Конкурс за доделување на награди за литературни творби посветени на 24 мај-Св.Кирил и Методиј

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

Врз основа на член  55 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на општина Делчево”  бр. 12/06),  Комисијата за организирање на настани и културни манифестации при Општина Делчево, по повод „24 мај-Св.Кирил и Методиј: покровители и просветители на општина Делчево“, распишува:

К о н к у р с
за доделување на  награди  за литературни 
творби посветени на 24 мај-Св.Кирил и Методиј: покровители и просветители на општина Делчево

Со литературни творби (поезија и проза) посветени на  24 мај-Св.Кирил и Методиј: покровители и просветители на општина Делчево, може да се конкурира во три категории и тоа:

1.Ученици од основните училишта (од 6-9 одделение)

2. Ученици од средното училиште

3. Возрасни автори

За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите  се  состојат од диплома и книги.

Литературните творби посветени на 24 мај-Св.Кирил и Методиј: покровители и просветители на општина Делчево треба  да се достават во 3 (три)  печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: 

* во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата.

* Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана   адресата :  Општина Делчево „Светозар Марковиќ“ 1, со назнака на горниот десен агол „Конкурс за доделување на награда за литературни творби посветени на 24 мај-Св.Кирил и Методиј: покровители и просветители на општина Делчево“  и шифрата.

Творбите да се достават до Архивата на општина Делчево на адреса „Светозар Марковиќ“ 1, Делчево.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисија формирана за оваа намена.

Конкурсот трае заклучно со 17.05.2013 година(петок). Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

Општина Делчево
Комисијата за организирање на настани и културни манифестации

Share/Save/Bookmark