Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Се известуваат членовите на Советот на Општина Делчево и јавноста дека 8-мата седница на Советот на Општина Делчево која беше закажана за 15.11.2013 година, со почеток во 14.00 часот се одлага за 22.11.2013 година, со почеток во 14.00 часот.

Осмата седница се одлага заради итни и неодложни обврски на претседателот на Советот на Општина Делчево.

За евентуални нови измени во врска со одржувањето на Осмата редовна седница, благовремено ќе бидете известени.

Во продолжение го објавуваме дневниот ред за 8-мата седница на Советот на Општина Делчево.

Дневен ред

-Усвојување на Записникот од Седмата седница на Советот на Општина Делчево 

1.Предлог-Одлука за донесување на План за програми за развој;

Образлагач: Градоначалникот на Општина Делчево

2.Предлог-Одлука за  доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“, Делчево;

3.Предлог-Одлука за доделување на студентски стипендии за студенти кои студираат на универзитетите во Република Македонија;

4.Предлог-Одлука за парична помош на Сашко Михаиловски од Делчево;

5.Предлог-Одлука за формирање на Локален Совет за превенција;

6.Нацрт-Статут на Општина Делчево;

Образлагач: По точките 1,2,3, 4 и 5 Сузана Петровска-раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

7.Квартален извештај за извршувањето на буџетот на Општина Делчево за 2013 година за периодот од 01.01.2013 до 30.09.2013 година со  Предлог-Заклучок за усвојување;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.

8.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Добрина Тодоровска;

9.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Душко Ангеловски-помошен објект;

10.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Душко Ангеловски намена Г3;

11.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Трајан Китановски;

12.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Стојне Стојанов;

13.Предлог-Одлука за одобрување на приоритетни проекти за апликација по Проектот за реконструкција и рехабилитација на локална патна мрежа преку фондовите на Светска Банка;

14.Предлог-Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема во општина Делчево.

Образлагач: Стојмир Мицевски-самостоен референт за сообраќај и патишта.

15.Предлог-Решение за именување на членови на УО на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево од редот на Советот на родители и Стручниот совет;

Образлагач: Тони Ивановски-Директор на ОЈУДГ „ Весели Цветови“-Делчево.

16.Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на УО  на ООУ „Ванчо Прке“ бр.02-364/1 од 01.11.2013;

Образлагач:Сашко Ивановски-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

Прашања и предлози на членови на Совет;

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Со почит,

Share/Save/Bookmark