Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

islam

На овие простори отсекогаш егзистирале различности, но меѓуетничката и меѓуверската толеранција, соживотот, биле на едно високо ниво во сите сегменти на секојдневното живеење, затоа сакаме да ја надградуваме и да ја сочуваме оваа наша вредност, порача градоначалникот Горан Трајковски на синоќешната трибина „Порака за мир“ организирана од новоформираното Здружение „Асоцијација за добротворни проекти“.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0016_resize

20180403 103458_resize 20180403 104814_resize

Велигденско разубавување на Делчево со пролетни цвеќиња и велигденски декорации, украсни зимзелени дрва кои ќе бидат засадени во паркот кај Езерцето и новиот парк, а ќе се става во функција и фонтаната кај Езерцето.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0022_resize

Почна изградбата на дел од фекалната канализација во новата населба „Пролет“ во Делчево. Во моментов екипи на ЈПКД „Брегалница“ работат на изградба на фекална канализација во должина од 300 метри при што се поставуваат цевки фи- 200. Поради специфичната конфигурација на теренот, поставувањето на цевките се извршува со претходно изработени насипи и тампонирање. Од страна на Општина Делчево се обезбедени цевки, цемент и арматура, а капаци за шахтите ќе бидат обезбедени по завршување на јавната набавка.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0054_resize

Стотици маски креирани од најмладите, денеска продефилираа низ центарот на Делчево во рамките на традиционалната манифестација по повод Денот на шегата. Богатство од принцези, бетмени, самовили,пеперутки и пчели, но и гусари и страшни маски беа дел од дефилето под маски по улиците на центарот на Делчево и на забавата која се одржа пред Спомен- домот АСНОМ, каде низ игра беа промовирани креациите на најмладите делчевци.

DSC 0017_resize

Посебен настап имаше групната маска на учениците од  ООУ „Климент Охридски“,под име „Еволуција на човекот“, каде во пет дела, од пештерски луѓе до роботи со интересна кореографија беше претставена еволуцијата на човекот. За оваа маска, учениците од ООУ „Климент Охридски“ освоија второ место од 28 учесници на регионалниот карневал кој с еодржа во Пробиштип.

Настанот беше во  организација на Општина Делчево, а во соработка со образовните институции во градот и детската градинка „Весели цветови“.

DSC 0023_resize

DSC 0031_resize DSC 0058_resize

DSC 0063_resize DSC 0074_resize

DSC 0077_resize

DSC 0091_resize DSC 0113_resize

DSC 0110_resize

DSC 0134_resize

Актуелности

taxi

Стартната цена на автотакси превозот во Делчево од досегашните 25 денари се зголемува на 30 денари, а цената за изминат километар при возење останува непроменета и ќе изнесува 15 денари, додека за чекање на патниците при вршење на превозот, автотакси превозниците, како и досега, ќе наплаќаат по 3 денари за една минута чекање. Наместо досегашната заштитна цена од 40 денари до 1 поминат километар, според новата тарифа, автотакси превозниците ќе наплаќаат 45 денари.

Повеќе...

Актуелности

low finances

Општина Делчево исплати над 200 илјади денари помалку за плати и времени вработувања за февруари оваа година во споредба со октомври минатата година. Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека изминативе неколку месеци општината ги крати сите непродуктивни трошоци.

-Бруто –платата на вработените во општинската администрација за месец октомври 2017 година изнесува 1.694.891 денари, а за времените вработувања за истиот месец 398.303 денари, додека последната исплатена бруто-плата за оваа година изнесува 1.626.289 денари, а за времени вработувања се исплатени 258.748 денари. Разликата од точно 208.157 денари зборува дека Општина Делчево и јас, како градоначалник, ја реализираме целта да се намалат непродуктивните трошоци со цел да се ослободат повеќе средства за капитални инфраструктурни проекти, рече Трајковски.

Повеќе...

