Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

КОНКУРС за доделување на 12 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија - 2018

Печати PDF
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

1. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ, кои ги исполнуваат следните услови:

1.1. Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето

1.2. Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош

1.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

1.4 Предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно

запишаната студиска година:

  • Со просек 10.00-40 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,99 -30 бода
  • Со просек од 8.01 до 8,99 -20 бода

1.2.1. Семејно-материјалната состојба на студентот:

   За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања -60 бода;
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на смејство -55 бода;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство -50 бода
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.100,00 денари по член на семејство -45 бода;

 

2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1.Редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.2 Редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

2.4 Предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција.

 

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

За студенти на опшествените науки и факултетите од уметностите:

  • Со просек 10.00-100 бода
  • Со просек од 9.81 до 9,99 -90 бода
  • Со просек од 9.61 до 9,80 -80 бода
  • Со просек од 9.41 до 9,60 -70 бода
  • Со просек од 9.21 до 9,40 -60 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,20 -50 бода

За студенти на техничките науки и медицинските науки:

  • Со просек 9,51 до 10,00 – 100 бода
  • Со просек 9,21 до 9,50 – 90 бода
  • Со просек 8,91 до 9,20 – 80 бода
  • Со просек 8,61 до 8,90 – 70 бода
  • Со просек 8,31 до 8,60 – 60 бода
  • Со просек 8,01 до 8,30 – 50 бода

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

1. Барање за доделување на студентски стипендии (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2018/2019 година;

4. Потврда со број на положени испити со оценки;

5. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Октомври 2018 година или за последниот месец од 2018 година за кој е земено плата;

6. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

7. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;

8. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

9. Изјава потпишана од кандидат за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

10. Изјава од кандидат за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

 

  

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

 

1. Барање за доделување на студентски стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2018/2019 година;

4. Потврда со број на положени испити со оценки;

5. Изјава потпишана од кандидат за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

6.Изјава од кандидат за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

 

 

 

Постапка за доделување на стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето„ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија

формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на

вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите доставени по

истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2019 година.

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 23.11.2018 година до 08.12.2018 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Мај 2019, 13.54 од Д.Чапевски
ff   Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен...
Објавено на 20 Мај 2019, 11.26 од Д.Чапевски
2019-05-20-10-37-53   По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на...
Објавено на 20 Мај 2019, 09.25 од Д.Чапевски
2019-05-20-08-27-50 По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.  Од денеска во чест...
Објавено на 20 Мај 2019, 06.46 од Д.Чапевски
----143-----  Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше...
Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...
Објавено на 10 Мај 2019, 10.32 од Д.Чапевски
2019-05-10-09-34-43 По повод Европската недела на имунизацијата денеска во Делчево беа доделени 10 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче, а беше доделен и...
Објавено на 09 Мај 2019, 10.16 од Д.Чапевски
2019-05-09-09-20-47  Со пригодна свеченост, денеска Делчево одбележа 74 години од победата над фашизмот и 69 години од Денот на Европа.  По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот,...
Објавено на 06 Мај 2019, 06.36 од Д.Чапевски
2019-05-06-05-39-10 Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани и креативни граѓани кои ги уредуваат своите дворови или граѓаните кои се воодушевуваат на уредениот двор на пријател или сосед или стопански субјект, да...
Објавено на 04 Мај 2019, 10.09 од Д.Чапевски
-116- Делчево се поклони пред великанот и патронот на градот Гоце Делчев. Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ од Делчево по повод 116-годишнината од смртта на Делчев, се...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.35 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-38-59 Се подготвува уште еден парк во центарот на градот зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Согласно со проектот, новиот парк ќе опфаќа површина од 2000м2, а планирано е комплетно хортикултурно...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес136
mod_vvisit_counterВчера1579
mod_vvisit_counterОваа недела1715
mod_vvisit_counterПретходна недела17601
mod_vvisit_counterОвој месец44539
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2677447

Присутни online: 26
Ваша IP: 54.163.20.123
,
Денес: Мај 21, 2019