Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува жителите дека со отпочнувањето на грејната сезона се должни да извршат проверка и чистење на оџаците од системите за затоплување на стамбените објекти како и зградите на институциите. Оваа активност е обврзувачка според Законот за заштита и спасување на Република Македонија, а е во функција на превенција од пожари.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0003_resize

Денес, 05.12.2017 година со почеток во 12:00 часот Градоначалникот Горан Трајковски реализираше средба со Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер и сопствениците на 7 текстилни компании од Делчево.

Повеќе...

Актуелности

Со стапувањето на функција на новиот Градоначалник на општина Делчево, г-динот Горан Трајковски започна со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација во Делчево.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0003_resize

Денес со почеток во 10:00 часот градоначалникот Горан Трајковски во својот кабинет приреди свечен коктел на кој присуствуваа лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Овој коктел се организираше по повод 3 декември кој  насекаде во светот се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Градоначалникот Трајковски ги поздрави гостите им посака добредојде се заблагодари за подароците кои му ги донесоа, а кои се нивна рачна изработка и посочи дека не треба само на овој ден да се обрнува внимание на лицата со посебни потреби, туку треба секојдневно да им се пружа подршка во справувањето со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат.

Повеќе...

Актуелности

20171201 140442_resize 20171201 140456_resize

Со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, Советот на Општина Делчево ја одржа втората седница. За седницата беа предложени 13 точки на дневен ред, а во тек на седницата беше дополнет истиот со уште една точка.

Повеќе...

Актуелности

InternationalDayPeopleWithDisability

3-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.  По тој повод градоначалникот на Општина Делчево , Горан Трајковски приредува свечен коктел за лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Коктелот ќе се одржи со почеток во 9.30 часот во кабинетот на Градоначалникот.

Повеќе...

Актуелности

kjustendil4

kjustendil1 kjustendil2

Градоначалниците од Бугарија и Македонија се собраа во Ќустендил на тркалезната маса на тема „Бугарско-македонски односи: приоритети, заеднички перспективи и предизвици“. Состанокот го организираа Андреј Ковачев од Европскиот парламент и Кирил Калфин од Бугарското национално собрание. Учество зедоа и заменик-министерот за регионален развој Деница Николова, заменик-министерот за надворешни работи Георги Георгиев, бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков и македонскиот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев.

Повеќе...

Актуелности

Претседателот на Советот на Општина Делчево за 01.12.2017 (петок) ја свика Втората редовна седница на Советот на Општина Делчево. Седницата ќе се одржи во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.

          За седницата е предложен следниот

Дневен ред

Повеќе...

Актуелности

collage resize

Денес (24.11.2017) започнаа финалните работи за подготовка, а подоцна се започна и со асфалтирање на улицата Светозар Марковиќ во централното градско подрачје.

Станува збор за реконструкција со доградба на една од најфрекфентните улици во Делчево поради локацијата на редица административни и деловни објекти во овој дел од градот, како што се зградата на Општина Делчево, детската градинка Весели Цветови, ООУ „Ванчо Прке“, угостителски објекти, продавници итн.

Се реконструира целата улица Светозар Марковиќ во должина од 540 метри, коловозот на улицата е проширен и сега изнесува 7 метри и целосно се заменети сите рабници на улицата.

Ќе се изврши и изградба на тротоар по должината на целата улица од десната страна со ширина од 2метри.

Средствата за реализација на овој проект се доделени на Општина Делчево во форма на ИПА грант средства, Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Целта на оваа програма е подобрување на инфраструктурата во руралните области, односно подобрување на квалитетот на живот и мобилноста во Општина Делчево. Средствата за реконструкција на оваа улица се во висина од 6.652.300 денари.

Повеќе...

Актуелности

Се известуваат сите правни и физички лица од Општина Делчево кои не го платиле долгот по основ на данок на имот и комунална такса за истакнатата фирма, тоа да го сторат најдоцна до 15.12.2017 година, во спротивно, за неплатениот долг на истите ќе им бидат блокирани трансакциските жиро сметки задолжени со законска затезна камата од 0,05% за секој ден на задоцнување.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Горан Трајковски

Актуелности

IPR1

На ден 21.11.2017 година во Општина Штип се одржа Конститутивната Седница на Советот за развој на Источен плански регион. Согласно одредбите од Законот за рамномерен регионален развој, Конститутивната Седница ја свика Градоначалникот на општина Штип, Г-дин Благој Бочварски, како Градоначалник на најголемата, по број на жители, општина од регионот. За Претседател на Советот за развој на Источен плански регион едногласно е избран Г-дин Николчо Илијев, Градоначалник на општина Кочани. Mандатот на Претседателот 2 (две) години, со право на повторен избор. На Седницата присуствуваше и заменик Министерот за локална самоуправа.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0017_resize

Советот на Општина Делчево во петок (17.11.2017) ја одржа својата прва работна седница. Седницата започна во 14:00 часот во просториите на ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево. На седницата се одлучуваше по 26 точки кои беа ставени на дневен ред.

Повеќе...

Актуелности

20171116 111056_resize 20171116 111140_resize

Согласно годишната програма на одделението за превенција заштита и спасување денес со почеток во 11 часот и 10 минути се одржа вежбовна активност  - симулација на пожар во ЕЛС Делчево.

Повеќе...

Актуелности

Седницата ќе се одржи на 17.11.2017 (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

Повеќе...

