Конкурс за идејно решение за пешачки мост на река Брагалница

Печати

Минати конкурси

ЈАВЕН КОНКУРС

ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПЕШАЧКИ МОСТ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАДОТ ДЕЛЧЕВО 

Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за изградба на пешачки мост на река Брегалница во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно Детален урбанистички план.

Учесниците  на конкурсот имаат за задача користејќи ги елементите од современото и традиционалното наследство да предложат модели на пешачки мост со ширина 3 метри и должина 65 метри имајќи во предвид буџетот за реализација да не ја надминува сумата од 6.000.000,00 денари.

Увид на локацијата во Деталниот урбанистички план може да се изврши на www.iopstina.mk или во просториите на Општина Делчево кај лицето Николина Петровска Мавродиева, контакт тел:075367942.

Избраното решение ќе биде наградено со вкупен паричен фонд од 6.000,00 денари обезбеден од Општина Делчево.

Конкурсот има за цел градот Делчево да добие поубав лик, да се олесни движењето на населението кое живее на овој дел од градот и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

На конкурсот можат да се достават неограничен број на идејни решенија, а право на учество имаат  правни и физички лица.

Доставените идејни решенија треба да содржат:

-        текстуален опис;

-        апроксимативен предмер со пресметка;

-        графички прилози од кои може да се добие увид во идејното решение.

Рок за достава на идејните решенија: 7дена од објавата на Конкурсот.

Идејните решенија да се достават на следната адреса: ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО ул: Светозар Марковиќ бр.1,  2320 Делчево.

Изборот ќе го спроведе Комисија формирана од Градоначалникот за таа цел и ќе избере 1 (едно) идејно решение.

Општина Делчево го задржува правото да  откупеното решение го користи за свои потреби.

                                                                       

 ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО

Градоначалник

Дарко Шехтански

Share/Save/Bookmark