Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ,,бр.5/02) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и акти како и планови и програми од областа на животната средина (,,Сл.весник на РМ,, бр147/08), Градоначалникот на општина Делчево го издава следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За организирање на Јавна расправа по Нацрт - Извештајот за стратегиска отцена на влијанието врз животната средина по ДУПД за Технолошко индустриска развојна зона Делчево, КО Делчево Општина  Делчево

Се известуваат граѓаните и правните лица на општина Делчево дека Градоначалникот на општина Делчево донесе Одлука за организирање на јавна расправа по Нацрт - Извештајот за стратегиска отцена на влијанието врз животната средина по ДУПД за Технолошко индустриска развојна зона Делчево, КО Делчево Општина Делчево.

Површината на планскиот опфат изнесува 20,72ха.

Јавна расправа по Нацрт - Извештајот за стратегиска отцена на влијанието врз животната средина по ДУПД за Технолошко индустриска развојна зона Делчево, КО Делчево Општина Делчево ќе биде ставен на увид на веб страната на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk во период од 30 дена од денот на објавувањето  на Известувањето за организирање на јавна расправа на интернет порталот на Општина Делчево, а може да се направи увид и во просториите на општина Делчево, на ул,,Светозар Марковиќ,, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот.

Јавната расправа со стручно презентирање по Извештајот за стратегиска отцена  на животна средина ќе се одржи на 22.11.2013 год.во просториите на Општина Делчево, со почеток во 11.00 часот.

Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани и правни лица дека во период од 10.11.2013 до 22.11.2013 година можат да достават забелешки, предлози и мислења за споменатиот документ по електронски пат на маил адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , по пошта или преку архива на Општина Делчево.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник:

Дарко Шехтански

Share/Save/Bookmark