Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности


На 16.01.2015 (Петок) во кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчево се одржа состанок со директорите на двете основни и средното училиште од општина Делчево во врска со најавениот штрајк во образованието.

Констатирано е дека нема никакви околности за одржување на штрајк на вработените во образованието и второто полугодие ќе започне како што е предвидено.

Најдобро е наставно – научниот процес и за учениците и за професорите нормално да продолжи по распустот,  бидејќи сите услови за беспрекорно функционирање на наставатa се обезбедени и нема никакви пречки истата да започне на време.

Актуелности

IMG 9672_resize

Среда, 14.01.2015 во с.Ѕвегор, Делчево се одржа традиционалниот фестивал под маски „Ѕвегорска Сурова 2015“. Како и секоја година овој значаен културно уметнички настан се одржува на  Стара Нова година или помеѓу народот попозната како Василица. Василичарскиот обичај под маски Сурова етнолозите уште го нарекуваат подвижен театар.

Повеќе...

Актуелности

plakati

Денес, 12.01.2015 година во просториите на Општина Делчево се одржа пресконференција во врска со престојната традиционална манифестација „ЅВЕГОРСКА СУРОВА 2015“. Годинава оваа манифестација е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

Повеќе...

Актуелности

IMG 8903_resize

Градоначалникот Дарко Шехтански во придружба на раководителите од различните одделенија при Општина Делчево денес беше во посета на првото новороденче за 2015 година. Тој  ја искористи оваа можност на пресреќната мајка да и ја честита рожбата на здраво машко бебе и да им посака нејзе и на малото бебенце многу здравје, среќа, успеси во животот. По тој повод тој им додели подарок,  решение за еднократна парична помош во вредност од 10 000 денари.

Инаку бебето е родено на 04 јануари 2015 година во 08.30 часот и е со тежина од 3.400 грама. Како што истакна пресреќната мајка Радмила Јанчевска, малиот Божидар е трето дете во фамилијата Јанчевски. 

Повеќе...

Актуелности

IMG 8816_resize

Денес, 30.12.2014 година традиционално по шести пат, во организација на Општина Делчево и градоначалникот Дарко Шехтански во соработка со голем број на фирми и компании од Делчево како и фирми со кои соработува или соработувала општината беше организирана голема предновогодишна забава за најмладите дечиња. Ниту екстремно ниските температури не успеаа да го стишат детскиот џагор, ниту да ги свалат искрените насмевки од нивните лица. Тие заедно со своите наставнички и родители ја проследија богатата новогодишна програма. Секако забавата не може да се каже дека е новогодишна без присуството на Дедо Мраз. Тој и овааа година ги почести дечињата со своето присуство а воедно им подели и новогодишни пакетчиња.

Повеќе...

Актуелности

IMG 8763_resize

IMG 8767_resize IMG 8770_resize

Наставничките и негувателките од ОЈУДГ „Весели Цветови“ Делчево, денес (30.12.2014 година) организираа новогодишна претстава за дечињата во градинката. Дечињата беа видно возбудени од едночасовната претстава и со огромно внимание ја проследија целата. Со свое присуство ги почестија и градоначалникот Дарко Шехтански со претставници од ЕЛС Делчево. И оваа година градоначалникот во соработка со фирмите и компаниите обезбедија новогодишни пакетчиња кои им беа разделени на дечињата по претставата.

Повеќе...

Актуелности

IMG 8757_resize IMG 8758_resize

Градоначалникот Дарко Шехтански денес беше во неочекувана посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево. Повод за оваа посета се претстојните божиќни и новогодишни празници при што градоначалникот ја искористи можноста да им ја честита новата 2015 година и на лицата од оваа установа им посака сите оние работи кои тие ги имаат зацртано, а ги споделија со него да им се исполнат.

И годинава пакетчињата се обезбедени покрај од општинскиот буџет така и во соработка со приватните стопанственици од Делчево како и фирми и компании соработници на Општина Делчево од други градови.

Повеќе...

Актуелности

IMG 8519_resize IMG 8522_resize

По одржаната прва и официјална пресконференција на која беше претставен проектот од прекуграничната соработка финансиран од Европската унија преку ИПА фондовите во рамки на програмата за прекугранична соработка во кој партнери се СОУ „М.М Брицо“ од Делчево и Седмо СОУ „Кузман Шапкарев“ од Благоевград, Р. Бугарија. На која како крајна цел од овој проект беше најавено дека СОУ „М.М Брицо“ ќе добие изградени и целосно опремени 6 нови училници, деновиве навремено и според план започнаа градежните активности.

Повеќе...

Актуелности

 MG_8351_resize  MG_8352_resize

Вчера, 25.12.2014 Советот на Општина Делчево ја одржа Дваесет и третата седница. Седницата се одржа во во  салата на  ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток во  14.00 часот.

