Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

КОНКУРС за доделување на 12 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија

Печати PDF
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

КОНКУРС за доделување на 12 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија

 

1. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ, кои ги исполнуваат следните услови:

1.1. Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето

1.2. Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош

1.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно

запишаната студиска година:

  • Со просек 10.00-40 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,99 -30 бода
  • Со просек од 8.01 до 8,99 -20 бода

1.2.1. Семејно-материјалната состојба на студентот:

   За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања -60 бода;
  • Семејство со примања до 3.500,00 денари по член на смејство -55 бода;
  • Семејство со примања од 3.501,00 до 5.000,00 денари по член на семејство -50 бода
  • Семејство со примања од 5.001,00 до 7.000,00 денари по член на семејство -45 бода;

 

2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1.Редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.2 Редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

 

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

За студенти на опшествените науки и факултетите од уметностите:

  • Со просек 10.00-100 бода
  • Со просек од 9.91 до 9,99 -95 бода
  • Со просек од 9.81 до 9,90 -90 бода
  • Со просек од 9.71 до 9,80 -80 бода
  • Со просек од 9.61 до 9,70 -70 бода
  • Со просек од 9.51 до 9,60 -60 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,50 -50 бода

За студенти на техничките науки и медицинските науки:

  • Со просек 8,91 до 10,00 – 100 бода
  • Со просек 8,81 до 8,90 – 90 бода
  • Со просек 8,71 до 8,80 – 80 бода
  • Со просек 8,61 до 8,70 – 70 бода
  •        Со просек 8,51 до 8,60 – 60 бода
  •        Со просек 8,00 до 8,50 – 50 бода

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

1. Барање за доделување на студентски стипендии (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2017/2018 година;

4. Потврда со број на положени испити со оценки;

5. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Септември 2017 година или за последниот месец од 2017 година за кој е земено плата;

6. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

7. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;

8. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

9. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

10. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

 

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

 

1. Барање за доделување на студентски стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2017/2018 година;

4. Потврда со број на положени испити со оценки;

5. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

6.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

7. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

 

 

Постапка за доделување на стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето„ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија

формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на

вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите доставени по

истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2018 година.

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 05.12.2017 година до 20.12.2017 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Октомври 2018, 11.39 од Д.Чапевски
2018-10-22-10-51-30 Општина Делчево и Општина Виница станаа членови на Урбаната алијанса на патот на свилата со што се запишаа како први општини од Македонија кои се дел од оваа светска асоцијација посветена на градење...
Објавено на 19 Октомври 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-10-19-07-31-12  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад и  материјал покрај коловозите на сообраќајниците во градот. Акцијата е редовна есенска активност на...
Објавено на 15 Октомври 2018, 14.56 од Д.Чапевски
2018-10-15-13-57-45 Во организација на Меѓуопштинското здружение на слепи лица од Кочани и Сојузот на слепите од Благоевград, соседна Бугарија, денеска во Делчево се одржа 5-та по ред прекугранична средба на слепите лица...
Објавено на 11 Октомври 2018, 09.38 од Д.Чапевски
-77-   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ја одбележа 77-годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание. Пред Споменикот на паднатите борци, делегација од Општина Делчево предводена...
Објавено на 09 Октомври 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-10-09-13-06-47 Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО -  ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот,...
Објавено на 09 Октомври 2018, 13.55 од Д.Чапевски
-5-3- Врз основа на Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ” бр. 147/08 и 45/11)...
Објавено на 09 Октомври 2018, 08.05 од Д.Чапевски
2018-10-09-07-07-34 Од вчера (08.10.2018 година) е ставен во функција елетричниот полнач за електрични автомобили во Делчево кој се наоѓа на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ. Заинтересираните граѓани кои имаат електрични...
Објавено на 08 Октомври 2018, 14.50 од Д.Чапевски
2018-10-08-13-52-04 Општина Делчево ги информира граѓаните кои овој период варат ракија дека не смеат да го фрлаат комињето во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување. Поради евидентираните случаи за...
Објавено на 08 Октомври 2018, 10.27 од Д.Чапевски
2018-10-08-09-28-48 По повод Светскиот ден на учителот, на традиционална свеченост во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите просветни работници во двете основни училишта, како и во средното училиште во...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.26 од В.Мицевски
2018-10-05-11-33-47 Четиринаесетата Седницата ќе се одржи на 09.10.2018 (вторник) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.16 од В.Мицевски
2018-10-05-11-24-27 Сто педесет дечиња од детските градинки од Источна Македонија денеска во Делчево се натпреваруваа во детските „Игри без граници“. Годинава во организација на делчевската детска градинка „Весели...
Објавено на 05 Октомври 2018, 11.55 од В.Мицевски
2018-10-05-11-05-59 Со пригодна свеченост организирана од повозрасните ученици, во двете основни училишта во Делчево сто и едно прваче станаа членови на Светската детска организација. Свечено облечени и насмеани, тие...
Објавено на 04 Октомври 2018, 14.13 од Д.Чапевски
2018-10-04-13-21-29   Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а за 30% е зголемен броојот на електрични светилки во јавното осветлување. Ова се само дел од резултатите од партнерскиот проект...
Објавено на 04 Октомври 2018, 10.15 од Д.Чапевски
2018-10-04-09-28-48 Општина Делчево ги известува жителите на с. Вирче дека водата од селската чешма Чешма џамија во селото не е исправна за пиење. Согласно со резултатите од направените анализи на водата од страна на...
Објавено на 03 Октомври 2018, 14.55 од Д.Чапевски
2018-10-03-13-56-46 Општина Делчево ги известува жителите на с. Град дека водата од локалниот селски водовод во с. Град не е исправна за пиење. Согласно со известувањето од ЈЗУ Јавно здравје од Кочани, водата од...
Објавено на 02 Октомври 2018, 12.52 од Д.Чапевски
2018-10-02-11-56-23 Детската градинка „Весели цветови“ од Делчево  ќе биде домаќин на традиционалните регионални спортски игри „Игри без граници“ кои ќе се одржат в петок на 5 октомври, во спортската сала на СОУ...
Објавено на 02 Октомври 2018, 08.31 од Д.Чапевски
2018-10-02-07-43-48   Подвижен рендген апарат, мамограф, болнички кревети, душеци, помагала, апарати, мебел, колички и најразличен друг медицински инвентар во вредност од 300 илјади евра се донирани во делчевскиот...
Објавено на 27 Септември 2018, 14.28 од Д.Чапевски
2018-09-27-13-32-52 Се решава децениски проблем на крак од ул. „Острец“ во населбата Маџир Маало којшто претставуваше тесно грло и проблематично место за користење од страна на жителите на оваа зона.  Деновиве е...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1182
mod_vvisit_counterВчера2243
mod_vvisit_counterОваа недела1182
mod_vvisit_counterПретходна недела12255
mod_vvisit_counterОвој месец37736
mod_vvisit_counterПретходен месец57694
mod_vvisit_counterВкупно2209920

Присутни online: 37
Ваша IP: 54.80.87.166
,
Денес: Окт 22, 2018