ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2017

Печати

Минати конкурси

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2017

Врз основа на член 30 став 3 и 4 и член 48 од Закон за административни службеници (Службен Весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15 и 5/16) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија” бр. 11/15), Општина Делчево објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2017

за унапредување на еден(1) државен службеник  во Општина Делчево за следното работно место

УПР01001В03000 Соработник за имотно правни работи и експропријација-

 еден (1) извршител

Посебни услови

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Делчево, кој ги исполнува општите и посебните услови и работни компетенции пропишани во Законот за административни службеници и актот за систематизација,за звањето за кое се објавува огласот како и да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување, да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво, да поминал најмалку две години на тековното работно место и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

 Општи работни компетенции

 

   Посебни работни компетенции

Распоред на работно време

  1. Работни денови
  2. Работни часови неделно-40
  3. Работно време од 08.00 часот - 16.00 часот

Паричен нето износ на плата: 22.485,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2017 година. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во Архива на Општина Делчево на ул: Светозар Марковиќ р.1 Делчево.

Рокот за пријавување изнесува пет(5) денови, сметано од денот на објавувањето на огласот на интернет страната на Општина Делчево.

 

По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Општина Делчево.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на интерниот  оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување на административен службеник,.

Фаза 1 - административна селекција .

Фаза 2 – интервју

НАПОМЕНА:

Лицата кои дале лажни податоци се запишуваат во Регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор.

Истите не можат да се вработат во јавен сектор во период од десет години од денот на утврдувањето дека доказот е лажен.

ПРИЈАВА И ИЗЈАВА КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОПОЛНЕТИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

 

                                                                                 ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО
                                                                                          Градоначалник
  Дарко  Шехтански

Share/Save/Bookmark