Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Категорија-Минати честитки

Честитка за Св.Климент Охридски

Печати PDF

Категорија-Минати честитки

Thumbnail image

Честит и вековит празникот на големиот просветител Св.Климент Охридски

Thumbnail imageГрадоначалникот г-дин Горан Малешевски,  на сите граѓани на општина Делчево, и Република Македонија им го честита празникот на еден од најважните личности од Македонската историја Денот на Св.Климент Охридски.

Значењето на овој просветител, учител и духовен водач во Македонската историја е огромно, и неговиот живот и дело претставува еден од камените темелници на македонскиот идентитет и постоење. Св. Климент заедно со Св. Наум претставуваат двајца од најистакнатите ученици на Светите Кирил и Методи и основоположници на охридската духовна и книжевна школа во лицето на првиот балкански универзитет (втор во Европа). Преку писменоста која произлегла како резултат на оваа школа, се манифестираат придобивките на современата македонска писменост, чиј корен и почетоци наоѓаме токму во Св.Климентовиот универзитет во Охрид. Светителот Климент е роден околу 840-тата година, не е познато каде во Македонија но најверојатно (според претпоставките на научниците) во близината на Солун. Уште од раните почетоци на работата на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, тој се покажал како еден од најумешните и најдаровитите ученици. Со своите учители учествувал на многу мисии за ширење на писменоста и учењето на светото писмо.

Се упокоил во духот на својот создател на 9-ти август 916 година во Охрид каде сега во црквата Свети Климент-Света Богородица Перивлептос, почиваат неговите чудотворни мошти.

Република Македонија по петти пат го празнува Денот на Свети Климент Охридски со највисоки државни почести , откако со одлука на Владата на Република Македонија, 8-ми декември беше прогласен за државен празник.

Срекни велигденски празници

Печати PDF

Категорија-Минати честитки

Thumbnail image

Мир, благосостојба, љубов, меѓусебна почит и толеранција на сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија во пресрет на претстојните велигденски празници, им посакуваат Градоначалникот на Општина Делчево г-дин, Горан Малешевски и Претседателот на Советот на Општина Делчево, г-дин Тони Трајановски. Со желби за успех во работата и спокојство во семејството на сите граѓани во општината и државата, кон честитките по повод најголемиот христијански празник, се придружуваат и сите вработени на ЕЛС Делчево.

Срекна нова 2011 год.

Печати PDF

Категорија-Минати честитки

Градоначалникот  г-дин Горан Малешевски на сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија им посакува Среќни новогодишни и божиќни празници.
Thumbnail image
Кликни на сликата за преглед во поголем формат

