Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0564_resize

Во присуство на голем број на граѓани на Делчево, денес 14.03.2013 година свечено беше пуштена во употреба новата спортска сала при ООУ Св.Климент Охридски. На свеченоста учество зедоа Министерот за образование и наука Панче Кралев, Заменик-Премиерот за економски прашања при Владата на РМ Владимир Пешевски, Пратениците во собранието на РМ, Владимир Ѓорчев, Тони Трајановски и Марија Рашковска, како и Претседателот на Советот на општина Делчево Николче Трајановски.

IMG 0600_resize

Изградбата на оваа спортска сала започна во 2011 година кога беше поставен камен темелникот на истата и претставува втора по ред изградена спортска сала во изминатите 4 години, во Делчево. Оваа спортска сала како и онаа при СОУ ММ Брицо е дел од Проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 нови спортски сала на територијата на нашата држава.  

IMG 0612_resize

Овој капитален проект е уште еден доказ за посветеноста на Премиерот на Република Македонија во насока за интензивен развој на образовниот процес, преку инвестиции во изградба на нови објекти кои одат во прилог на подобрување на стандардот на едукација. И не само тоа, туку градење на здрави и истрајни млади генерации преку физичка активност и челичење на спортскиот и компетитивен дух, настрана од современите пороци кои во минатото поради недостиг на вакви спортски храмови беа многу често прибежиште за младите.

IMG 0621_resize IMG 0629_resize

Со изградбата на овие две спортски сали во Делчево значително е изменет трендот на чекорење по погрешни патеки на развој на младите, со оглед на фактот што во овие спортски објекти покрај за потребите на образовниот процес на училиштата, се случуваат трендови за користење на истите од страна на повеќе спортски клубови и групи на граѓани.

Инвестицијата во овие спортски објекти е повеќе од оправдана и секако овој тренд на развој на спортот и образованието ке биде една од главните преокупации на општинската администрација на општина Делчево, во корелација со националните и меѓународните фондови, се со цел за изградба и развој на едно поубаво Делчево, од интерес на сите граѓани.

IMG 0634_resize

IMG 0642_resize

IMG 0691_resize

IMG 0712_resize

IMG 0726_resize

IMG 0741_resize

IMG 0773_resize

IMG 0798_resize

IMG 0829_resize

IMG 0842_resize

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share/Save/Bookmark