Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

Среда, 30.12.2016 година по седумнаесети пат ќе се реализира есенската акција за пошумување „Ден на дрвото“. Акцијата е во организација на Здружението на граѓани ,,Ден на дрвото-засади ја својата иднина,, која е подржана од Владата на Р.Македонија. Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата потребно е со себе да понесат и алат за пошумување (ашов). За оваа година  предвидено е да се пошумуваат 2 локаци.

Повеќе...

Актуелности

mhjasmin1 

Заврши рехабилитацијата на дел од улица "Мито Хаџивасилев Јасмин" на спој со улицата "Маршал Тито".
Претходно крајно неповолна состојба на оштетениот коловоз и деградиран труп на улицата од страна ендекот "Грозданец" како и надвиснатата карпа која ја ограничуваше улицата која никогаш не беше изградена со нејзината целосна ширина од 6 метри беа ограничувачки фактори кои пречеа на нормалното користење на коловозот од страна на возачите.

Повеќе...

Актуелности

  

 DSC 0005_resize DSC 01

Во Делчево деновиве во тек е реализација на редица градежни проекти во неколку делови од градот. Имено во населбата Стар Расадник на ул. Мито Х. Јасмин на спој со ул. Маршал Тито односно раскрсницата кај ветеринарната станица се работи на разбивање на постоечка карпа и проширување на коловозот, а воедно од страната на ендекот Грозданец се работи на изградба на потпорен ѕид за стабилизирање на земјиштето.

Повеќе...

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелности

grozdanec1 grozdanec2

На уште едно барање на жителите на Урбаната заедница „Стар Расадник“ за решавање на тековни проблеми позитивно е одговорено и пристапено кон решавање на истите од страна на Општина Делчево предводена од градоначалникот Дарко Шехтански.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0009_resize DSC 0006_resize

На барање на жителите на оваа населба ќе се создадат подобри услови за користење на улицата која е од огромно значење за самите жители, како за возилата така и за пешаците. Постоењето на карпата од едната страна и целосно руинираниот заштитен бетонски ѕид на ендекот од другата страна на улицата допринесуваа за субстандардните услови за користење на истата. Со рушење на дел од карпата и обезбедување на потпорниот ѕид, значително ке се подобрат сообраќајните услови за користење на оваа постојна значајна сообраќајница.По подготовките кои се во тек, овој дел од улицата ќе биде асфалтиран со нов асфалт.

Повеќе...

Актуелности

4

Градоначалникот Дарко Шехтански и претседателот на Советот Драган Христов денес (17.11.2016) извршија увид во веќе започнатите градежни работи за асфалтирање на делница од 300 метри на локалниот пат с.Турија - с.Трстија.

Повеќе...

Актуелности

zv1 zv2

Како што беше најавено предходната недела кога воедно запиочнаа и подготвителните активности, еве денес се започна со асфалтирање на улица бр.2 во населбата Ѕвегорска река. ќе бидат асфалтирани 75 метри од оваа улица, средствата се обезбедени од АФПЗРР и Општина Делчево.

Повеќе...

Актуелности

44.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 14.11.2016 (понеделник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

Повеќе...

Актуелности

trabotivishte 1 trabotivishte 2

Како што беше најавено кога започнаа подготвителните активности за асфалтирање на нова улица во с.Тработивиште, еве денес се започна, а воедно и ќе заврши асфалтирањето на истата. Станува збор за изградба на нова улица во должина од 130 метри со ширина на коловозната лента од 3,5 метри и банкини од двете страни по 0,75м. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Повеќе...

Актуелности

IMG 0173_resize IMG 0176_resize

Во рамки на кампањата „Секој ден да е безбеден“ која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  координирана преку Oпштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево учениците од Општинските Основни училишта  „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прќе“ од Делчево упатија апел до возачите за нивно одговорно учество во сообраќајот.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0028_resize DSC 0027_resize

Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ работат на изградба на фекална канализација во населбата Басарица. Според проектната документација ќе бидат вградени ПВЦ коругирани цевки со различен  дијаметар и тоа : Цевки со дијаметар Ф200 = 336 метри, цевки со дијаметар Ф250 =53 метри  и цевки со дијаметар Ф300 = 140 метри.

