Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Категорија-Тековни соопштенија

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ДУП за УЕ 2, дел од урбан блок 2.1 - кожара, КО Делчево

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на барање на мислење доставено од страна на Општина Делчево до Министерство за животна средина и просторно планирање - Сектор за просторно планирање под бр.15-3303/1 од 03.05.2016 година поврзано со носење на планска документација ДУП за урбана единица 2 , дел од урбан блок 2.1- Кожара, Општина Делчево, доставено е известување дека Стратегиската оцена за влијание врз животната средина се прифаќа од страна на министерството за животна средина и просторно планирање.

ОГЛАС ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ ЛИНИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15 и 37/2016) и член 3, 4, 5, 6 и 7 од Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-296/1 од 02.02.2012 година и член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-2328/1 од 27.09.2012 година, Општина Делчево распишува оглас за доделување линии за вршење на линиски општински превоз на патници на подрачјето на општина Делчево на следните релации:

 

  • ЛИНИЈА БР.1: ДЕЛЧЕВО-с.ГАБРОВО
  • ЛИНИЈА БР.2: ДЕЛЧЕВО-с.ЗВЕГОР
  • ЛИНИЈА БР.3: ДЕЛЧЕВО-с.СТАМЕР
  • ЛИНИЈА БР.4: ДЕЛЧЕВО-с.ГРАД
  • ЛИНИЈА БР.5: ДЕЛЧЕВО-с.ВИРЧЕ
  • ЛИНИЈА БР.6: ДЕЛЧЕВО-с.ТРАБОТИВИШТЕ
  • ЛИНИЈА БР.7: ДЕЛЧЕВО-с.СТАР ИСТЕВНИК-с.НОВ ИСТЕВНИК
  • ЛИНИЈА БР.8: ДЕЛЧЕВО-с.РАЗЛОВЦИ
  • ЛИНИЈА БР.9: ДЕЛЧЕВО-ГОЛАК (сабота и недела)
  • ЛИНИЈА БР.10: ДЕЛЧЕВО-с.БИГЛА-с.ИЛИОВО-с.ТУРИЈА
  • ЛИНИЈА БР.11: ДЕЛЧЕВО-с.ОЧИПАЛА-с.ДРАМЧЕ
  • ЛИНИЈА БР.12: ДЕЛЧЕВО-с.ВЕТРЕН-с.КИСЕЛИЦА
  • ЛИНИЈА БР.13: ДЕЛЧЕВО-ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „ДЕЛЧЕВО“


Целиот оглас можете да го прегледате на следната интернет врска тука

Покана за учество во проектот „Соседска патрола“

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

На 17.10.2015 година (сабота), Полициската станица од општа надлежност Делчево ќе го реализира проектот „Соседска патрола“. Во рамки на проектот ќе бидат вклучени заинтересирани граѓани кои заедно со полицијата ќе патролираат во урбана заедница „Втори реон“, со цел поголема сигурност и безбедност на граѓаните на населеното место и безбедносниот реон.

Сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во реализацијата на проектот, да дојдат во салата за состаноци во ПС од Он Делчево на ден 17.10.2015 година (сабота) каде што подетално ќе бидат информирани околу активностите кои ќе се превземат за отпочнуање и реализација на проектот.

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното:

 СООПШТЕНИЕ
Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Делчево, дека се распишува:
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), во третиот квартал од 2015год.

  • Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае 31 ден, сметано од објавата во дневното гласило “Нова Македонија”.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Делчево, www. delcevo.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Делчево или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Делчево за 2015год.
  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

006 resize

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА - Презакажана театарската претстава „Парче Душа“

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Почитувани,

Театарската претстава Парче Душа која беше планирана да се реализира денеска 24.07.2015 година (ПЕТОК) се презакажува за ден 29.07.2015 година среда во 20.00 часот во спомен домот на АСНОМ во Делчево.

Театарската претстава е дел од „ ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН“ 2015 година  и истата се реализира во соработка и со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија.

