Распишан награден конкурс за најдобра творба на тема "Песна за Делчево"

Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

Јавната локална библиотека Илинден од Делчево по повод одбележувањето на јубилејот "100 години од прогласувањето на тогашното Царево село (денес Делчево) за градска управа" и во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" како и свеченостите за одбележување на 7-ми Септември "Ден на ослободување на Делчево" и 8-ми Септември "Ден на независноста на Република Македонија", распишува награден конкурс за најдобра литературна творба-поезија на тема "Песна за Делчево".

Конкурсот ке трае од петок 24.08.2012 до понеделник 03.09.2012 година. Доставувањето на литературните творби во еден примерок се врши на адреса на библиотеката во Делчево во затворен коверт под шифра. Докажување на авторската сопственост се врши со втор идентичен примерок кој ке биде доставен по избор на наградените од страна на комисија формирана за таа цел.

Сите потребни информации во врска со конкурсот може да се добијат во просториите во Библиотеката.

Наградените литературни творби ке имаат чест да бидат прочитани на свечената Седница на Советот на општина Делчево која ке се одржи на 7-ми Септември, а за наградените учесници во конкурсот ке бидат доделени парични награди.

Покровител на овој награден конкурс е градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски.

Share/Save/Bookmark