Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

Ги известуваме граѓаните на Општина Делчево дека од вчера 14.11.2013 година започнаа градежните активности за Продолжување на изградба на колектор за отпадни води за град Делчево од десна страна на р.Брегалница на потег Делчево-Сервисна зона-Долни Бавчи –ФАЗА 1.

Овој проект се реализира од страна на Општина Делчево во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион од Штип. Сретствата во износ од 981 илјади денари се обезбедени од страна на Министерството за Локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, додека остатокот од сретствата во износ од над 300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Во рамки на техничката спецификација на проектот станува збор за поголем обем на земјани работи-ископ од околу 800 м3 , поставување на полиетиленски коругирани канализациони цевки со дијаметар ф1000 mm во должина од 178 метри и изградба на канализациони шахти на целата делница.

Изградбата на овој дел од колекторот на река Брегалница се реализира како дел од Програмата за работа на Градоначалникот Шехтански, за оваа година.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Прес центар

Share/Save/Bookmark