Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

DSC 0016

Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, денеска во крстилницата „Св.Наум“која е дел од црквата во изградба „Св. Кирил и Методиј“, се одржа Света божествена литургија на која богослужеа свештеници од делчевското архиерејско намесништво, по што следуваше Света литија до новата црква параклис „Св.Климент Охридски“, каде беше извршено кршење на славскиот колач

Повеќе...

Актуелности

minimum wage

Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е дел од активности поврзани со застапување за воведување на шеми за минимален приход во Македонија и поддршка за прогресивна реализација на адекватни, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход како дел од сеопфатните системи за социјална заштита поддржани од Рамковна директива на ЕУ. Дополнително, планираните активности се поклопуваат со заложбата на Владата на РМ за реформи во социјалната сфера, воведување на минимален достоинствен приход и нов закон за социјална заштита, но и се во време на социјални движења во политиките на ЕУ, со што сметаме дека даваме есенцијален прилог во креирањето на квалитетни политики за намалување на сиромаштија.

Повеќе...

Актуелности

24kiril i metodij 1_1

24kiril i metodij 2_2

Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, Општина Делчево организира свеченост во чии рамки е предвидена следната програма:

Повеќе...

Актуелности

DSC 0016_resize DSC 0018_resize

Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, претставници од Советот на Општината, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-плочата на Поп Стојан, а свештеници од МПЦ од Делчево одржаа литија во црквата „Св.цар Константин и царица Елена“.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0053_resize

Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во ресторанот „Либеро“, претходеше дефилето на матурантите низ улиците во центарот на градот.
Дефилето на матурантите кои и годинава беа во полн сјај, го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0003_resize

Построени и достоинствени, денеска пожарникарите поднесоа рапорт на градоначалникот Трајковски во рамките на церемонијалниот дел од одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај во ТППЕ Делчево.

Градоначалникот Трајковски им го честита Денот на пожарникарите и изрази огромно задоволство што делчевските пожарникари се за пример во регионот по нивната експедитивност, ефикасност и пожртвуваност.

Повеќе...

Актуелности

brico resize

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со кој се уредува начинот, условите и критериумите за постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево, постапката за избор на десетте најдобри ученици-матуранти ја спроведува соодветна Комисија од СОУ„М.М.Брицо“ Делчево, а средствата за наградното патување во траење од 14 дена се обезбедени од Буџетот на Општината.

Повеќе...

Актуелности

IMG-peshachki1.3-V

Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на улиците низ градот Делчево. Самото обележување на хоризонталната сигнализација спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се преземаат мерки во текот на годината, заради обезбедување услови за безбедно користење и употреба на улиците.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0001_resize

Почнаа градежните работи на улицата „Маршал Тито“ во центарот на градот. Реконструкцијата ќе ја опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“, односно  до завршетокот на булеварското решение.  Асфалтирањето ќе се изврши на целата улица, односно и на двата коловоза, од страната на стоковната куќа „Пела“ и од кај зградата вклучувајќи ги и паркинзите.

Повеќе...

Актуелности

IMG 0006_resize

IMG-67 IMG-c18

По налог на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, екипи на ЈПКД „Брегалница“  ја исчистија депонијата за градежен шут Ралова Чука која се наоѓа непосредно до влезот на градот Делчево со што се реши уште еден  горлив проблем  кој го нарушуваше  изгледот на градот и ја загадуваше животната средина во неговата околина.

Повеќе...

Актуелности

разловци 1crop

разловци 2crop

Општина Делчево со посебна чест и задоволство Ве поканува на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 142 години од Разловечкото востание.
По тој повод, на 20 мај во селото Разловци ќе се одржи пригодна манифестација во која е предвидена богата културно-уметничка програма, а на која ќе ѝ претходи традиционалниот планинарски марш, положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан во црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци, како и панихида за учесниците во Разловечкото востание.

Повеќе...

Актуелности

Изведувачот на работите „Реконструкција на дел од улица Маршал Тито“ во Делчево, „ЕСКАВАТОРИ – МК“ СКОПЈЕ, на ден 14.05.2018 ќе започне со изведување градежни работи на дел од улицата „Маршал Тито“ во централното градско подрачје. Со стартот на работите на оваа улица ќе започне и примената на времениот режим на сообраќај, односно започнува да важи фаза 1 од Основниот проект за времен режим на сообраќај, каде коловозот пред стоковната куќа „Пела“ ќе се користи за двонасочен сообраќај, додека на коловозот и паркирните места пред зградите пристапот ќе биде минимален.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0002_resize

Минатата година на територијата на општина Делчево се случиле 37 пожари од кои 9 шумски, 16 на отворен простор, при што изгорела 157.1 ха шума, 78.3  ха сува трева и пасишта и 14.904 м3 дрвна маса. Вкупната штета во денари предизвикани од пожарите на отворено изнесува 402.023.133 денари.

Овие податоци ги  пласираа од Регионалниот центарот за управување со кризи во Делчево на состанокот на организиран од Дирекцијата за заштита и спасување-Подрачно одделение Делчево и РЦУК - Делчево со субјектите кои се вклучени во оваа проблематика.

Повеќе...

Актуелности

Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица денеска се одржуваат регионални натпревари за „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите 2018“ каде учество ќе земат екипи од неколку градови од Источна Македонија.

