Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 3342_resize 

Во вторник 07.05.2013 година со почеток во 13.00 часот се одржа втората седница на Советот на Општина Делчево. По изгласувањето на Дневниот ред и усвојувањето на Записникот од претходната прва седница на Советот, започна обемна дискусија по однос на точките предвидени за оваа седница.

По однос на првата точка од Дневниот ред и разгледувањето на Предлог-Решението за формирање на Комисија за статут и прописи на Советот на Општина Делчево се разви плодна дискусија во која советниците од редовите на СДСМ побараа измена на процентуалната застапеност на членовите на оваа комисија во однос на нивната политичка припадност, согласно освоениот вкупен број на советнички места на изминатите Локални избори 2013 година. Истото барање советниците го имаа и по однос на останатите точки со кои се предвидува конституирање на останатите комисии при Советот на општината. Од досега изберените комисии според бројот на застапеност на советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се вкупно 18 (осумнаесет) а од Сојузот за иднината се 12 (дванаесет). Преостанува утврдување на членовите на Комисијата за финансии, буџет и ЛЕР.

Имињата на членовите на соодветните комисии се достапни на сл. интернет врска тука.

IMG 3343_resize IMG 3344_resize

По однос на точките 6,7,8 и 9 од Дневниот ред за оваа седница, образлагачот Сашко Ивановски ги образложи основните карактеристики во однос на постапката за извршување на предложените Програми за екскурзии на групи на ученици од ООУ Ванчо Прке од Делчево, а потоа одговараше по основ на поставени прашања и дополнителни забелешки во врска со точките. Од страна на еден од советниците на Сојузот на иднината беше предложено во рамки на екскурзиите да биде застапен и по еден од советниците на опозицијата или пак евентуално друго лице по предлог на опозицијата. Од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ оваа иницијатива беше отфрлена со образложение дека не треба да се меша политиката во овој дел од наставно научниот процес на учениците, по што предложените програми беа усвоени од страна на Советот.

IMG 3345_resize IMG 3357_resize

IMG 3348_resize

Во точката бр. 11 беа разрешени, а во точката бр. 12  беа именувани досегашните членови на Одборот за доделување на општински награди и признанија што работеа во рамки на претходниот состав на Советот на Општина Делчево.

Со одлука на Советот на општина Делчево дефинирана во рамки на 13-тата точка од Дневниот ред, продолжи проектот за доделување на 3.000,00 мкд за секое новородено бебе чија што мајка е со место на живеење во Делчево. По однос на расправата за оваа точка од дневниот ред советниците од Сојузот на иднината предложија износот на сретства да биде зголемен на 6.000,00 мкд, но советниците од ВМРО ДПМНЕ, интервенираа по однос на овој предлог дека иницијативата е позитивна но бидејки во рамки на Буџетот за работа на општина Делчево за 2013 година не се програмирани толкав износ на сретства и исплатата на истите ке биде ставена под прашање. Овој предлог беше отфрлен и за таа цел ке мора да почека некој иден ребаланс или пак да биде предвиден во буџетот за 2014 година.

IMG 3358_resize

Во точките бр. 14, 15 и 16 од Дневниот ред за оваа седница се донесеа Одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти за приватни субјекти на територијата на општина Делчево согласно Законот за легализација на ваков тип на објекти.

Со точката бр. 17 се донесе Одлука за определување на тарифа на авто-такси превозот на подрачјето на Општина Делчево, со што определи нова повисока цена за старт на извршување на такси превозот и заштитната цена до 1 км поминат при возење. Измените на оваа одлука беа неопходни да се направат согласно претходно направените разговори и заклучоци од состаноците со лиценцираните авто-такси превозници, и нивните забелешки по однос за застареноста на одлуката која беше на сила уште од 2005 година, а согласно флуктуирачката зголемена цена на нафтата и нафтените деривати. Во рамки на дискусијата од страна на сите советници беше истакната потребата за зголемена контрола врз такси компаниите за користењето на таксиметар и елиминацијата на дивите авто превозници на подрачјето на општината.

На крај на седницата од страна на советниците од опозицијата беа поставени неколку советнички прашања.

Сите донесени одлуки од оваа седница стапуваат на сила со објавување во Службен гласник на општина Делчево.

