Објавен конкурс: "Најдобра фотографија со мотив од современо Делчево 2012"

Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

Општина Делчево и градоначалникот Горан Малешевски по повод одбележувањето на јубилејот "100 години од прогласувањето на тогашното Царево село (денес Делчево) за градска управа" и во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" како и свеченостите за одбележување на 7-ми Септември "Ден на ослободување на Делчево" и 8-ми Септември "Ден на независноста на Република Македонија", распишува награден конкурс на фотографија насловен како "Најдобра фотографија со мотив од современо Делчево 2012".

Конкурсот е отворен од петок 24.08.2012 година и истиот ке трае до 03.09.2012 година заклучно со 15.30 часот. 

Секој заинтересиран фотограф кој ке учествува на конкурсот потребно е во назначениот период да достави најмногу 3 фотографии во дигитална форма JPEG документ со резолуција над 2000 пиксели (pixels)  на најмалата страна на фотографијата на носач на информации ЦД или ДВД, во коверт во кој ке има ЕДИНСТВЕНО шифра испишана на бел лист хартија со читлив ракопис со печатни големи букви. Авторството на фотографиите се докажува со втора копија по извршениот избор на најдобрите од страна на стручна комисија.

Деталните пропозиции и критериуми по кои ке се оценуваат пристигнатите дела на конкурсот ке бидат дополнително објавени.

Од страна на општина Делчево, одбрани фотографии пристигнати на конкурсот ке бидат испечатени на фото хартија во А4 формат и од нив ке биде направена изложба во фоајето на Спомен домот АСНОМ. Изложбата ке биде отворена и промовирана од страна на градоначалникот Малешевски, на 7-ми Септември.

Покровител на овој настан е Градоначалникот на општина Делчево.

Share/Save/Bookmark