КОНКУРС за доделување на 6 стипендии на талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

КОНКУРС
за доделување на 6 стипендии на
талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година

 

1.Општина Делчево ќе додели 6стипендии на редовни талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II,  III и IV година, во учебната 2014/2015 година, кои ги исполнуваат следните услови:

I.Редовни талентирани ученици од II,  III и IV година во учебната 2014/2015 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение

II.Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.

III.Учениците да се жители на Општина Делчево

IV.Учениците да не се корисници на друга стипендија

 

Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми:

I.1.Континуиран  одличен успех ( 5.00)

-континуиран одличен успех (5.00)-50 бода

I.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка   мерка (вкупно 10 бода)

        - примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода

-        за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

 

II.1.Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

 

2.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Барање за доделување на ученичка стипендија за талентирани ученици (Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Изјава од родител/старател дека ученикот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)

3. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

4. Фотокоипија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија

5. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)

6. Уверение за жителство

7. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)


3.Постапка за доделување на стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса:

 Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака за „ученички стипендии за талентирани ученици“;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите  доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Кандидатите кои ќе добијат стипендии и оние кои ќе бидат одбиени, ќе добијат Известување;

5. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.000 денари месечно во траење од  9 месеци во текот на учебната година 2014/2015;

6. На ученикот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија, Решението за доделување на стипендија ќе му биде поништено и истиот ќе биде задолжен исплатените  средства по основ на Решението да  ги врати на Општина Делчево;

7. Стипендиите се неповратни;

8. Рок на пријавување од  12.12.2014 година до  29.12.2014 година.

9. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето;

10. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, локалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

 

                                               

                                                                               ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark