Минати конкурси

Врз основа на член 6 став 2 од Одлуката за формирање на Совет на млади на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.5/18), Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања објавува 

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

1.Се покренува постапка за избор на членови на Советот на млади на Oпштина Делчево.

 Советот на млади на Општина Делчево е советодавно тело на Советот на Општина Делчево, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општината.

 Во Советот на млади на Oпштина Делчево можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на општина Делчево со старосна граница од 15 до 29години.

 2.Советот на млади на Oпштина Делчево брои 7 членови.

Советот на млади од своите редови избира претседател.

 Членовите на Советот на млади на Oпштина Делчево се бираат со мандат од две години.

 3.Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на

Градот имаат: Невладини организации и Здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

 4. При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :

-СМ-1-(Образец-Предлог кандидат за член на Советот на млади на Општина Делчево)

-СМ-2-(Образец–Согласност за прифакање на кандидатурата за член на Советот на млади на Општина Делчево)

 4.Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и :

-Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените или фотокопија од лична карта ).

 -Кратка биографија на кандидатот

 Ненавремено доставени документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

 5.Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на

млади на Општина Делчево e 8 дена од објавувањето на овој Јавен повик.

Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во архивата на Општина Делчево .

 Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Делчево , со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот на Млади на општина Делчево”, се доставуваат на адреса ул. Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево, за Комисија за мандатни прашања избори и именувања,:

Јавниот повик ќе биде објавен на огласна табла и на ВЕБ страната на Општина Делчево 

 

                                                                         Претседател на комисија
Драган Маневски

Share/Save/Bookmark