IMG 3360_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Август 2018, 14.44 од В.Мицевски
2018-08-14-13-51-31 Седница, советникот Николчо Ситновски од ВМРО НП, кој беше советник од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, истакна дека од денеска во Советот ќе настапува како независен советник од ВМРО-НП. Во...
Објавено на 09 Август 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-08-09-07-47-32 Синоќа под ѕвезденото небо на Голак, покрај манастирот „Св. Пантелејмон“ илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија и Борнова Турција...
Објавено на 08 Август 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-08-08-13-07-43  Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Делчево беше организиран прием за делегациите од збратимените градови Борнова , Турција и Рача, Србија. Општината Борнова во Турција веќе долги...
Објавено на 08 Август 2018, 13.17 од Д.Чапевски
2018-08-08-12-18-18 Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, оствари работна средба со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски. На средбата се разговараше...
Објавено на 08 Август 2018, 13.08 од Д.Чапевски
----24---- Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“се подготвени за ново издание на Меѓународниот фолклорен фестивал кој ќе се одржи вечерва под ѕвезденото небо на Голак, покрај манастирот...
Објавено на 08 Август 2018, 08.54 од Д.Чапевски
2018-08-08-11-59-11 Пред неколкуилјадна публика од Делчево, но и од соседните општини, познатиот музичар и шоумен Игор Џамбазов заедно со бендот на Гуру Харе, приредија концерт за паметење во Делчево. Предгрупата „Шекспир“...
Објавено на 07 Август 2018, 22.00 од Д.Чапевски
2018-08-08-06-17-45  Над 120 учесници се дел од првиот Бизнис-форум што го организира Општина Делчево. Под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ во ресторанот „Либеро“ на Бизнис-форумот вечерва учествуваат...
Објавено на 07 Август 2018, 12.22 од Д.Чапевски
2018-08-07-11-30-43 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 06 Август 2018, 11.14 од Д.Чапевски
2018-08-06-10-38-14 Општина Делчево очекува над 120 учесници на првиот Бизнис-форум кој се организира под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“. Подготовките се при крај, а учеството на Бизнис-форумот потврдија...
Објавено на 06 Август 2018, 08.00 од Д.Чапевски
2018-08-06-07-03-11 Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски беше во официјална посета на Општина Горажде од БИХ во рамките на Меѓународниот фестивал „Пријателство“ што по 21 пат се...
Објавено на 03 Август 2018, 14.47 од Д.Чапевски
2018-08-03-13-50-03 Советот на млади на Општина Делчево организира ноќен турнир во баскет. Турнирот ќе се одржи на 14. 15 и 16 август,  а Советот на млади ги повикува сите заинтересирани екипи да се пријават најдоцна...
Објавено на 02 Август 2018, 09.48 од Д.Чапевски
2018-08-02-08-55-17  Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, Илинденското востание 1903 и АСНОМ 1944 година. Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата кои го чуваат...
Објавено на 01 Август 2018, 07.32 од Д.Чапевски
2018-08-01-06-40-52 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево Оперативниот план за активни програми и мерки за...
Објавено на 31 Јули 2018, 13.39 од Д.Чапевски
2018-07-31-12-41-02 Општина Делчево бесплатно ќе доделува локации за вршење угостителска дејност во градскиот парк  на настанот  кој се организира во пресрет на Голачките фолклорни средби. На летната сцена во...
Објавено на 31 Јули 2018, 13.36 од Д.Чапевски
2018-07-31-12-38-31 Во конуренција од 19 фолклорни друштва од Русија, Грција, Бугарија , Романија , делчевските играорци  од КУД „Гоце Делчев“ освоија три први награди на меѓународниот фестивал „Фолклорни празници на...
Објавено на 30 Јули 2018, 13.29 од Д.Чапевски
2018-07-30-12-33-51 Со цел координирани активности и добра организација на традиционалните „Голачки фолклорни средби“ кои по 24 пат ќе се одржуваат на планината Голак на 08.08.2018 (среда), на иницијатива на Општина...
Објавено на 26 Јули 2018, 14.36 од Д.Чапевски
2018-07-26-13-40-28    По повод традиционалните меѓународни „Голачки фолклорни средби“ кои  се одржуваат на 8 август 2018 година, Општина Делчево ги известува заинтересираните граѓани дека ќе се доделуваат...
Објавено на 25 Јули 2018, 13.33 од Д.Чапевски
2018-07-25-12-35-39  Одигран пријателскиот фудбалски турнир во Банско, Р.Бугарија на кој силите ги измерија пет екипи од Делчево и пет од соседна Бугарија. Четириесет млади фудбалери од Делчево на возраст од 12...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес672
mod_vvisit_counterВчера1307
mod_vvisit_counterОваа недела1979
mod_vvisit_counterПретходна недела9753
mod_vvisit_counterОвој месец18298
mod_vvisit_counterПретходен месец48590
mod_vvisit_counterВкупно2083419

Присутни online: 19
Ваша IP: 54.198.195.11
,
Денес: Авг 14, 2018