Четврток, 02 Јануари 2014 09:37
Општина Делчево повторно ги објавува конкурсите за доделување на студентски стипендии и ученички стипендии и тоа за:
- 7 непополнети студентски стипендии за студенти кои студираат на државните универзитети во РМ и
- 1 стипендија за одлични ученици од СОУ М.М.Брицо.
Конкурсната комисија ги објавува повторените конкурси за стипендии бидејќи по конкурсите објавени во Декември 2013 година пријавените кандидати не ги исполнуваа условите предвидени во Конкурсот и во Одлуките за доделување на стипендии.
Условите за доделување на стипендиите се наведени во конкурсите кои се објавени на Огласната табла во Општина Делчево, во СОУ М.М.Брицо, интернет страната на Општина Делчево и на Д1 ТВ. За повеќе информации околу потребните документи кои треба да се достават во прилог на барањето за доделување на стипендија, можете да се обратите во архива на Општина Делчево.
Во продолжение повторно ги објавуваме двата конкурси заедно со барањата потребни да се достават во прилог со целокупната документација:
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.