Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2946_resize

Во недела 03.11.2013 и понеделник 04.11.2013 година во Делчево се снимаше емисијата "Талкачи" во продукција на националниот државен сервис Македонска телевизија. 

Во ангажираната дневна агенда се снимаше на вкупно 6 локации во Делчево во атарот на с.Киселица, с.Град, с.Ѕвегор, с.Нов Истевник како и на планината Голак.

IMG 2985_resize

Снимањето на оваа емисија беше поттикнато од Илија и Кате кои воедно се авторите на "Талкачи"-емисија која што веќе трета сезона по ред се емитува на МТВ сега во термин секоја недела во 18.50 часот.

Оваа емисија заедно со веќе претходно снимените две емисии (За локалитетот "Кукуље" во с.Тработивиште и "Пијанечко-Малешевската свадба 2013"), претставуваат пригоден и репрезентативен видео материјал за промовирање на Општина Делчево во нејзините помалку познати сегменти, кои што заслужуваат да бидат афирмирани.

IMG 2988_resize

Притоа со екипата на "Талкачи" веќе е договорено снимањето на уште една емисија посветена на манифестацијата "Ѕвегорска сурва 2014" која што секоја година од памтивек традиционално се одржува во с.Ѕвегор.

Снимањето и емитувањето на оваа емисија на националната телевизија е од големо значење за промовирање на досега неафирмираните локалитети во целата држава, како и нивно развивање и ставање во функција на туристичката понуда на општините и регионите во кои се наоѓаат. Од овој аспект потребни се уште поголеми напори во овој правец на развивање на модерни и поприфатливи концепти за промоција на мноштвото на вакви природни, археолошки, културни и секаков друг вид на знаменитости на Република Македонија.

Општина Делчево и Градоначалникот Шехтански, упатува јавна благодарност на сите жители од општината кои со своето лично кажување и посветеност, допринесоа за снимањето на овие емисии.

IMG 3003_resize

Истовремено Градоначалникот упатува јавен апел за сите граѓани кои што имаат познавања за одредени интересни локалитети, случки, настани и подзаборавени факти од општината и од историјата на Делчево да остварат контакт со лицата во општинската администрација, за документирање на ваквите информации, и нивно понатамошно разработување и ставање во функција и насока во развојните планови на општината.

Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански логистички го подржа снимањето на оваа емисија со обезбедување на транспорт, лице-соработник од ЕЛС Делчево како и други тековни трошоци за потребите на снимањето.

Share/Save/Bookmark