Повеќе...

Актуелности

Покана за присуство на состанокот на МЗ„Звегорска река“ кој ќе се одржи на ден 02.11.2016 година, во просториите на продавницата на ТОМЧО, со почеток во 18.30 часот со следниот 

ДНЕВЕН РЕД

Повеќе...

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелности

DSC 0006_6resize

Започната е изградба на нова улица во с.Тработивиште. Станува збор за изградба на нова улица во должина од 130 метри со ширина на коловозната лента од 3,5 метри и банкини од двете страни по 0,75м. Подготвителните активности се веќе започнати, се работи на расчистување на теренот и подготовка на подлогата по што во наредните неколку денови ќе следи и асфалтирање на истата. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Повеќе...

Актуелности

DSC 0032_resize DSC 0033_resize

Во рамки на редовните активности на градоначалникот Дарко Шехтански за посета на населените места во општината, денес беше извршена посета на с.Разловци. Со месното население беше разговарано околу тековните проблеми со кои се соочуваат жителите и изнаоѓање на начини за нивно решавање. Особено позитивен одзив од мештаните се започнатите активности за реконструкција на мостот на р.Брегалница чија што структура и статика беше нарушена после последните поплави кои се случија во овој регион.

Повеќе...

Актуелности


На следната интернет врска е прикачен 
Просторниот План за Источно Плански регион и Извештај за стратегиска оцена за животна средина (Нацрт-Извештај)Сите мислења, забелешки, предлози, коментари и прашања по однос на двата документи може да се достават и писмено на адреса на Министерството за животна средина и просторно планирање: Бул.,,Гоце Делчев,,бр.18(зграда на МРТВ, 10-ти кат)Скопје, или пак во електронска форма на е-mail:d. Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Последни актуелни информации

Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 10 Август 2017, 08.20 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-23-56 Започнаа главните градежно-оперативни работи за реконструкција на улица "Питу Гули" во населбата Милково брдо во Делчево. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во оваа населба, по која...
Објавено на 09 Август 2017, 08.35 од Д.Чапевски
------q---2017q Граѓаните на Општина Делчево можат да бидат горди на својата преубава традиција. Врвот на планината Голак повторно беше гнездо за починка и рекреација на голем број на добронамерници кои со сета своја...
Објавено на 08 Август 2017, 08.27 од Д.Чапевски
-q-2017q Синоќа се реализираше прекрасна прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017" кој се одржува по 23-ти пат во нашата општина.Главната завршна манифестација ќе се...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...
Објавено на 08 Јули 2017, 18.55 од Д.Чапевски
2017-07-10-11-06-23  Денес (Сабота 08.07.2017 година) започнавме со асфалтирање на локален пат во село Драмче. Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата...
Објавено на 07 Јули 2017, 11.20 од Д.Чапевски
2017-07-10-10-29-56 Како што најавивме пред неколку дена, еве денес (07.07.2017год.) се дојде и до финалната фаза од реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница. Во тек се градежни активности за поставување на нов...
Објавено на 05 Јули 2017, 08.32 од Д.Чапевски
-022017-23062017-            Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за...
Објавено на 04 Јули 2017, 14.39 од Д.Чапевски
2017-07-06-09-43-03 Поради изразито лошата состојба на ул. Кеј на Брегалница, на барање на жителите кои гравитираат во овој дел од градот се започна со реконструкција на оваа улица. Изминатите неколку денови се работеше на...
Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес271
mod_vvisit_counterВчера1150
mod_vvisit_counterОваа недела3655
mod_vvisit_counterПретходна недела5448
mod_vvisit_counterОвој месец16020
mod_vvisit_counterПретходен месец25368
mod_vvisit_counterВкупно1668294

Присутни online: 21
Ваша IP: 54.92.158.65
,
Денес: Сеп 22, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.