Актуелности

Велигденската изложба на јајца и творби и оваа година по традиција ќе се одржи на Велики четврток,  5 април, со почеток во 12 часот пред Спомен-домот АСНОМ.

Општина Делчево во партнерство со училиштата, локалните институции и здруженија на граѓани, ја организира традиционалната манифестација посветена на големиот христијански празник Велигден на која ќе дојдат до израз креациите и умешноста за аранжирање и бојосување велигденски јајца, но и други творби на тема Велигден.

Повеќе...

Актуелности

stamer

Во фаза на заштита како природна реткост се три локалитети во Општина Делчево. Локалитетот кај Стамер кое е познато палеонтолошко наоѓалишпте на пикерминска фауна, карактеристичниот геолошки профил кај Свегор, како и Киселичката Пештера, спелеолошки објект,чекаат решение за заштита како природна реткост од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во постапката за заштита како природна реткост, а во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР), Општина Делчево изработи три елаборати за валоризација на природната реткост. Прогласувањето на овие три локалитети за природна реткост ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот која е приоритетна цел во ЛЕР на Општина Делчево.

Природната реткост „Карактеристичен геолошки профил во Ѕвегор“ се наоѓа на околу 0,5-1 км северно од селото Ѕвегор, Oпштина Делчево, КО Ѕвегор, на источните падински делови на возвишението Илин камен до патот, односно паралелно со него, за граничниот премин со Р. Бугарија, во должина од околу  0,75 км и средна широчина од стотина метри, значи со приближна површина од 8 до 10 ха и надморска висина од 740-850 м. Карактеристичниот геолошки профил, како во регионална смисла, така и во локални рамки, претставува интересен пример за развојот на делчевско-беровскиот тектонски ров, генезата на среднотријаските маси, односно нивната специфична положба во однос на помладите творевини. Со валоризирањето ќе се придонесе за научно-истражувачки и едукативни цели во контекст на редефинирање на геоеволутивните процеси во тој дел на српско-македонската маса, како типична манифестација, односно продукт на регионалните влијанија и состојби

Пештерата Киселица или Киселичка Дупка се наоѓа во котлината Пијанец, во атарот на с. Киселица, Делчевско. Пештерата се наоѓа на левата долинска страна на безимен поток, кој припаѓа на сливот на Киселичка Река, десна притока на р. Брегалница Главниот (горниот) влез се наоѓа на надморска височина од 770 m. Иако релативно мала, Киселичка Пештера е значајна од повеќе аспекти. Таа претставува ретка регистрирана појава на пештера во источниот дел од Македонија, поточно во Краиштидната тектонска зона, каде досега се регистрирани само две пештери (Киселичка Пештера и Коњска Дупка). Дополнително е значајна и по нејзината појава во мал тектонски блок од тријаски варовници, чија разместеност е многу мала во источниот дел на Македонија. Пристапноста до пештерата е релативно солидна, со оглед дека до оддалеченост од ~700 mсе стигнува по асфалтен пат, по што следи земјен пат, а само последните 100 m се по козја патека. Единствено, горниот влез е тешко пристапен и се наоѓа на карпест отсек на висина од 5 m од патеката.

Локалитетот со пикермиска фосилна фауна „Стамер“ се наоѓа на оддалеченост од 5 km југоисточно од Делчево, во непосредна близина на с. Стамер. Границата започнува од возвишението Кукуле (796 m) од каде што се протега на исток во должина од околу 250 m до пешачка патека. Оттука границата остро свртува во северен правец, пресекува една суводолица и избива на изохипса од 800 m по која се протега во северозападен правец до дното на една суводолица која се формира на источната страна од возвишението Шмрков Чукар (903 m). Одовде границата го менува правецот и се протега во југозападен правец низводно по суводолицата во должина од околу 500 m, потоа ја напушта и правејќи лачно свртување кон исток избива на почетната точка кај возвишението Кукуље. Во овие рамки површината на локалитетот изнесува 25.6 ha.

