Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

Десеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 08.06.2018 (пeток) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот.

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

Повеќе...

Актуелности

DSC 0001_resize

Претставници на Младинската локална иницијатива беа на работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата беше разговарано за актуелните проекти и иницијативи на Младинската локална иницијатива и за поддршката која ја очекуваат од градоначалникот и од Општина Делчево.

Градоначалникот Трајковски се заложи на младите во Делчево да им даде поддршка во нивните активности сѐ со цел да се разбуди младинскиот активизам.

Повеќе...

Актуелности

manastir golak

В недела на 3 јуни со почеток во 10, 30 мин на планината Голак на врвот Чавка, ќе се постави и освети камен-темелник на новиот храм „Свети Пантелејмон“. Ктитор на манастирот е Мите Стојковски со семејството од Делчево.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0008_resize

Почна реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница. Во моментов се работи на подготовка на коловозот за асфалтирање, а планирано е да се асфалтираат 2,4 километри до селото од делчевска страна по што работите ќе продолжат за асфалтирање на уште 4,6 км од виничка страна.

Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта, а согласно со проектот предвидена е изградба на коловоз со ширина од 5 метри, банкини од двете страни на коловозот, како и изградба на одводни канали.

Повеќе...

Актуелности

deratizacija

 Општина Делчево ги известува граѓаните дека согласно со „Програмата за заштита на населението од заразни болести“ на ден 01.06.2018 година, ќе се врши општа дератизација на градската канализациска мрежа.

Повеќе...

Актуелности

LAG1

На завршната Конференција од пректот на Република Македонија и Република Словенија за ЛИДЕР-пристапот во Македонија која се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и официјално беше доделено Решението за запишување на  Локалната акциска група Пијанец-Малеш во евиденцијата на Министерството со што и практично започнува функционирањето на оваа ЛАГ.

Повеќе...

Актуелности

ramazan1 ramazan1.1

По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска Ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при џамијата Мехмет Фатих II од Делчево присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Делчево, Драган Маневски, пратеникот Мира Стојчевска, носители на јавни функции и граѓани од муслиманска вероисповест.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0008_resize

Општина Делчево од денеска почнува со прочистување и порамнување на земјените коловози и  прочистиување на канавките за одводнување на локалните патишта во селото Драмче-Илиово. Ќе се интервенира на пристапните патишта до Марковско Маало, Куриловско Маало, Филевско Маало, Божанско Маало и пристапниот пат до Маринковско Маало. Интервенцијата на патиштата ќе се изведува со машина грејдер, а е во согласност со Планот за интервентно одржување на општинските патишта и пристапни патишта за подрачјето на Општина Делчево за 2018 со кој  е планирана динамиката на спроведување на интервентното одржување на патиштата

Повеќе...

Актуелности

IMG-ab2388

Делчевски средношколци учествуваа на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица. Семинарот беше во  организација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќевање“, а на него учествуваа над 250 млади од Струмица и Делчево.

Повеќе...

Актуелности

Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта помеѓу 29 и 30.05.2018 година, стручни екипи од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Скопје ќе извршат теристичка(од земја) дезинсекција против комарци, односно ќе се спроведе планираното мајско прскање против комарци. Оваа активност ќе се изведе во следите предвидени атари: 

Повеќе...

Актуелности

IMG 5624_resize

Најмасовниот спортски настан во Делчево, годинава донесе над 600 учесници кои се натпреваруваа во категории распределени по возраста на учесниците од училиштата, потоа трка на 2500 метри, трка на 5000 метри, а новина оваа година беше трката за брзо одење на 2500 метри за учесници постари од 35 години.  

Победник на главната трка на 5000 метри е Борче Ивановски кој трката ја заврши пред второпласираниот Роберт Цветковски додека третото место му припадна на Влатко Димитровски. 

Повеќе...

Актуелности

DSC 0016

Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, денеска во крстилницата „Св.Наум“која е дел од црквата во изградба „Св. Кирил и Методиј“, се одржа Света божествена литургија на која богослужеа свештеници од делчевското архиерејско намесништво, по што следуваше Света литија до новата црква параклис „Св.Климент Охридски“, каде беше извршено кршење на славскиот колач

Повеќе...

Актуелности

minimum wage

Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е дел од активности поврзани со застапување за воведување на шеми за минимален приход во Македонија и поддршка за прогресивна реализација на адекватни, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход како дел од сеопфатните системи за социјална заштита поддржани од Рамковна директива на ЕУ. Дополнително, планираните активности се поклопуваат со заложбата на Владата на РМ за реформи во социјалната сфера, воведување на минимален достоинствен приход и нов закон за социјална заштита, но и се во време на социјални движења во политиките на ЕУ, со што сметаме дека даваме есенцијален прилог во креирањето на квалитетни политики за намалување на сиромаштија.

Повеќе...

Актуелности

24kiril i metodij 1_1

24kiril i metodij 2_2

Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, Општина Делчево организира свеченост во чии рамки е предвидена следната програма:

Повеќе...

