Конкурс за доделување на награди за литературни творби посветени на празникот Велигден

Печати

Минати конкурси

Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на општина Делчево”  бр. 12/06), Комисијата за организирање на настани и културни манифестации при Општина Делчево, по повод  традиционалните Велигденски празнувања 2013 година, распишува:

К о н к у р с
за доделување на  награди  за литературни 
творби посветени на празникот Велигден

Со литературни творби (поезија и проза)  посветени на празникот Велигден, може да се конкурира во две категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта (од 6-9 одделение)

2. Ученици од средното училиште

За секоја од двете категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите се  состојат од диплома и книги.

Литературните творби посветени на празникот Велигден треба  да се достават во 3 (три)  печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: 

* во посебен плик да се стават податоците за авторот(име, презиме, адреса, телефон, училиште, клас и професор-ментор) и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата.

* Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана   адресата: Општина Делчево „Светозар Марковиќ“ 1, со назнака на горниот десен агол „Конкурс за доделување на награда за литературни творби посветени на празникот Велигден“  и шифрата.

Творбите да се достават до Архивата на општина Делчево на адреса „Светозар Марковиќ“ 1, Делчево. Изборот на наградените ќе го изврши Комисија формирана за оваа намена.

Конкурсот трае заклучно со 26.04.2013 година(петок). Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

 

Општина Делчево

Комисијата за организирање на настани и

 културни манифестации

Share/Save/Bookmark