Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелно - Актуелности

Webp.net-resizeimage

„Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и младоженецот, белаците, бабите, мечките, го бркаа лошото од Пијанец, благословувајќи ги домаќините со сурова-млада и здрава нова година и прославувајќи ја Старата нова година. Зачувувајќи ја автентичната традиција на весела свадбена поворка збогатена со многу нови ликови, седумдесетинамаскигодинава дефилираа низ селото не одминувајќи ниту една куќа во него.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

viva strings

Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со почеток од 19 часот.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0006_resize

DSC 0008_resize DSC 0010_resize

Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско одржување, се исчистени од снежните наноси кои на места изнесуваат над 30 см, а соодветно, критичните места се посолуваат и со сол и со ризла.

 Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево информира дека се пристапува и кон чистење на локалните патишта во Драмче, а се чистат и улиците низ градот согласно со Планот за зимско одржување на патиштата и улиците на подрачјето на Општина Делчево.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0028_resize

Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини организации.

Функционирањето на Локалниот совет за превенција треба да дефинира заеднички препораки за подобрување на безбедноста на подрачјето на општина Делчево, како и градење доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Со Локалниот совет за превенција заседава градоначалникот на Општина Делчево, а негови помошници се јавниот обвинител и командирот на ПСОН Делчево.

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните го истакна значењето од функционирањето на ова координативно тело.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

 

DSC 0025_resize

Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци кои аплицираа во двете категории согласно со јавно објавениот Конкурс и 9 студенти кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од Буџетот на Општина Делчево за период од 9 месеци.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој им ги врачи решенијата, истакна дека интенција на Општината е да се стимулираат младите за поголеми успеси во образованието.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

legalizacija divogradbi1

Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018 г. во Општина Делчево се поднесени вкупно 3769 барања. Од нив во овие изминати 7 години, позитивно се решени 1087 барања. Останатите се во постапка, меѓу кои еден дел се одбиени поради недоставени елаборати согласно со Законот, а друг дел поради неисполнување на условите од Правилникот за постапување со бесправно изградени објекти.

До Архивата на Општина Делчево само во 2018 година се поднесени 492 барања од нив се позитивно решени 8, а останатите се во фаза на решавање.

Инаку, со можностите кои ги даде овој Закон се решаваа долгогодишни проблеми на граѓаните поврзани со сопственоста, со легалитетот на објектот, импотноправните процеси, приклучоци за добивање електрична енергија и др. комунални бенефиции. 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.168/2017) и член 22 од Закон за работните односи-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.167/2015) а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места бр.08-563/1 31.03.2016 година,Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Делчево бр.08-389/2 од 01.03.2018 година и Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација бр.08-2110/1 од 06.12.2018 година, Градоначалникот на Општина Делчево објавува:

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

 

   Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот ден 31.12.2018, понеделник, до 15,30 часот во архивата од Општина Делчево или по пошта заклучно со денешниот датум. Законскиот рок за поднесување Барање за легализација на бесправно изградени објекти истекува денеска, 31.12. 2018 г.

 

Актуелно - Актуелности

gradonachalnik

Почитувани сограѓани,

Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме нашата Општина, подобро место за живеење. Но, ја испраќаме старата со надеж и со желби за поубава нова година.  За минатата година, велат, зборовите припаѓаат на минатогодишниот јазик. А  во наредната, зборовите очекуваат друг глас – новите предизвици се пред нас,  а во Новата влегуваме со нова енергија во остварување на нашите планови и програми- целта останува иста, подобар квалитет на животот на моите сограѓани.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Традиционално оваа новогодишна акција има за цел да се обрне внимание на секое дете и секое дете да ја почувствува новогодишната приказна.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0040_resize

 Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ, а изминатиот период со заедничка соработка и инвестиции него го подготвуваа Општина Делчево, ЈЛБ „Илинден и НВО„Бравура кооператива“.

