К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2018 ГОДИНА

Печати

Минати конкурси

 baner opshtinska_nagrada

Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, на седница одржана на 21.06.2018 година, одлучи да распише

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2018 ГОДИНА

1.Општинската наградата се доделува по повод денот на празникот на Општината 7 –ми Септември.

2. Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот.

3. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ.

     Наградата за правно лице се состои од плакета.

4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.

5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија.

6. Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од ден 26.06.2018 година и трае заклучно до ден 25.07.2018 година, а предлозите за кандидати  се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака “Предлог кандидат за доделување општинска награда”.

Комисијата за доделување на
награди и признанија на Општина Делчево

Share/Save/Bookmark