Вторник, 29 Октомври 2013 14:40
Општина Делчево е во тек од спроведувањето на Програмата „Општинско корисна работа 2013„ проект „Грижа за стари лица„ која програма се спроведува со финансиска подршка на УНДП а со помош на Центарот за социјална работа Делчево и Центарот за вработување.
Во првата фаза од спроведувањето на програмата беше потпишан Договор за соработка помеѓу Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански и постојаниот претставник на канцеларијата на УНДП во Скопје Алесандро Фракасети. Понатаму следеше објавување на Јавен оглас за вклучување на евидентираните невработени лица во програмата Општинско корисна работа.
На Јавниот оглас кој беше објавен на 21.10.2013 и траеше до 28.10.2013 година и тоа на локалните медиуми, огласните табли на Општина Делчево, АВРМ, Центарот за социјални работи и интернет страната на Општина Делчево, се пријавија вкупно 19 лица од кои 16 се активни баратели на работа кој е прв услов едно невработено лице да биде вклучен во оваа Програма. Други услови кои треба да ги исполнуваат активните баратели на работа се истите да припаѓаат на категоријата: самохрани родители, корисници на социјална помош и роми. Од 16 активни баратели на работа вкупно 9 лица спаѓаат во категориите кои се бараат во Јавниот оглас. Одговорна за селекција на кандидатите е Комисијата за следење на проектот која е должна да ги провери податоците наведени во пријавите на невработените лица и да достави ранг лица до Градоначалникот на Општина Делчево, на невработени лица кои ги исполнуваат условите по огласот. Следи спроведување на интервју со невработените лица кои ги исполнуваат условите од огласот.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.