Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

slide1Видео анимација од Презентација на Парцели на државно неизградено градежно земјиште објавено за оттуѓување.

Инвестирајте во Делчево!!!!
Ваша одлична бизнис дестинација...

Во рамки на понудените парцели има особено атрактивни локации со неверојатно погодни услови за инвестирање, што верувам секоја приватна компанија и приватни бизнисмени ке го најдат својот интерес.
Голак привлекува со својата убавина и живописна реткост, Индустриската зона "Долни бавчи" со својата местоположба, Централното градско подрачје исто така со својата местоположба, а сите овие локации се атрактивни поради ниските почетни цени за електронско наддавање.
Сите неопходни информации можат да се најдат на веб сајтот на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk или лично во просториите на Општина Делчево во Спомен домот АСНОМ.
Дојдете и инвестирајте во Делчево, заедно да придонесеме кон позабрзан локален економски развој на нашата општина.

1)

Општина Делчево водена од своите определби за градење на економски стабилна општина со квалиетни и препознатливи брендови, привлечно место за живеење за среќни и здрави луѓе во 2000 година изработи и усвои Генерален урбанистички план за стопански комплекс „Долни бавчи".

Стопанскиот комплекс „Долни бавчи" во Делчево е лоциран на десната страна од реката Брегалница на 1 км од центарот на градот, 300 метри од магистралниот пат А3, 10 км од граничниот премин Арнаутски гроб, 160 км од аеродромот во Скопје и 140 км од аеродромот во Софија.
Урбан опфат на индустриска зона Долни бавчи е 12 ха.

Почнувајќи од 2012 година општина Делчево започна со оттуѓување на градежни парцели во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање.

Расположливи градежни парцели во Индустрискта зона „Долни бавчи", кои се предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање се следните:
*деветнаесет градежни парцели со намена Лесна индустрија со површина од 218м2 до 8657м2, со почетна цена од 61 денар/м2.
*четири градежни парцели со намена Стоваришта со површина од 2739м2 до 4036 м2 со почетна цена од 61 денар/м2

Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 13-15 мај 2013 година во Архивата на општина Делчево.
Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево.
Дојдете и инвестирајте во Делчево, заедно да придонесеме кон позабрзан локален економски развој на нашата општина.

2)

Општина Делчево водена од своите определби за градење на економски стабилна општина со квалиетни и препознатливи брендови, привлечно место за живеење за среќни и здрави луѓе, со растечки потенцијал во алтернативниот туризам, со посебна препознатливост по својата традиција и историја во 2006 година изработи и усвои Детален урбанистички план за Туристички локалитет ГОЛАК.

Туристички локалитет ГОЛАК е лоциран во североисточниот дел на Македонија на територијата на општина Делчево, на 1.536м надморска височина во прекрасна борово шума. Туристичкиот локалитет Голак има идеална местоположба на 10 км од магистралниот пат А3, 15 км од граничниот премин Арнаутски гроб, 160 км од аеродромот во Скопје и 140 км од аеродромот во Софија. До планината се стигнува преку регионалниот пат Р 2343 (Делчево-Голак). Во подножјето на планината лежат четирите општини: Делчево, Берово, Пехчево и Виница со вкупно 51 населено место и 56.901 жител.

Имајќи ги во предвид потенцијалите со кои располага планината за развој на здравствениот, спортскиот и алтернативниот туризам, општина Делчево во 2005 година изработи и усвои Детален Урбанистички План(ДУП) за ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ „ГОЛАК", со површина на урбано подрачје од 12 ха.

Почнувајќи од 2012 година општина Делчево започна со оттуѓување на градежни парцели во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање.

Расположливи градежни парцели во Туристички локалитет Голак, кои се предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање се следните:

1. Една градежна парцела со намена за Камп простор со површина од 2432м2 со почетна цена од 61 денар/м2, лоцирана на растојание 650 метри од спортските терени
2. Две градежни парцели со намена Угостителство Едната со површина од 431м2, лоцирана на растојание 640 метри од спортските игралишта. Другата со површина од 236,85 м2 лоцирана на растојание 80 метри од спортските терени. Почетна цена од 360 денари/м2.
3. Осумнаесет градежни парцели со намена Викенд куќи, со површина од 190-308м2, лоцирани во радиус од 20 до 600 метри од спортските терени. Почетна цена од 61 денар/м2

Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 13-15 мај 2013 година во Архивата на општина Делчево.
Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево.

Дојдете и инвестирајте во Делчево, заедно да придонесеме кон позабрзан локален економски развој на општината.

3)

Во централното градско подрачје на општина Делчево на потегот Основно училиште „Ванчо Прке" -- детска градинка Весели цветови, во близина на градскиот зелен пазар, во еден од најфреквентните делови на градот општината започна со оттуѓување на градежни парцели во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање.
Расположливи градежни парцели во централното градско подрачје, урбана единица 2, дел од блок 2.2 кои се предмет на оттуѓување по пат на јавно наддавање се следните:
1. четири градежни парцели за Мали комерцијални и деловни намени со површина од 300м2 до 893м2, со почетна цена од 1600 денар/м2.


Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават во периодот 13-15 мај 2013 година во Архивата на општина Делчево.

Сите детални информации се расположливи на веб страната на општина Делчево www.delcevo.gov.mk и во просториите на општина Делчево.
Дојдете и инвестирајте во Делчево, заедно да придонесеме кон позабрзан локален економски развој на нашата општина.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 10 Август 2017, 08.20 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-23-56 Започнаа главните градежно-оперативни работи за реконструкција на улица "Питу Гули" во населбата Милково брдо во Делчево. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во оваа населба, по која...
Објавено на 09 Август 2017, 08.35 од Д.Чапевски
------q---2017q Граѓаните на Општина Делчево можат да бидат горди на својата преубава традиција. Врвот на планината Голак повторно беше гнездо за починка и рекреација на голем број на добронамерници кои со сета своја...
Објавено на 08 Август 2017, 08.27 од Д.Чапевски
-q-2017q Синоќа се реализираше прекрасна прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017" кој се одржува по 23-ти пат во нашата општина.Главната завршна манифестација ќе се...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...
Објавено на 08 Јули 2017, 18.55 од Д.Чапевски
2017-07-10-11-06-23  Денес (Сабота 08.07.2017 година) започнавме со асфалтирање на локален пат во село Драмче. Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата...
Објавено на 07 Јули 2017, 11.20 од Д.Чапевски
2017-07-10-10-29-56 Како што најавивме пред неколку дена, еве денес (07.07.2017год.) се дојде и до финалната фаза од реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница. Во тек се градежни активности за поставување на нов...
Објавено на 05 Јули 2017, 08.32 од Д.Чапевски
-022017-23062017-            Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за...
Објавено на 04 Јули 2017, 14.39 од Д.Чапевски
2017-07-06-09-43-03 Поради изразито лошата состојба на ул. Кеј на Брегалница, на барање на жителите кои гравитираат во овој дел од градот се започна со реконструкција на оваа улица. Изминатите неколку денови се работеше на...
Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес506
mod_vvisit_counterВчера1150
mod_vvisit_counterОваа недела3890
mod_vvisit_counterПретходна недела5448
mod_vvisit_counterОвој месец16255
mod_vvisit_counterПретходен месец25368
mod_vvisit_counterВкупно1668529

Присутни online: 24
Ваша IP: 54.81.59.211
,
Денес: Сеп 22, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.