Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0268_resize

Во вторник 16.04.2013 година со почеток во 13.00 часот на пригодна свеченост во Спомен домот АСНОМ во Делчево од страна на Претседателот на Општинската изборна комисија, Драгана Гошевска на новоизбраниот Градоначалник на општина Делчево  Дарко Шехтански му беше доделено Уверението за градоначалник на општина Делчево.

IMG 0267_resize IMG 0271_resize

Со тоа г-дин Дарко Шехтански од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија официјално стапува на функција Градоначалник на општина Делчево за наредните 4 години, по одржаните Локални избори 2013 година.

IMG 0272_resize

Во краткото обраќање пред присутните, новоизбраниот Градоначалник на општина Делчево, ја истакна својата основна заложба за реализација на проектите предвидени во неговата Програма која ја доби убедливо големата подршка на мнозинството на граѓаните на општина Делчево во рамки на изминатите избори. Притоа новиот Градоначалник најави започнување на интензивна реализација во најкус можен рок на планираните активности од предвидениот акционен план за работа.

На свеченоста присуствуваа досегашниот Градоначалник на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски, припадници на Бизнис секторот од Делчево, вработени во ЕЛС Делчево и други граѓани кои му изразија честитки за новата функција и успех во работата во наредниот мандат на Градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански.

Share/Save/Bookmark