Последни актуелни информации

Објавено на 15 Октомври 2018, 14.56 од Д.Чапевски
2018-10-15-13-57-45 Во организација на Меѓуопштинското здружение на слепи лица од Кочани и Сојузот на слепите од Благоевград, соседна Бугарија, денеска во Делчево се одржа 5-та по ред прекугранична средба на слепите лица...
Објавено на 11 Октомври 2018, 09.38 од Д.Чапевски
-77-   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ја одбележа 77-годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание. Пред Споменикот на паднатите борци, делегација од Општина Делчево предводена...
Објавено на 09 Октомври 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-10-09-13-06-47 Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО -  ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот,...
Објавено на 09 Октомври 2018, 13.55 од Д.Чапевски
-5-3- Врз основа на Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ” бр. 147/08 и 45/11)...
Објавено на 09 Октомври 2018, 08.05 од Д.Чапевски
2018-10-09-07-07-34 Од вчера (08.10.2018 година) е ставен во функција елетричниот полнач за електрични автомобили во Делчево кој се наоѓа на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ. Заинтересираните граѓани кои имаат електрични...
Објавено на 08 Октомври 2018, 14.50 од Д.Чапевски
2018-10-08-13-52-04 Општина Делчево ги информира граѓаните кои овој период варат ракија дека не смеат да го фрлаат комињето во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување. Поради евидентираните случаи за...
Објавено на 08 Октомври 2018, 10.27 од Д.Чапевски
2018-10-08-09-28-48 По повод Светскиот ден на учителот, на традиционална свеченост во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите просветни работници во двете основни училишта, како и во средното училиште во...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.26 од В.Мицевски
2018-10-05-11-33-47 Четиринаесетата Седницата ќе се одржи на 09.10.2018 (вторник) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.16 од В.Мицевски
2018-10-05-11-24-27 Сто педесет дечиња од детските градинки од Источна Македонија денеска во Делчево се натпреваруваа во детските „Игри без граници“. Годинава во организација на делчевската детска градинка „Весели...
Објавено на 05 Октомври 2018, 11.55 од В.Мицевски
2018-10-05-11-05-59 Со пригодна свеченост организирана од повозрасните ученици, во двете основни училишта во Делчево сто и едно прваче станаа членови на Светската детска организација. Свечено облечени и насмеани, тие...
Објавено на 04 Октомври 2018, 14.13 од Д.Чапевски
2018-10-04-13-21-29   Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а за 30% е зголемен броојот на електрични светилки во јавното осветлување. Ова се само дел од резултатите од партнерскиот проект...
Објавено на 04 Октомври 2018, 10.15 од Д.Чапевски
2018-10-04-09-28-48 Општина Делчево ги известува жителите на с. Вирче дека водата од селската чешма Чешма џамија во селото не е исправна за пиење. Согласно со резултатите од направените анализи на водата од страна на...
Објавено на 03 Октомври 2018, 14.55 од Д.Чапевски
2018-10-03-13-56-46 Општина Делчево ги известува жителите на с. Град дека водата од локалниот селски водовод во с. Град не е исправна за пиење. Согласно со известувањето од ЈЗУ Јавно здравје од Кочани, водата од...
Објавено на 02 Октомври 2018, 12.52 од Д.Чапевски
2018-10-02-11-56-23 Детската градинка „Весели цветови“ од Делчево  ќе биде домаќин на традиционалните регионални спортски игри „Игри без граници“ кои ќе се одржат в петок на 5 октомври, во спортската сала на СОУ...
Објавено на 02 Октомври 2018, 08.31 од Д.Чапевски
2018-10-02-07-43-48   Подвижен рендген апарат, мамограф, болнички кревети, душеци, помагала, апарати, мебел, колички и најразличен друг медицински инвентар во вредност од 300 илјади евра се донирани во делчевскиот...
Објавено на 27 Септември 2018, 14.28 од Д.Чапевски
2018-09-27-13-32-52 Се решава децениски проблем на крак од ул. „Острец“ во населбата Маџир Маало којшто претставуваше тесно грло и проблематично место за користење од страна на жителите на оваа зона.  Деновиве е...
Објавено на 27 Септември 2018, 10.49 од Д.Чапевски
2018-09-27-09-53-16  Заврши изградбата на тротоарот на ул „Светзар Марковиќ“ во должина од 510 метри, а од денеска треба да започне изградбата на тротоарите на ул „Питу Гули“ од двете страни на улицата во должина од...
Објавено на 27 Септември 2018, 08.35 од Д.Чапевски
-400 Деновиве завршува изградбата на дел од локалниот пат  Илиово-Турија, делница с. Турија- с. Трстија во должина од 400м и ширина на коловозот од 3,5 метри. Средствата се обезбедени од Буџетот на...
Објавено на 26 Септември 2018, 09.29 од Д.Чапевски
2018-09-26-08-32-06 Во кратка работна посета на општина Делчево беше заменик министерот во  Владата на Р.Македонија за образование Петар Атанасов.Целта на посетата беше   заеднички  работен состанок со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес645
mod_vvisit_counterВчера1174
mod_vvisit_counterОваа недела4117
mod_vvisit_counterПретходна недела10419
mod_vvisit_counterОвој месец28416
mod_vvisit_counterПретходен месец57694
mod_vvisit_counterВкупно2200600

Присутни online: 38
Ваша IP: 54.166.207.223
,
Денес: Окт 18, 2018