Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Pokana so_programa1_resize

Во четврток 21.11.2013 година на празникот Св.Архангел Михаил  ке се одржи традиционалниот голем народен собир кај црквата посветена на овој светец во с.Драмче. 

Од памтивек жителите на ова пијанечко село, како и многу други посетители и гости се собираат на ова култно место за да се помолат на светиот Архангел Михаил и Господ Бог, во спомен на нивните претци, како и за нивно лично здравје и за здравје на нивните најближни. Импозантноста на настанот се состои од огромната бројка на присутни, како и културниот настан кој се приредува од страна на членовите на Фолклорната група "Копачка" кои што потекнуваат од ова село. Овогодинешниот настан исто така е значаен поради фактот што оваа година ФГ Копачка од с.Драмче прославува јубилеј од 65 годишно постоење на замата фолклорна група која од самиот почеток на нејзино постоење била автентичен пример за изворниот фолклор од ова место, но и достоен и доследен амбасадор на македонската култура, како на национално ниво, така и во меѓународни рамки.

Богатиот 65 годишен јубилеј се прославува во пресрет на прогласувањето на Соборското оро Копачка од село Драмче, Општина Делчево, Р.Македонија, како нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО, што се очекува да биде направено во блиска иднина.

На самата традиционална манифестација која е од меѓународен карактер ке настапат повеќе ансамбли, фолклорни групи и друштва што на свој начин ке придонесат кон збогатување на и така спектакуларната атмосфера.

Самиот собор е во организација на жителите на с.Драмче и црковниот одбор при оваа црква и претставува доживување само за себе, за кое што присутните раскажуваат цела година до доаѓањето на следниот собор, кој ја подобрува сликата од претходниот.

Културно-уметничката програма е во организација на ЗФГ "Копачка" од село Драмче, во соработка со Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански, кој во рамки на сопствените програмски определби за негување и развој на живото културно наследство, обезбедува соодветна подршка на целиот настан.

Општина Делчево ги поканува сите граѓани од Пијанец и ширум државата, како и сите заинтересирани посетители од странство да присуствуваат на овој скромен но истовремено и грандиозен селски собор кој се издвојува со својата убавина како бисер на традиционалните селски собори од овој дел од Балканот.

Во продолжение ја објавуваме програмата за самиот настан

Pokana so_programa2_resize

Share/Save/Bookmark