Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

О Г Л А С За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

О Г Л А С

За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање

Врз основа на точка 3 и 5 од Правилникот  за условите и начинот за продажба и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево бр.07-461/10 од 14.07.2009 година и Одлуката за отуѓување на основни средства-задружни домови и друг недвижен имот во селата а сопственост на Општина Делчево број 07-2006/1  од 29.10.2010 Комисијата за продажба и давање на користење ствари  во сопственост на Општина Делчево распишува

О Г Л А С

За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање

-Податоци за стварите кои се предмет на огласот:

1.Основно средство-Задружен дом во село Стар Истевник сопственост на Општина Делчево со К.П. број 1508 со вкупна површина од 769 м2 и заведен во имотен лист 660.

Почетната вредност за објектот под реден број 5. изнесува 2.088.388,00 денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 400.000,00 денари

2.Основно средство-Пензионерски дом во село Тработивиште сопственост на Општина Делчево со К.П. број 709 со вкупна површина од 138 м2 и двор 191 м2 заведен во имотен лист 451.

Почетната вредност за објектот под реден број 6. изнесува 579.768,00  денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 120.000,00 денари

3.Основно средство-Задружен дом во село Тработивиште сопственост на Општина Делчево со К.П. број 794/1 со вкупна површина од 738 м2 заведен во имотен лист 6.

Почетната вредност за објектот под реден број 7. изнесува 3.073.708,00  денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 600.000,00 денари

4.Основно средство-Задружен Дом во село Габрово сопственост на Општина Делчево со К.П. број 10344 со површина од 1241 м2 и двор 1676 м2 заведен во имотен лист 705 во К.О. Габрово.

Почетната вредност за објектот под реден број 8. изнесува 2.216.867,00 денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 450.000,00 денари

5.Основно средство-Задружен Дом во село Град сопственост на Општина Делчево со К.П. број 6265 со површина од 677 м2 и двор 384 м2 на К.П. број 6265 и 793 м2 на К.П. број  6261  заведен во имотен лист 1221 во К.О. Град.

Почетната вредност за објектот под реден број 9. изнесува 2.491.819,00  денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 500.000,00 денари

6. Основно средство-Задружен дом во село Вирче сопственост на Општина Делчево со К.П. број 991 на површина од 706 м2 заведен во имотен лист 991 во К.О. Вирче.

Почетната вредност за објектот под реден број 10 изнесува 2,220,273,00 денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 450.000,00 денари

(Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавањ не може да биде помала од 20% од почетната цена на вредност  на објектот)

-Стварта односно деловната просторија која што е прдемет на продажба се дава во видена состојба т.е. може да се види од заинтересираната страна во определено договорено време

-Сметка на која се уплаќа депозитот е:

Жиро сметка на Општина Делчево 720014032063012 , приходна шифра 725939

-Рок за уплата на депозитот:

Рок за уплата на депозитот е до денот и часот предевиден за јавно наддавање

-Огласот го распишува:

Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево формирана од Градоначалникот на Општина Делчево

-Рок на траење на Огласот изнесува 5 дена сметано од денот на објавувањето

-Начин на пријавување:

Во затворен коверт на кој се назначува до Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево,во кој се ставаат сите потребно документи објавени во овој оглас

-Критериум за избор е:

Највисоко постигната цена на јавно наддавање

-Начин на плаќање на износот за продажба на просториите:

Во готово во денари

-Потребна документација за пријавување:

-Лична карта или патна исправа за физичко лице односно Извод од централен регистер за правно лице(ДРД образец)

-Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци,придонеси и други јавни давачки не постара од 6(шест) месеци

-Документ за бонитет од Централниот регистер или нотарски заверена копија не постара од 6(шест)месеци

Депозитот на кандидатите кои не се изберени како најповолни се враќа во рок од 8 дена сметано од денот на донесување на Одлука за продажба на објект-просториите

Посебни услови:

- Јавното наддавање се смета за уредно ако учествуваат минимум двајца учесници во јавното наддавање

- Ако на објавениот оглас не се јават заинтересирани лица се распишува и објавува повторен оглас

- Ако и по повторниот оглас не се јават заинтересирани лица,се склучува непосредна спогодба со единствено заинтересирано лице

- Уплатениот депозит се засметува во постигнатата цена за продажба на објектите

Понудата нема да се прифати на понудувач кој должи на Општина Делчево по било кој основ

Јавното наддавање ке се одржи на ден 22.07.2011 година со почеток во  09.00 во просториите на Општина Делчево(Општински центар за услуги).

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

ГОРАН МАЛЕШЕВСКИ

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 23 Октомври 2017, 10.10 од Д.Чапевски
-23-2017 Со полагање на буќети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...
Објавено на 13 Октомври 2017, 08.37 од Д.Чапевски
2017-10-13-07-45-07 Имајќи го предвид Нацрт записникот на Дваесет и шестата седница на Владата на Република Македонија одржана на 05.09.2017 година, а во врска со Декларативните заложби на Владата на Република Македонија...
Објавено на 05 Октомври 2017, 12.57 од Д.Чапевски
-11-     По повод 11-ТИ ОКТОМВРИ -  “Ден на  востанието на македонскиот народ“, Општина Делчево предовдена од градоначалникот Дарко Шехтански Ве поканува свечено да го прославиме...
Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 10 Август 2017, 08.20 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-23-56 Започнаа главните градежно-оперативни работи за реконструкција на улица "Питу Гули" во населбата Милково брдо во Делчево. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во оваа населба, по која...
Објавено на 09 Август 2017, 08.35 од Д.Чапевски
------q---2017q Граѓаните на Општина Делчево можат да бидат горди на својата преубава традиција. Врвот на планината Голак повторно беше гнездо за починка и рекреација на голем број на добронамерници кои со сета своја...
Објавено на 08 Август 2017, 08.27 од Д.Чапевски
-q-2017q Синоќа се реализираше прекрасна прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017" кој се одржува по 23-ти пат во нашата општина.Главната завршна манифестација ќе се...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес315
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела315
mod_vvisit_counterПретходна недела5034
mod_vvisit_counterОвој месец20383
mod_vvisit_counterПретходен месец25923
mod_vvisit_counterВкупно1697769

Присутни online: 12
Ваша IP: 54.224.155.169
,
Денес: Окт 23, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.