На полигонот своите вештини и познавање од сообраќајот ќе ги соочат екипите од Пробиштип, Свети Николе, Виница, Берово, М. Каменица, како и екипата од Делчево составена од тројца ученици од СОУ „М. М. Брицо“ и од екипа формирана од ученици од двете деветолетки од  Делчево „Св. Климент  Охридски“  и „Ванчо Прке“.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0013_resize

Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа пригоден реферат за НОБ во Македонија и победата над фашизмот, како и реферат за 9 Мај, датум кога Европа го одбележува својот ден како европски симбол.

Во рамките на одбележувањето, пред споменикот на паднатите борци се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 16 Ноември 2018, 12.06 од Д.Чапевски
2018-11-16-11-10-12 Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на...
Објавено на 15 Ноември 2018, 14.12 од Д.Чапевски
-15-2019 Од денеска започнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата која ќе трае сѐ до 15 март 2019 година. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата...
Објавено на 15 Ноември 2018, 13.58 од Д.Чапевски
2018-11-15-13-04-31 Десетина штандови на кои беа изложени мајсториите на добро познатите занаетчии од Пијанец, донесе Саемот на стари занает кој по пауза од десетина години го организираше  Националната установа...
Објавено на 13 Ноември 2018, 15.19 од Д.Чапевски
2018-11-13-14-21-08 Планските активности за претстојната зимска сезона беше тема на координативниот состанок во организација на Регионалниот центар за управување со кризи-ПО Делчево и Дирекцијата за заштита и спасување...
Објавено на 13 Ноември 2018, 11.08 од Д.Чапевски
2018-11-13-10-10-14 Ќе продолжи доизградбата на новата црква во Делчево посветена на заштитниците на градот, светите апостоли Кирил и Методиј. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска истакна дека...
Објавено на 13 Ноември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-11-13-07-43-58 Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево ќе се одржи на 16 ноември, в петок, со почеток во 10 ч. во ресторан „Либеро“. Семинарот е во организација на Фондацијата...
Објавено на 12 Ноември 2018, 15.22 од Д.Чапевски
2018-11-12-14-25-29 Интензивно се работи на доопремување на првиот мултифункционален и мултикултурен центар во Делчево кој ќе биде смесетен на третиот спрат во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на центарот се подготвува и...
Објавено на 12 Ноември 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-11-12-10-49-56  Министерот без ресор во Владата на РМ, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, направија увид во завршните работи на ул„Илинденска“ во ромското маало во населбата...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.46 од Д.Чапевски
-------2018 Делчевските советници на денешната редовна 15 Седница ги донесоа Имените и допонувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Според образложението на Анка Христова, раководител на Одделение за...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.42 од Д.Чапевски
2018-11-09-14-43-11 Општина Делчево ги известува граѓаните дека изврши промена на работното време на административните службеници и другите вработени во одделенијата и секторите во Општина Делчево. Започнувајќи од...
Објавено на 09 Ноември 2018, 12.39 од Д.Чапевски
-2018 Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 12 месеци, период во кој ја водам...
Објавено на 07 Ноември 2018, 12.03 од Д.Чапевски
2018-11-07-11-05-37 Општина Делчево ги известува граѓаните дека е во тек редовна постапка за изготвување на Програмата за уредување градежно земјиште и Програмата за изградба, реконстрикција и одржување општински (локални)...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.47 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-55-32 15. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 09.11.2018 (петок) , со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-38-00 Делчево на 16 ноември ќе биде домаќин на регионален семинар по роботика и напредни технологии. Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека семинарот се организира во соработка со...
Објавено на 01 Ноември 2018, 09.29 од Д.Чапевски
2018-11-01-08-32-30 Во делчевската детска градинка „Весели цветови“ набавени се нови играчки и дидактички средства за сите воспитни групи. Вредноста на набавката е 30 илјади денари, а таа е планирана активност и согласно...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.53 од Д.Чапевски
2018-10-30-11-55-07 Поради зачестената кражба на капаците од долниот дел на канделабрите за улично осветлување, Општина Делчево ги информира граѓаните дека покрај материјалната штета, се зголемува ризикот по безбедноста на...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.04 од Д.Чапевски
-730- Во Делчево ќе се гради првата улица во новата населба „Пролет“ во должина од 261 метар. На јавната набавка за најповолен понудувач е избран економскиот оператор „ОСД Кирил“ ДООЕЛ Скопје кој треба да ги...
Објавено на 25 Октомври 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-10-25-10-02-37 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на површините на градските гробишта. Оваа тековна активност е со цел да се исчистат површините од гранки, грмушки, диви...
Објавено на 24 Октомври 2018, 10.47 од Д.Чапевски
2018-10-24-09-51-00 Започнаа градежните работи за реконструкција на фасадата на старата училишна зграда на делчевската гимназија и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а...
Објавено на 23 Октомври 2018, 09.37 од Д.Чапевски
-23-2018  Со полагање на букети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес637
mod_vvisit_counterВчера1918
mod_vvisit_counterОваа недела637
mod_vvisit_counterПретходна недела15027
mod_vvisit_counterОвој месец37299
mod_vvisit_counterПретходен месец56202
mod_vvisit_counterВкупно2267489

Присутни online: 31
Ваша IP: 54.167.112.42
,
Денес: Ное 19, 2018