online: 30
Ваша IP: 54.225.59.14
,
Денес: Сеп 24, 2018