Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 9041_resize

Во петок 15.02.2013 година се одржа втората планирачка работилница во рамки на процесот на ревизија на Стратешкиот план за локален економски развој. На работилницата на покана на Градоначалникот Малешевски, учество зедоа претставници од Бизнис секторот на општина Делчево, граѓански организации кои активно работат на различни полиња во општината, претставници од локалната администрација, како и претставници од локални институции од Делчево.

IMG 9040_resize

Во рамки на работилницата беа презентирани резултатите од првата планирачка работилница цел, мисија и визија на општина Делчево за наредните 4 години, по што беа дефинирани специфичните цели и програми и проекти со нивна временска рамка за реализација.

Работните материјали кои произлегоа од работилницата ке бидат дополнително обработени од страна на консултантот ангажиран во рамки на процесот, по што ке бидат ставени на јавен увид, отворени за предлози, сугестии и забелешки од страна на сите граѓани во општината, се до конечно дефинирање на Стратешкиот план за ЛЕР за наредните 4 години.

Share/Save/Bookmark