Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Минати конкурси

КОНКУРС
за доделување на 12 стипендии на
студенти  кои студираат на државните универзитети во Република Македонија

 

1.Општина Делчево ќе додели 6 (шест)стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ,  кои ги исполнуваат следните услови:

1.1.Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00  кои не повторувале во текот на студирањето
1.2.Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош
1.3.Студентите да се жители на Општина Делчево
1.4.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови,  за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  • Со просек 10.00-40 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,99 -30 бода
  • Со просек од 8.01 до 8,99 -20 бода

1.2.1.Семејно-материјалната состојба на студентот:

   За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања-60 бода;
  • Семејство со примања до 2.500,00 денари по член на смејство 55 бода;
  • Семејство со примања од 2.501,00 до 4.000,00  денари по член на семејство-50 бода
  • Семејство со примања од 4.001,00 до 6.000,00 денари по член на семејство-45 бода;

 2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето,  кои ги исполнуваат следните услови:

2.1.Редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 8,00 и  кои не повторувале во текот на студирањето
2.2 Редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 9,00 и  кои не повторувале во текот на студирањето
2.3.Студентите да се жители на Општина Делчево
2.4.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови,  за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

 

За студенти на опшествените науки и факултетите од уметностите:

  • Со просек 10.00-100 бода
  • Со просек од 9.91 до 9,99 -95 бода
  • Со просек од 9.81 до 9,90 -90 бода
  • Со просек од 9.71 до 9,80 -80 бода
  • Со просек од 9.61 до 9,70 -70 бода
  • Со просек од 9.51 до 9,60 -60 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,50 -50 бода

За студенти на техничките науки и медицинските науки:

  •     Со просек 8,91 до 10,00 – 100 бода
  •     Со просек 8,81 до 8,90 – 90 бода
  •     Со просек 8,71 до 8,80 – 80 бода
  •     Со просек 8,61 до 8,70 – 70 бода
  •     Со просек 8,51 до 8,60 – 60 бода
  •     Со просек 8,00 до 8,50 – 50 бода

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

1. Барање за доделување на студентски стипендии (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2016/2017 година;

4. Потврда со број на  положени испити со оценки;

5. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството  за месец Септември 2016 година или за последниот месец од 2016 година за кој е земено плата;

6. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

7. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;

8. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

9. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

10.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

11. Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

 

1. Барање за доделување на студентски стипендиина студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од Индекс;

3.Потврда за редовен студент за студиска 2016/2017 година;

4. Потврда со број на  положени испити со оценки;

5. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидатот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

6.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

7. Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

 

 

Постапка за доделување на стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево,
ул. „
Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето„ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денаримесечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2017 година.

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од  23.11.2016 година до  07.12.2016 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

                                                       

 

ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО

                                                     КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Мај 2017, 00.00 од Д.Чапевски
-20-   Во петок (19.05.2017 година) во просториите на ТППЕ Делчево се одржа пригодна прослава по повод  „Светскиот ден на пожарникарите“. И годинава  на предлог на командирот на ТППЕ Делчево...
Објавено на 15 Мај 2017, 08.43 од Д.Чапевски
-141-   Огромен број на гости вчера (14.05.2017 година) присуствуваа на чествувањето на 141 годишнината од кревањето на Разловечкото востание. Настанот се одржа во дворот на црквата Св. Цар Константин и...
Објавено на 11 Мај 2017, 13.24 од Д.Чапевски
-50- Педесетата седница на Советот на Општина Делчево која беше закажана за 12.05.2017 година (петок) со почеток во 14:00 часот се одлага на неодредено време. Седницата се одлага бидејќи одлуките донесени на...
Објавено на 09 Мај 2017, 10.35 од Д.Чапевски
-9-   Со полагање на букети со свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ, денеска беше одбележан  9-ти мај - Денот на Европа како и 72 години од победата над фашизмот. Букети со...
Објавено на 08 Мај 2017, 13.05 од Д.Чапевски
-50- Седницата ќе се одржи на 12.05.2017 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од 49.седница 1.Предлог-Одлука...
Објавено на 04 Мај 2017, 11.11 од Д.Чапевски
-114-   04.05.2017 година со почеток во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев во центарот во Делчево со пригодна програма се одбележа 114 годишнината од смртта на великанот на македонската...
Објавено на 28 Април 2017, 19.01 од Д.Чапевски
2017-05-12-08-07-17  Во изминатите неколку дена на територијата на општина Делчево се изврши како изградба така и реконструкција на улици на неколку локации.Во населбата Ѕвегорска река се изгради пристапната улица П12...
Објавено на 27 Април 2017, 18.44 од Д.Чапевски
2017-04-28-07-53-54 Започна замената на уличните живини светилки со штедливи ЛЕД диоди на собирните улици во Општина Делчево и тоа: Ново Делчево  - Орце Николов, Кеј на Ослободување, Скопска, Прв реон - Голачка,...
Објавено на 26 Април 2017, 10.58 од Д.Чапевски
---12---- После асфалтирањето на дел од улица бр.2 во населбата Ѕвегорска река кое се изврши во месец Ноември 2016 година кога беа асфалтирани 75 метри од оваа улица, вчера беше асфалтирана уште една улица во...
Објавено на 25 Април 2017, 12.39 од Д.Чапевски
-2017 Општинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќјно техничка култура на младите“ оваа година се одржаа во ООУ Ванчо Прќе во Делчево. Натпреварувачките екипи беа ООУ „Св.Климент Охридски“...
Објавено на 06 Април 2017, 07.58 од Д.Чапевски
2017-04-06-07-03-26  На барање на жителите на Урбаната заедница 1ви Реон  деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ активно работат на реконструкција на дел од пешачка зона меѓу улиците Солунска и Јане Сандански. ...
Објавено на 04 Април 2017, 08.19 од Д.Чапевски
-49- Седницата ќе се одржи на 11.04.2017 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата e предлoжен следниот Дневен...
Објавено на 31 Март 2017, 13.31 од Д.Чапевски
2017-03-31-12-38-37 Општина Делчево објавува повик за доставување на понуди за изведување градежни работи кои вклучуваат „РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОГРАДБА НА УЛИЦА СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА МАРШАЛ ТИТО И...
Објавено на 31 Март 2017, 13.10 од Д.Чапевски
2017-03-31-13-00-23 Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско...
Објавено на 24 Март 2017, 12.17 од Д.Чапевски
2017-03-24-11-19-09 Се известуваат жителите на општина Делчево дека следејќи ги состојбите предизвикани од пожарите на отворен простор, а имајќи го во предвид претстојниот пролетен и летен период, започнувањето на...
Објавено на 20 Март 2017, 12.12 од Д.Чапевски
2017-03-20-11-13-07  Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното...
Објавено на 09 Март 2017, 13.18 од Д.Чапевски
2017-03-09-12-28-08 Финализираа градежните работи за изградба на тротоарска патека од десната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин" на потегот од раскрсницата кај ветеринарната станица кон Урбаната заедница „Стар...
Објавено на 08 Март 2017, 13.58 од Д.Чапевски
2017-03-08-13-06-23 Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска  реализираше работна посета во Делчево. Во рамки на посетата Премиерот Димитриев  ги посети новоизградените простории...
Објавено на 08 Март 2017, 11.37 од Д.Чапевски
-2-22-2016-2021     На ден 07.03.2017г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 11:00 часот се одржа  Јавната презентација воедно и почеток на Јавна анкета за Предлог...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес758
mod_vvisit_counterВчера1185
mod_vvisit_counterОваа недела3752
mod_vvisit_counterПретходна недела7901
mod_vvisit_counterОвој месец27193
mod_vvisit_counterПретходен месец28513
mod_vvisit_counterВкупно1546358

Присутни online: 27
Ваша IP: 23.20.147.6
,
Денес: Мај 24, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.