Палеонтолошкото наоѓалиште кај Стамер, каде се пронајдени значајни фосилни остатоци од пикерминксата фауна има, пред сè, научно значење (еволуционо, палеонтолошко и геолошко), но претставува и природно национално богатство (фосили и минерали). Во околината на с. Стамер, фосилната фауна е видлива на површината на повеќе локалитети поради зголемената ерозија на теренот. Нејзината распространетост е поради поволните услови за живот на крајот на миоценскиот и почетокот на плиоценскиот период, пред сè поради тоа што во минатото овој локалитет бил езеро и имало можност за развој на фауната. Значењето на локалитетите со фосилна фауна откриени во околината на с. Стамер, Делчево, се состои во фактот дека за првпат на овие терени е откриена фосилна фауна со старост меѓу 3 и 7 милиони години, односно фауна од различни геолошки периоди. Тоа е од исклучителна важност за проучувањето на еволуционите процеси на живиот свет, воопшто.

Kiselicka36a


Актуелности

Општина Делчево изработува урбанистичко проектна документација за регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје, во должина од околу 1 км и тоа и возводно и низводно по должината на реката.

Возводно од регулираното корито во централното градско подрачје, проектот ќе опфаќа должина од 500,00 м1, додека низводно од регулирано корито ќе се предвиди кејско уредување во должина од 500 ,32 м1.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0001_resize

Градоначалникот Горан Трајковски денеска организираше прием за кошаркарките од Кошаркарскиот клуб при ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево по повод освоеното вицешампионско место на државниот натпревар во кошарка за основните училишта во државава кој се одржа во Скопје. Градоначалникот Трајковски им го честита освоениот пехар на учениците  и апелираше до сите спортски училишни клубови  од Делчево да го следат нивниот пример.

Повеќе...

Актуелности

old

Ревијата на  олд-тајмери која викендов во Делчево донесе  50 возила од  стари и добро познати марки автомобили, ќе прерасне во традиционална манифестација со што Делчево ќе влезе во семејството европски градови, каде со посебен пиетет се одржуваат ревии на олд тајмери. Ова го истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, при доделување на пехарите за најдобите стари возила кои учествуваа на ревијата.

Повеќе...

Актуелности

Осмата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 30.03.2018 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

Повеќе...

Актуелности

DSC 0002_resize

Со поетско читање на познати стихови од македонски поети, денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“, а во организација на ЈЛБ „Илинден“ се одбележа Светскиот ден на поезијата, 21 Март.Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, истакна дека одлуката, 21 Март да се прославува како светски ден на поезијата е донесена во Париз во 1999 год.

Повеќе...

Актуелности

oldtajmeri

Општина Делчево е покровител на втората ревија на стари автомобили организирана од Здружението „Kings of the roаds“ од Делчево која ќе се одржи на 24 март на паркингот пред градскиот стадион во Делчево. На ревијата свое учество пријавиле вљубеници во old timercars од Виница, Велес, Штип, Струмица, Берово, како и од Делчево, но и од соседна Бугарија од градовите Софија, Симитли, Благоевград, Половдив и претставници од Ретро клуб „пирин“ од Благоевград.

Претседателот на Здружението, Лоренцо Трајановски, најави дека на ревијаta ќе бидат изложени 50-ина ретроавтомобили.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0008_resize

