Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002),  Претседателот на Советот на Општина Делчево од претходниот состав, на ден 17.04.2013 година, донесe

РЕШЕНИЕ

за свикување на Првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Делчево

Ја свикувам Првата (конститутивна) седница на новозибраниот Совет на Општина Делчево за ден 22.04.2013  година (понеделник).

Седницата ќе се одржи во свечената сала „АСНОМ“, со почеток во 13.00 часот.

За работа на Првата (конститутивна) седница го предлагам следниот

Дневен ред

  1. 1.Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања,избори и именувања;
  2. 2.Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Делчево;
  3. 3.Предлог-Решение за избор на претседател на Советот на Општина Делчево;

        Прилози:

        -Закон за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002);

        -Статут на Општина Делчево;

        -Деловник на Општина Делчево.

        -Изјава

        Напомена: Секој член на Советот, на седницата треба да го достави и Уверението за избор на член во Советот на општина Делчево.

 

17.04. 2013 год, Д е л ч е в о

Совет на Општина Делчево

Претседател,

Николче Трајановски

Share/Save/Bookmark