Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0193_resize

Општина Делчево од декември 2012 година започна со процесот на ревизија на Стратешкиот план за локален економски развој на Делчево (2007-2012).

Изработката и ревизијата на овој стратешки документ е законска обврска на општината и при неговата изработка/ревизија се применуваат принципите на партнерство и партиципација, што подразбира активно вклучување на сите заинтересирани и надлежни институции на локално ниво во целиот процес.

 IMG 0194_resize IMG 0195_resize

Во изминатиот период е спроведено истражување на деловното окружување (Business Attitude Survey-BAS) во општината на репрезентативен примерок од 30 фирми од различни дејности и со различна големина, како и собирање на податоци за изработка на Профилот на општина Делчево.

IMG 0196_resize IMG 0197_resize

Резултатите од истражувањето на деловното окружување (BAS) беа презентирани на првата планирачка работилница која се одржа во петокот во салата за обуки во Центарот за вработување, Делчево, пред претставници на релевантни јавни институции од општината, како и претставници на бизнис и граѓанскиот сектор.
На првата планирачка работилница беше изработена SWOT анализа (анализа на предности, слабости, можности и ограничувања) за општина Делчево, беа разгледани резултатите од BAS – истражување на деловното окружување во општина Делчево и беше дефинирана визијата, мисијата и мото вредностите на општина Делчево.

IMG 0198_resize


Share/Save/Bookmark