Последни актуелни информации

Објавено на 20 Април 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-04-20-11-00-45 Општина Делчево ги обновува веќе поставените легнати пречки за забавување на движењето во сообраќајот со цел да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на улиците во градот...
Објавено на 19 Април 2018, 14.23 од Д.Чапевски
2018-04-19-13-25-27 НВО „Регионален центар за застапување“ во партнерство со Општина Делчево ја одржа првата работилница во врска со изработката на Стратегија за соработката со граѓанскиот сектор. На работилницата...
Објавено на 19 Април 2018, 08.37 од Д.Чапевски
2018-04-19-08-27-42 Врз основа на член 50став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа(Службен Весник на Република Македонијабр.5/2002) и член 19-а од Законот за јавни претпријатија(Службен Весник на Република Македонија...
Објавено на 19 Април 2018, 08.37 од Д.Чапевски
2018-04-19-07-41-43 Невладиниот сектор во Делчево во партнерство на институции од надлежност на социјалната заштита и Општина Делчево, ќе го изработуваат првиот Акциски план за социјална заштита за Општина Делчево. На...
Објавено на 18 Април 2018, 14.06 од Д.Чапевски
2018-04-18-13-09-45 Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“ имаат чест да Ве поканат на изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“ од историчарот Рубинчо Белчески од НУ Завод и заштита на спомениците и Музеј Прилеп, а по повод...
Објавено на 17 Април 2018, 14.53 од Д.Чапевски
2018-04-17-13-55-00 Во делчевската гимназија „М.М.Брицо“ во учебната 2018/2019 година можат да се запишат 272 ученици во 8 паралелки. Ова е предвидено врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни...
Објавено на 16 Април 2018, 14.20 од Д.Чапевски
2018-04-16-13-24-44 Делчево викендов беше домаќин на Третото коло на Првата и Младинската бокс лига.Овој несекојдневен спортски настан во Делчево предизвика голем интерес кај публиката, а настанот беше на иницијатива на...
Објавено на 16 Април 2018, 12.36 од Д.Чапевски
2018-04-16-11-39-26 Детски играчки и школски прибор за детската градинка „Весели цветови“ денеска донираше ЈЛБ „Илинден“. Средствата за оваа донација се обезбедени од Велигденската изложба, а како што истакна директорката...
Објавено на 16 Април 2018, 12.31 од Д.Чапевски
2018-04-16-11-34-43 Делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ со низа свечености го одбележа својот патронен празник. Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници  од...
Објавено на 13 Април 2018, 10.49 од Д.Чапевски
2018-04-13-09-51-15 Општина Делчево ги информира граѓаните дека е зголемена опасноста од појава на шумски пожари и во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и согласно со Законот за заштита и спасување и Законот...
Објавено на 13 Април 2018, 10.25 од Д.Чапевски
2018-04-13-09-26-28 Женската ракометна екипа од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево е новиот училишен државен првак во женски ракомет. Во финалето,делчевки славеа над екипата на ООУ „Владимир Полежиноски“ од Кичево со 23:21 со што...
Објавено на 13 Април 2018, 08.16 од Д.Чапевски
2018-04-13-07-18-55 Напомена: Видеото е превземено од порталот https://delcevo365.mk
Објавено на 12 Април 2018, 14.20 од Д.Чапевски
2018-04-12-13-22-59 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска присуствуваше на работната средба на градоначалници од пограничните региони на Македонија и Бугарија која се одржа во Куманово и на која се...
Објавено на 12 Април 2018, 12.32 од Д.Чапевски
2018-04-12-11-41-54 Со победа на женската ракометна екипа од ООУ„Владо Полежиноски" од Кичево  над ракометарките од ООУ „Маршал Тито" од Муртино , стартуваше државното првенство во ракомет што денеска се одржува во...
Објавено на 11 Април 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-04-11-10-46-46 Делчевското основно училиште „Ванчо Прке“ ќе биде домаќин на Државното првенство во ракомет за девојки кое ќе се одржи на на 12.04.2018, четврток со почеток во 11 часот во спортската сала на СОУ„ Методи...
Објавено на 11 Април 2018, 09.21 од Д.Чапевски
2018-04-11-08-30-43 Заврши проектот „Подобри услуги за подобри луѓе“ во рамките на Програмата „Општинско- корисна работа 2017 година“ со која беа ангажирани 15 невработени лица кои опслужуваа месечно 419 крајни корисници...
Објавено на 10 Април 2018, 08.57 од Д.Чапевски
2018-04-11-08-01-49 Себаад Зекировска, ученичка во трета година во делчевската гимназија ја доби паричната награда од 10.000 денари од Општина Делчево за најдобар средношколец Ром која Општина Делчево ја доделува...
Објавено на 05 Април 2018, 21.26 од Д.Чапевски
2018-04-05-20-28-08 Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, кога ја славиме победата на животот над смртта, на доброто над лошто, на светлината над темнината, Ви испраќам порака да ја дочекаме веста...
Објавено на 05 Април 2018, 16.02 од Д.Чапевски
-2018 Над 2000 велигденско обоени јајца, десетици цртежи со велигденска содржина, најразлични велигденски декорации, донесе денешната „Велигденската изложба“ . Комисијата имаше тешка задача да ги одбере...
Објавено на 05 Април 2018, 15.49 од Д.Чапевски
2018-04-05-20-22-25 На овие простори отсекогаш егзистирале различности, но меѓуетничката и меѓуверската толеранција, соживотот, биле на едно високо ниво во сите сегменти на секојдневното живеење, затоа сакаме да ја...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1033
mod_vvisit_counterВчера1634
mod_vvisit_counterОваа недела9721
mod_vvisit_counterПретходна недела7469
mod_vvisit_counterОвој месец27332
mod_vvisit_counterПретходен месец38587
mod_vvisit_counterВкупно1921229

Присутни online: 20
Ваша IP: 54.198.134.127
,
Денес: Апр 21, 2018