За седницата беа предложени 26 точки на дневен ред, а воедно Претседателот на Советот г-дин Драган Христов даде предлог за уште една дополнителна точка – Одлука за давање на согласност за почеток и завршеток на работно време на ОЈУДГ „Весели Цветови“.

Повеќе...

Актуелности

 MG_8335_resize  MG_8337_resize

Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), денес во ООУ„Ванчо Прке“ Делчево се одржа работилница на која свое учество зедоа учениците, нивните родители и наставниот кадар во училиштето. Важно е да се напомене дека во оваа работилница активно беа вклучени лица од повеќе етнички заедници кои живеат во нашиот град, кои заедно изработуваа новогодишни украси, честитки и подароци на беа напишани новогодишни пораки на јазиците на националчностите кои живеат на територијата на нашата општина.

Повеќе...

Актуелности

NY2015

И оваа година традиционално во пресрет на новогодишните и божиќните празници Општина Делчево предводена од градоначалникот Дарко Шехтански во соработка со бизнис секторот, основните училишта, детската градинка, КУД „Гоце Делчев“ организира новогодишна забава за најмладите.

Забавата  е предвидено да се одржи пред Спомен домот „АСНОМ“ на 30.12.2014 година (вторник) со почеток во 11 часот.

Актуелности

 MG_8307_resize

Учениците од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево денес, 23.12.2014 година беа во посета на Општина Делчево при што на Градоначалникот и вработените им приредија неочекувано и особено оригинално изненадување по повод претстојните божиќни и новогодишни празници.

Повеќе...

Актуелности

На ден 25.12.2014  година (четврток), Советот на Општина Делчево ќе ја одржи Дваесет и третата седница. Седницата ќе се одржи во  салата на  ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток во  14.00 часот.

Повеќе...

Актуелности

 MG_7995_resize

Во просториите на Општина Делчево се одржа инфо ден на програмата Цивика Мобилитас. Цивика Мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој (СДЦ), а ја спроведува НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

Повеќе...

Актуелности

m

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ДЕНОВИ НА МЛАДИНСКО ВМРЕЖУВАЊЕ ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ

Младински образовен форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог, заедно со 12 иницијативни одбори за основање на локални младински совети ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во 12 општини. Овие настани ќе се случуваат во 12те општини кои се дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“, поддржан од Европската Унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина Центар, Чаир, Велес, Тетово, Струга, Битола, Кичево, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино и Липково, а води кон нивна поголема соработка и поставување на основите за основање на локалните младински совети во овие општнини.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...
Објавено на 20 Август 2019, 08.15 од Д.Чапевски
-7- Денес имаме убави вести за Општина Делчево од Министерството за Финансии , ќе се реконструираат улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и улица 7 во населба СРЦ Денеска во Министерството за финансии со...
Објавено на 16 Август 2019, 08.23 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-26-49 Започнуваат градежните работи за рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево со што, конечно, државниот пат А3 кој поминува низ Делчево, ќе добие лик на современа сообраќајница,...
Објавено на 09 Август 2019, 22.49 од Д.Чапевски
2019-08-09-22-15-05 Илјадници гости дел од спектакуларниот концерт на незаменливата Данијела Мартиновиќ и на предгрупите Дикато бенд и Троја бенд. Крајот на забавата го означија делчевците од The...
Објавено на 09 Август 2019, 14.14 од Д.Чапевски
2019-08-09-13-17-34   Ѕвездата на вечерта, Данијела Мартиновиќ, пристигна во Делчево. Првата средба ја имаше со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која Трајковски ја запозна гостинката со спецификите на...
Објавено на 09 Август 2019, 12.52 од Д.Чапевски
-3- Изведувачот ГРАНИТ АД Скопје на ден 12.08.2019 година (понеделник) ќе започне со изведување градежни работи во рамки на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево,...
Објавено на 09 Август 2019, 06.52 од Д.Чапевски
2019-08-09-06-19-20   Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај...
Објавено на 08 Август 2019, 14.06 од Д.Чапевски
-20192020 Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“...
Објавено на 07 Август 2019, 16.36 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-40-02 Со цел поголема безбедност во сообраќајот во Делчево и на Голак, а во пресрет на централните настани од манифестацијата „Делчевско лето 2019“ кога се очекуваат поголем број гости, денеска претставници...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1557
mod_vvisit_counterВчера2242
mod_vvisit_counterОваа недела1557
mod_vvisit_counterПретходна недела14911
mod_vvisit_counterОвој месец31252
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2932528

Присутни online: 19
Ваша IP: 3.93.75.30
,
Денес: Сеп 15, 2019