Конкурс за доделување на награди за литературни творби посветени на Разловечкото востание

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

Врз основа на член  55 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на општина Делчево”  бр. 12/06),  Комисијата за организирање на настани и културни манифестации при Општина Делчево, по повод 137 години од Разловечкото востание, распишува:

К о н к у р с
за доделување на  награди  за литературни 
творби посветени на Разловечкото востание

Со литературни творби (поезија и проза)  посветени на  Разловечкото востание, може да се конкурира во две категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта (од 6-9 одделение)

2. Ученици од средното училиште

За секоја од двете категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда. Наградите  се  состојат од диплома и книги.

Литературните творби посветени на Разловечкото востание треба  да се достават во 3 (три)  печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: 

* во посебен плик да се стават податоците за авторот(име, презиме, адреса, телефон, за учениците се доставува и: училиште, клас и професор-ментор)  и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата.

* Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана   адресата:  Општина Делчево „Светозар Марковиќ“ 1, со назнака на горниот десен агол „Конкурс за доделување на награда за литературни творби посветени на Разловечкото востание “  и шифрата.

Творбите да се достават до Архивата на општина Делчево на адреса „Светозар Марковиќ“ 1, Делчево.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисија формирана за оваа намена.

Конкурсот трае заклучно со 10.05.2013 година (петок). Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

 Општина Делчево

Комисијата за организирање на настани и

 културни манифестации

Share/Save/Bookmark