Актуелности

DSC 0016_resize DSC 0018_resize

Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, претставници од Советот на Општината, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-плочата на Поп Стојан, а свештеници од МПЦ од Делчево одржаа литија во црквата „Св.цар Константин и царица Елена“.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 22 Јуни 2018, 13.05 од Д.Чапевски
2018-06-22-12-15-34   Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересираше...
Објавено на 21 Јуни 2018, 13.33 од Д.Чапевски
2018-06-21-12-37-21 Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево. Денеска  се поставува првиот слој асфалт, а како што информираат од фирмата изведувач на работите „Ескалатори“...
Објавено на 18 Јуни 2018, 14.35 од Д.Чапевски
2018-06-18-13-37-14 Пехчевката Моника и штипјанецот Иле Гоцевски се  младите кои на стар автентичен начин ќе ја крунисаат својата љубов во рамките на 12-то издание на културната манифестација„Пијанечко-малешевска...
Објавено на 18 Јуни 2018, 14.18 од Д.Чапевски
2018-06-18-13-19-43  Поради незадоволството од граѓаните кои пријавуваат до нас дека таксипревозниците не се придржуваат на цената утврдена на Советот, испраќаме апел до превозниците да ја почитуваат одлуката, но и до...
Објавено на 18 Јуни 2018, 14.04 од Д.Чапевски
2018-06-18-13-09-34 Во Општина Благоевград се одржа втората дводневна работилница на тема „ЛЕД осветлување – квалитет, ефикасност и чиста животна средина”.  На работилницата учествуваа  претставници од општините...
Објавено на 18 Јуни 2018, 09.06 од Д.Чапевски
2018-06-18-08-08-10 Македонска поезија и сатира,  создадена од делчевски автори беа претставени во Качарево, Р. Србија, во рамките на проектот на ЈЛБ „Илинден“ од Делчево  „Презентација на роднокрајни автори и...
Објавено на 13 Јуни 2018, 08.32 од Д.Чапевски
2018-06-13-07-35-33 Се чистат каналите за наводнување во делчевскиот регион. Во моментов, екипи од АД Водостопанство- Подружница Берово, работат на чистење на каналите и поставување каналетки во атарот на село Тработивиште...
Објавено на 13 Јуни 2018, 07.01 од Д.Чапевски
2018-06-13-06-06-17 Роднокрајни автори од  Делчево на 15 и 16 јуни годинава, ќе ги презентираат своите дела  во Пландиште ,Србија,во рамки на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности...
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.15 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-16-15 Најдобрите ученици од делчевските училишта кои се прогласени за првенци на генерацијата, како резултат на постигнатите успеси во учебната 2017/2018 година, ќе добиваат стипендии од Општина Делчево....
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.13 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-14-45 Советниците на својата редовна 10 Седница донесоа одлуки за определување имиња на улици во населбите „Пролет“, „Сервисна зона“ и „Ѕвегорска река“. Советниците едногласно ги прифатија имињата кои се...
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.09 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-13-17 Советниците од Советот на Општина Делчево на својата редовна седница одржана на 08.06.18 годија ја донесоа Програмата за урбана опрема на територијата на град Делчево. Целта на донесување на Програмата...
Објавено на 11 Јуни 2018, 14.15 од Д.Чапевски
2018-06-11-13-19-12 Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно...
Објавено на 06 Јуни 2018, 14.22 од В.Мицевски
2018-06-06-13-31-21 Во организација на ЈЛБ„Илинден“ в  четврток во 18,30 часот во фоајето на спомен-домот АСНОМ, ќе се одржи вечер на хумор и сатира „Малку јас, малку ти“. Со свои афоризми ќе се претстават афористичарите...
Објавено на 05 Јуни 2018, 14.35 од Д.Чапевски
2018-06-05-13-42-19 Јавните градски тоалети сместени во центарот на Делчево од неодамна се повторно во функција. За потребите на овој објект, Општина Делчево набави нови чешми, црева, цевки, беше направено комплетно...
Објавено на 05 Јуни 2018, 10.42 од Д.Чапевски
2018-06-05-09-47-47 Во ООУ „ Ванчо Прке“ денеска беше спроведена акција за симулација  и евакуација во случај на пожар, која се реализира согласно со Годишната програма на училиштето.Во акцијата беа вклучени...
Објавено на 05 Јуни 2018, 10.19 од Д.Чапевски
2018-06-05-09-20-31  Со детски песнички, тетатарска претстава и со игра, 98 дечиња од предучилишното воспитание и образование ѝ кажаа збогум на детската градинка. Директорката на детската градинка „Весели цветови“...
Објавено на 04 Јуни 2018, 10.24 од Д.Чапевски
2018-06-04-09-26-11 „Уживај во летото со мирисот на нова книга“, со оваа порака ЈЛБ„Илинден“ од Делчево ги поканува учениците и децата од предучилишна возраст да ја посетат библиотеката и да одберат добра книга и овој...
Објавено на 04 Јуни 2018, 10.11 од Д.Чапевски
2018-06-04-09-14-06 Словенечки и македонски играорци викендов во Делчево го одржаа „Концертот на пријателство“. На сцената во Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, се славеше словенечкиот фолклор интерпретиран од фолклористите...
Објавено на 04 Јуни 2018, 08.35 од Д.Чапевски
2018-06-04-07-37-28 Во присуство на Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на планината Голак, покрај стариот манастир, беше поставен и осветен камен- темелникот на новиот храм...
Објавено на 04 Јуни 2018, 08.15 од Д.Чапевски
2018-06-04-07-21-43 Десеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 08.06.2018 (пeток) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1226
mod_vvisit_counterВчера1461
mod_vvisit_counterОваа недела8116
mod_vvisit_counterПретходна недела11874
mod_vvisit_counterОвој месец31915
mod_vvisit_counterПретходен месец35461
mod_vvisit_counterВкупно2004313

Присутни online: 17
Ваша IP: 54.167.230.68
,
Денес: Јун 23, 2018