Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Минати конкурси

КОНКУРС за доделување на 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година -2019

1. Општина Делчево ќе додели 10 стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево од II, III и IV година, во учебната 2019/2020 година, кои ги исполнуваат следните услови

 1.1. Редовни одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение
  1.2. Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 10 (десет) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1 Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)

  • континуиран одличен успех (5.00)-30 бода
  • континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 25 бода

1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
  • за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

 1.2.1Семејно-материјалната положба на ученикот

     За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања - 60 бода;
  • Семејство без никакви примања и чии членови не се евидентирани во Агенцијата за вработување - 55 бода;
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на сeмејство - 55 бода;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство - 50 бода;
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.2500,00 денари по член на семејство - 45 бода;

 

2. Општина Делчево ќе додели 8 (осум) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1 Редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2019/2020 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение

2.2. Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.

 

Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 8 (осум) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1 Континуиран одличен успех ( 4.50-5.00)

  • -континуиран одличен успех 5.00-60 бода
  • -континуиран одличен успех 4.90 - 58.8 бода
  • -континуиран одличен успех 4.80 – 57.6
  • -континуиран одличен успех 4.70 – 56.4
  • -континуиран одличен успех 4.60 - 55.2
  • -континуиран одличен успех 4.50 - 54

2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
  • за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

 

2.2.1 Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

     За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бода
  • за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бода
  • за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бода
  • за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бода
  • за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бода
  • за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бода

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

3. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Септември 2020 година или за последниот месец од 2020 година за кој е земено плата;

4. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

5. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијатаза вработување;

6. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

7. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

8.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија

4. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

5.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) ТУКА

  

Постапка за доделување на ученички стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса:

Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендиите од точка 1 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2020 година;

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 04.11.2019 година до 18.11.2019 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општинa Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес762
mod_vvisit_counterВчера2880
mod_vvisit_counterОваа недела3642
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец61828
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3317354

Присутни online: 19
Ваша IP: 3.226.122.74
,
Денес: Фев 25, 2020