Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

dogovor gradinka

Во вторник 05.11.2013 година во кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански се потпиша Договор за доградба на детската градинка "Весели Цветови" во Делчево.

Од страна на Градоначалникот договорот е потпишан со приватната компанија која беше најповолен понудувач во рамки на отворената постапка за спроведување на јавната набавка во изминатиот период.

Вредноста на договорот изнесува 2.678.600,00 денари со вклучен ДДВ, средства кои ќе бидат обезбедени од Буџетот на општина Делчево.

dogovor gradinka1

Со договорот е предвидено доградба на околу 450м2, нови простории, односно 4 занимални со санитарни јазли и простор за комуникација до ниво на карабина. Градежните работи од страна на изведувачот треба да бидат завршени во рок од 8 месеци од денот на потпишувањето на овој договор.

Реализацијата на овој проект се одвива како дел од Програмата за работа на Градоначалникот Шехтански за 2013-2014 година.

dogovor

Посетата на Делчево, претставниците на изведувачот на градежните работи на лице место се запознаа со постоечката ситуација и првичните теренски услови за почеток на градбата.

Share/Save/Bookmark