Проект чешми

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО

 

НАША ИНИЦИЈАТИВА:
ПРИЈАВЕТЕ ЧЕШМИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО.
ДОНЕСЕТЕ ВО ОПШТИНАТА, ИЛИ ПРАТЕТЕ НИ ПО E-MAIL СТАРИ СЛИКИ ОД ВАШИТЕ ПРЕДЛОГ ЧЕШМИ ЗАЕДНО СО ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ИСТИТЕ СО ШТО КЕ ЗЕМЕТЕ АКТИВНО УЧЕСТВО И ПРИДОНЕС КОН ОВОЈ ПРОЕКТ.

Реставрација и ставање во функција на 30 чешми во Делчево и Делчевско. Да ги зачуваме традиционалните вредности во градот и селата. 


 

Почитувани граѓани,

По иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски а во соработка со јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Делчево и со месните и урбаните заедници во општината во текот на 2010 година ке се реализира проектот  „Чешмите наша потреба, традиција и иднина“ Проектот опфаќа реконструкција на 30 чешми во целата општина и нивно ставање во функција. Главна цел на проектот е да се зачува традицијата која ја имало посебно во руралните средини каде се одело по вода во стомни и гумови, каде се дознавале сите работи во селото и каде се случувале првите љубови. Чешмите кој ги имало во голем број во нашата општина за жал во последните 15 години се оставени во заборав, а голем број веке се уништени и водата која доаѓала до самата чешмае  пренасочена или изгубена. Покрај зачувување на традицијата со овој проект ке се постигне и ефикасно искористување на водата како ресурс која ја има во се помали количини и како ресурс кој е неопходен за нормален живот и развој.

Сликите од вашите предлог чешми и основни податоци за истите (местоположба како и значењето за руралната или урбаната средина во која се наоѓаат) можете да испратите на сл. e-mail адреси:

или донесете ги истите во просториите на Општина Делчево.

Share/Save/Bookmark