КОНКУРС за доделување на 12 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

КОНКУРС
за доделување на 12 стипендии на
студенти  кои студираат на државните универзитети во Република Македонија

 

1.Општина Делчево ќе додели 6 (шест)стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ,  кои ги исполнуваат следните услови:

1.1.Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00  кои не повторувале во текот на студирањето;
1.2.Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош;
1.3.Студентите да се жители на Општина Делчево;
1.4.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови,  за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот: 

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  -Со просек 10.00-40 бода
 -Со просек од 9.00 до 9,99 -30 бода
 -Со просек од 8.01 до 8,99 -20 бода

 1.2.1.Семејно-материјалната состојба на студентот:

 За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

        - Семејство без никакви примања-60 бода;
        - Семејство со примања до 1.500,00 денари по член на смејство 55 бода;
        - Семејство со примања од 1.501,00 до 2.000,00  денари по член на семејство-50 бода
        -Семејство со примања од 2.001,00 до 5.000,00 денари по член на семејство-45 бода;

 2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето,  кои ги исполнуваат следните услови:

 2.1.Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 9,50 и  кои не повторувале во текот на студирањето
 2.2.Студентите да се жители на општина Делчево
 2.3.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови,  за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

 2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  -Со просек 10.00-100 бода
 -Со просек од 9.91 до 9,99 -95 бода
 -Со просек од 9.86 до 9,90 -90 бода
 -Со просек од 9.81 до 9,85 -80 бода
 -Со просек од 9.71 до 9,80 -70 бода
 -Со просек од 9.61 до 9,70 -60 бода
 -Со просек од 9.50 до 9,60 -50 бода

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

1.Барање за доделување на студентски стипендии(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk);
2. Фотокопија од Индекс;
3.Потврда за редовен студент  за студиска 2015/2016 година;
4. Потврда со број на  положени испити со оценки; 
5. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството  за месец Септември 2015 година или за последниот месец од 2015 година за кој е земено плата;
6. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
7. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
8. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
9. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk ;
10Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk
11. Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk).

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

 1. Барање за доделување на студентски стипендиина студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и инетрнет страница:www.delcevo.gov.mk);
 2. Фотокопија од Индекс;
 3.Потврда за редовен студент за студиска 2015/2016 година;
 4. Потврда со број на  положени испити со оценки;
 5. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk);
 6.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и инетрнет страница: www.delcevo.gov.mk);
 7. Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk).

 Постапка за доделување на стипендии

 1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето„ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;

 2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;

 3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани; 

4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари за 9 месеци во текот на студиската година.

 5. Стипендиите се неповратни;

 6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од  16.11.2015 година до  30.11.2015 година;

 7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО 
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

 

Share/Save/Bookmark