Со цел заштита на животната средина и здравјето на луѓето, а заради решавање на постоечкиот проблем за управување со отпадот на територијата на општина Делчево, Советот на Општината на својата 7. Седница, даде согласност за основање регионална депонија и потребна инфраструктура за Источно- планскиот регион од страна на Владата на Република Македонија согласно со Законот за управување со отпад.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-05-24-08-43-12 Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, денеска во крстилницата...
Објавено на 22 Мај 2018, 07.00 од Д.Чапевски
-27- Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е...
Објавено на 21 Мај 2018, 10.55 од Д.Чапевски
----24-----------24--------- Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод,...
Објавено на 21 Мај 2018, 08.29 од Д.Чапевски
-142-  Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот...
Објавено на 18 Мај 2018, 19.09 од Д.Чапевски
2018-05-18-18-20-48 Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во...
Објавено на 18 Мај 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-05-18-11-00-31 Построени и достоинствени, денеска пожарникарите поднесоа рапорт на градоначалникот Трајковски во рамките на церемонијалниот дел од одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај во ТППЕ...
Објавено на 17 Мај 2018, 07.27 од Д.Чапевски
2018-05-17-06-36-30 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со...
Објавено на 16 Мај 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-05-16-12-56-07 Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на улиците низ градот Делчево. Самото обележување на хоризонталната сигнализација спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се...
Објавено на 15 Мај 2018, 12.07 од Д.Чапевски
2018-05-15-11-10-22 Почнаа градежните работи на улицата „Маршал Тито“ во центарот на градот. Реконструкцијата ќе ја опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“, односно...
Објавено на 14 Мај 2018, 09.14 од Д.Чапевски
2018-05-14-08-20-43   По налог на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, екипи на ЈПКД „Брегалница“  ја исчистија депонијата за градежен шут Ралова Чука која се наоѓа непосредно до влезот на градот...
Објавено на 14 Мај 2018, 08.54 од Д.Чапевски
-142- Општина Делчево со посебна чест и задоволство Ве поканува на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 142 години од Разловечкото востание.По тој повод, на 20 мај во...
Објавено на 11 Мај 2018, 10.53 од Д.Чапевски
2018-05-11-09-55-53 Изведувачот на работите „Реконструкција на дел од улица Маршал Тито“ во Делчево, „ЕСКАВАТОРИ – МК“ СКОПЈЕ, на ден 14.05.2018 ќе започне со изведување градежни работи на дел од улицата „Маршал Тито“ во...
Објавено на 10 Мај 2018, 15.23 од Д.Чапевски
2018-05-14-06-26-43 Минатата година на територијата на општина Делчево се случиле 37 пожари од кои 9 шумски, 16 на отворен простор, при што изгорела 157.1 ха шума, 78.3  ха сува трева и пасишта и 14.904 м3 дрвна маса....
Објавено на 10 Мај 2018, 14.02 од Д.Чапевски
2018-05-10-13-04-16 Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица денеска се одржуваат регионални натпревари за „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите 2018“ каде учество ќе земат екипи од...
Објавено на 09 Мај 2018, 12.04 од Д.Чапевски
2018-05-09-11-13-52 Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа...
Објавено на 09 Мај 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-05-09-10-42-47 Советниците го избраа новиот состав на Советот на млади на Општина Делчево. Ова младинско советодавно тело кое се формира со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општината.  За...
Објавено на 08 Мај 2018, 13.20 од В.Мицевски
-7- Најдобар полициски служебник во општина Делчево е Лилјана Даневска- Богдановска. Таа ја доби традиционалната награда од Општина Делчево која се доделува по повод 7 Мај, Денот на македонската полиција....
Објавено на 08 Мај 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-05-08-11-38-30 На Деветтата редовна седница, делчевските советници едногласно ги донесоа одлуките за  утврдување приоритетни проекти со кои Општина Делчево и трите образовни институции во градот, аплицираат по...
Објавено на 05 Мај 2018, 07.53 од Д.Чапевски
2018-05-05-07-01-10  Вработените во Општина Делчево  денеска се вклучија во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС. Акцијата се спроведува во сите општини во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес113
mod_vvisit_counterВчера1095
mod_vvisit_counterОваа недела113
mod_vvisit_counterПретходна недела7569
mod_vvisit_counterОвој месец30844
mod_vvisit_counterПретходен месец43618
mod_vvisit_counterВкупно1966850

Присутни online: 22
Ваша IP: 54.92.173.9
,
Денес: Мај 28, 2018