Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 6650_resize

На 14.01.2013 година со почеток во 10 часот во салата во ООУ „Св.Климент Охридски“ се одржа работна средба за аплицирање по третиот повик во рамки на ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија. На средбата имаше претставници од општинските администрации на општините Делчево и Благоевград, основни и средни училишта од двете општини, како и детската градинка од општина Делчево.

IMG 6649_resize IMG 6655_resize

Средбата ја отворија Секретарот на општина Делчево и заменик градоначалникот за инвестиции на општина Благоевград г-дин Стојан Благоев. На средбата присутните ги претставија своите проектни идеи за аплицирање во рамки на Програмата за прекугранична соработка (ППС) меѓу двете земји, беа воспоставени нови партнерства и договорени следни активности и чекори за успешна подготовка на апликациите. Во рамки на средбата секоја проектна идеја поединечно беше разработувана од страна на вклучените партнери во истиот.

IMG 6656_resize

Во рамки на ППС се финансираат проекти од следните области: економски развој, искористување на еко и културни ресурси и социјална кохезија, со цел одржлив развој во прекуграничниот регион и поддршка на напорите за европска соработка и интеграција.

Средбата заврши со заеднички ручек во рамки на прославата-курбан на ООУ „Св.Климент Охридски“ по повод големиот празник Василица. 

Share/Save/Bookmark