На отворањето присуствуваа претставници од бизнис-заедницата во Делчево, институции и граѓанскиот сектор, а градоначалникот Горан Трајковски, истакна дека овој центар треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики.

-Ми претставува посебно задоволство што денеска можеме да го ставиме во функција мултифункционалниот и мултикултурниот центар во Делчево кој претходниот период го подготвувавме заедно со НВО „Бравура кооператива“ и Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, рече Трајковски.

Тој додаде дека со оваа сала, конечно и Советот на Општина Делчево ќе може да ги одржува седниците во соодветни услови.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0015_resize

Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни лица, децата и воспитувачките од делчевската детска градинка ја реализираа завршната годишна приредба која во оваа градинка е традиционална и редовно привлекува големо внимание кај сите граѓани.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет изнесува 110.983.000 денари.

Во образложението на Буџетот, градоначалникот Горан Трајковски пред советниците истакна дека Општина Делчево се наоѓа во фаза во која се неопходни инвестиции во инфраструктурата како услов за раст и развој на општината.

-Буџетот на Општина Делчево е развоен буџет во кој најголем дел од проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти. Капиталните расходи се проектирани на ниво од 46 451 412 денари во вкупниот буџет,односно 41 251 000 денари во основниот буџет и во најголем дел се однесуваат на изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа и во урбаниот но и во руралниот дел на општината,потоа на изготвување на проекти за улици и патишта,надомест за одземен имот,односно попознато како експропријација на земјиште,планирани се средства за изградба на капела,како и  средства за изградба на новиот зелен пазар, истакна Трајковски.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize DSC 0006_resize

Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа активност е дел од одбележувањето на новогодишните празнувања во Делчево што традиционално започнува со најмладите, бидејќи на новогодишните празнувања и на Дедо Мраз кој е симбол на детството и исполнување на детските желби, најмногу се радуваат дечињата.

Повеќе...

Актуелно - Актуелности

Структура-на-буџет 1

Структура на_расходи_во_основниотт_буџет_на_општината_2,

Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет,буџет на дотации, буџет на донации, буџет на самофинансирачки активности и буџет на заеми и кредити. Буџетот на општина Делчево се состои од општ, посебен и развоен дел. Општиот дел, содржи биланс на приходи и расходи, функционална класификација на расходи, биланс на тековно оперативни приходи и расходи и биланс на капитални приходи и расходи.

Повеќе...

Последни актуелни информации

Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.07 од Д.Чапевски
-2019- , Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет,буџет на дотации,...
Објавено на 25 Декември 2018, 11.51 од Д.Чапевски
2018-12-25-10-55-40 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 24 Декември 2018, 12.31 од Д.Чапевски
2018-12-24-11-33-37 Комисијата за доделување студентски стипендии ја утврди листата на студенти кои за учебната 2018/2019 ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на Општина Делчево. На јавниот Конкурс се пријавиле 14...
Објавено на 24 Декември 2018, 09.46 од Д.Чапевски
2018-12-24-08-50-52 Во преполната киносала во Делчево се одржа целовечерен концерт на староградска музика и серенади во изведба на Градскиот хор од Штип. Концертот го организираше Општина Делчево во соработка со НУЦК...
Објавено на 24 Декември 2018, 09.22 од Д.Чапевски
2018-12-24-08-30-30 Урбаната опрема во Делчево е постојано цел на несовесни граѓани, а последниот чин на фрлање клупа од паркот во заледеното езерце е врв на несовесно однесување на поединци. Од тие причини, Општина...
Објавено на 21 Декември 2018, 15.25 од Д.Чапевски
2018-12-21-14-28-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата од 12  ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од 2, 3 и 4 година кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2018/2019 година. На јавно...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес115
mod_vvisit_counterВчера2205
mod_vvisit_counterОваа недела4444
mod_vvisit_counterПретходна недела15052
mod_vvisit_counterОвој месец30543
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2387637

Присутни online: 37
Ваша IP: 34.203.213.116
,
Денес: Јан 16, 2019