Конкурси за доделување на стипендии за учебна 2010/2011 год.

Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

Објавен е конкурсот за доделување на студентски и ученички стипендии за учебната 2010/2011 год. Оваа година Градоначалникот на Општина Делчево,  г-дин Горан Малешевски, го зголеми бројот на стипендиите на 8 (осум) стипендии за студенти кои студираат на државните и приватните високообразовни установи во РМ и 8 (осум) стипендии за одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“.

Преку овој конкурс нивото за финансиски средства што ги одвојува Општина Делчево за стипендирање на ученици и студенти од Општината се зголемува, од 6 стипендии за студенти и 6 стипендии за ученици, во минатата 2009/2010 учебна година на 8 студентски и 8 ученички стипендии, за учебната 2010/2011 год, со што во континуитет продолжува заложбата и определеноста на ЕЛС Делчево и Градоначалникот за поддршка на одличните ученици и солидните студенти од Делчево.

 Thumbnail image

 

Share/Save/Bookmark