Конкурс за доделување на награди за ликовни творби посветени на празникот Велигден

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

Врз основа на член  55 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на општина Делчево”  бр. 12/06),  Комисијата за организирање на настани и културни манифестации при Општина Делчево, по повод  традиционалните Велигденски празнувања 2013 година, распишува:

К о н к у р с
за доделување на  награди  за ликовни 
творби посветени на празникот Велигден

Со ликовните творби (во сите техники)  посветени на празникот Велигден, може да се конкурира во две категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта (од 6-9 одделение)

2. Ученици од средното училиште

За секоја од двете категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.

Наградите се состојат од диплома и книги.

Ликовните творби посветени на празникот Велигден треба  да се достават во 1(еден) примерок, во шифрирана форма и тоа: 

* во посебен плик да се стават податоците за авторот(име, презиме, адреса, телефон, за учениците се доставува и: училиште, клас и професор-ментор)  и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата и назнака  „Конкурс за доделување на награда за ликовни творби посветени на празникот Велигден“ 

* на позадината на творбата да се напише само шифрата и да се прикачи пликот со податоците за авторот.

Творбите да се достават до Архивата на општина Делчево на адреса „Светозар Марковиќ“ 1, Делчево.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисија формирана за оваа намена.

Конкурсот трае заклучно со 26.04.2013 година(петок). Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

Општина Делчево

Комисијата за организирање на настани и

 културни манифестации

Share/Save/Bookmark