Актуелности

DSC 0003_resize

Во салата на Спомен дом „АСНОМ“ со почеток во 20:00 часот во Петок се одржа несекојдневен настан за Делчево. Младите џез музичари Fierce од Скопје одржаа двочасовен концерт пред делчевската публика. Бендот го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Нивниот звук се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритмови и мелодии.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 20 Февруари 2018, 11.45 од Д.Чапевски
2018-02-20-11-06-53 Петтата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 23.02.2018 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата e предложен предлагам следниот Дневен...
Објавено на 19 Февруари 2018, 13.53 од Д.Чапевски
--74---- По повод 74-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 25.02.2018. За таа цел, Општина Делчево  ги информира граѓаните на Општина...
Објавено на 16 Февруари 2018, 13.16 од Д.Чапевски
2018-02-16-12-20-24 Прв пат преку јавен повик, Општина Делчево ќе ги доделува општинските пари на спортски клубови и здруженија и на граѓански организации од Делчево. Ова е предвидено во новиот Правилник за условите,...
Објавено на 16 Февруари 2018, 11.13 од Д.Чапевски
2018-02-16-10-17-35 Роднокрајни автори од Делчево ќе ги презентираат своите дела во Пландиште, Р. Србија  во рамките на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“...
Објавено на 14 Февруари 2018, 13.11 од Д.Чапевски
2018-02-14-12-14-00 Општина Делчево го формира Локалниот совет за превенција кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини организации. Локалниот совет за превенција се...
Објавено на 13 Февруари 2018, 13.09 од Д.Чапевски
2018-02-13-12-11-16 Реконструкцијата на регионалниот патен правец село Бигла- Виница во должина од 14 км. ќе започне за две недели. Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта,...
Објавено на 13 Февруари 2018, 12.21 од Д.Чапевски
2018-02-13-11-24-11  Инфраструктурни проекти Приоритет на новата локална власт во Општина Делчево е решавање на инфраструктурните проблеми и создавање услови за реализација на проекти кои треба да донесат подобар...
Објавено на 12 Февруари 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-02-12-12-50-14 Сто дена-предизвик за поубаво Делчево  Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на...
Објавено на 09 Февруари 2018, 15.49 од Д.Чапевски
m-------------- Имплементацијата на Стратегијата на Ромите и подобрување на квалитетот на животот со посебен акцент на проблемите со домувањето на Ромите беше тема на денешната средба на градоначалникот на Општина...
Објавено на 09 Февруари 2018, 12.59 од Д.Чапевски
-800- - Во моментов, екипите на ЈПКД „Брегалница“ работат на  реконструкција на потисен цевковод од пумпа до резервоар во должина од 800 метри, досега реконструирана е водоводна линија во должина од 160...
Објавено на 08 Февруари 2018, 10.08 од Д.Чапевски
2018-02-08-09-10-02 Општина Делчево информира дека поради дефект на водоводната линија на улиците „Лика Чопова“ и „Ленинова“ во населбата Ново Делчево, денеска во периодот од 08 до 15 часот ќе има прекин во...
Објавено на 07 Февруари 2018, 12.17 од Д.Чапевски
2018-02-07-11-20-03 ЈПКД „Брегалница“ интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот. Досега е завршено чистењето на депонијата на реката Брегалница во индустрискиот дел од градот, депонијата за градежен шут...
Објавено на 06 Февруари 2018, 11.45 од Д.Чапевски
2018-02-06-10-49-16 Работната единица за развој и поттикнување на земјоделството од Делчево им соопштува на заинтересираните граѓани, посебно на земјоделците дека ќе организира едукација по јавните повици од ИПАРД 2018 и...
Објавено на 06 Февруари 2018, 11.37 од Д.Чапевски
2018-02-06-10-40-23 Во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево расте интересот кај младите за читање книги на англиски јазик. Поради овој факт, ЈЛБ „Илинден” од саемот на книгата во Софија, Р.Бугарија, набави...
Објавено на 04 Февруари 2018, 10.26 од Д.Чапевски
146--------------- Денес 04.02.2018 година се навршуваат 146 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на...
Објавено на 02 Февруари 2018, 13.24 од Д.Чапевски
2018-02-02-12-28-08 Советот на Општина Делчево донесе Правилник за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево. Со овој Правилник, кој е прв ваков документ, Општина...
Објавено на 02 Февруари 2018, 12.55 од Д.Чапевски
2018-02-02-11-57-33  Четириесет ученици од Делчево денеска се сретнаа со претседателот на македонското Собрание, Талал Џафери и остварија средба со пратеници од македонскиот парламент. Посетата е во рамките на...
Објавено на 02 Февруари 2018, 10.07 од Д.Чапевски
2018-02-02-09-13-12 Согласно Програмата за извршување на јавни работи во Општина Делчево за 2018 година, бр.08-140/1 од 30.01.2018 година, Општина Делчево објавува Јавен повик до сите заинтересирани работоспособни...
Објавено на 01 Февруари 2018, 12.58 од Д.Чапевски
-26-2- Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник...
Објавено на 31 Јануари 2018, 10.27 од Д.Чапевски
-4-  Четвртата седница на Советот на Општина Делчево се одржa на 30.01.2018 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен дневен редсо 23 точки и на самата...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес269
mod_vvisit_counterВчера836
mod_vvisit_counterОваа недела2477
mod_vvisit_counterПретходна недела12483
mod_vvisit_counterОвој месец31815
mod_vvisit_counterПретходен месец35919
mod_vvisit_counterВкупно1847104

Присутни online: 12
Ваша IP: 50.19.34.255
,
Денес: Фев 21, 2018