Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Од страна на UNDP во Македонија вчера (06.11.2013 година) е објавен јавен тендер за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во Детската градинка "Весели цветови". Овој тендер се објавува во рамки на реализацијата на проектот кој што по апликација на Општина Делчево ке се спроведува за подобрување на енергетската ефикасност на постојните просторни капацитети на оваа предшколска установа во Делчево.

Јавниот тендер е објавен во дневните весници "Дневник" и "Коха" како и на веб страната на UNDP на сл. интернет врска тука.

Се повикуваат сите заинтересирани компании за изведување на градежните работи предвидени во тендерската документација кои сакаат да конкурираат во рамки на овој јавен тендер да ги поднесат неопходните документи пропишани во самата тендерска документација на поштенската адреса на UNDP најдоцна до 19.11.2013 година (рок предвиден во тендерската документација).

Проектот за подобрување на енергетската ефикасност на детската градинка се реализира паралелно со проектот за доградба на 4 нови училни кој што општина Делчево и Градоначалникот го реализираат тековно за што претходно информиравме на нашиот веб портал.

Share/Save/Bookmark