ИНФОРМАЦИЈА За кандидатите кои конкурирале на јавниот конкурс за членови на комисии за пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи

Печати

Категорија-Минати соопштенија

Почитувани,

Државната пописна комисија Ве известува дека е утврден терминот за тестирање на лицата

кои аплицирале на јавниот оглас за ангажирање на членови на комисии на пописен реон,

реонски инструктори и реонски попишувачи.

Тестирањето ќе се одржи на 5 Март (сабота) 2011 година. Почетокот на тестирањето ќе биде во 12.00 часот.

Ве известуваме дека тестирањето на лицата кои аплицирале на јавниот оглас за  ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи за општина Делчево ќе се одржи во просториите на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево.

Со оглед на големиот интерес на лица кои аплицирале на Јавниот конкурс за ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи, како и определбата на Државната пописна комисија за квалитетен и правичен избор со рамноправен пристап кон сите кандидати, се повикуваат сите кои аплицирале на Јавниот конкурс да дојдат во определените училишта за тестирање најдоцна до 11:20 часот и да се пријават кај лицата кои се определени од Државната пописна комисија.

Ви посакуваме успех на тестирањето и однапред Ви благодариме.

ДРЖАВНА ПОПИСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark